Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
Ален е или Алан?? Кога ќе напишам Алан ми викате Ален,кога ќе го напишам Ален ми викате Алан ..све обратно:)
Ја цело време те убедувам дека е Ален, али ти никако да смениш па баталив. Ален е, кој вика Алан те лаже :)

Инаку Ален има две асистенции сезонава, само ниедна не е во ПЛ.
 
Ја цело време те убедувам дека е Ален, али ти никако да смениш па баталив. Ален е, кој вика Алан те лаже :)

Инаку Ален има две асистенции сезонава, само ниедна не е во ПЛ.

На тренинг? хехе на кој натпревар кажи да го најдам да го видам пошто едвај чекам на тоа чудо.

Ок ,од сега е Ален и точка:)
 
Според мене Ален е квалитетен играч, али има натпревари каде стварно нема потреба од неговите квалитети. Треба да биде користен на натпревари каде ќе имаме тешкотии да ја контролираме средината т.е против тимови кои исто така сакаат да играат со голем процент на посед на топка. Мислам дека за натпревари против Виган, Рединг или слично нема никаква потреба од него бидејќи способни сме и без него да оддржиме посед на топка. Е сега против Свонси, Сити и слични екипи мора да игра бидејќи тие се тие натпревари каде највеќе треба да се користат неговите квалитети. Али мислам дека единствената причина што Роџерс го игра толку често е со цел да се вклопи со тимот, па потоа ќе биде порационално користен.

Напротив, јас мислам дека Allen ќе биде многу клучен играч за целосната игра на Liverpool. Да, последниот месец или повеќе не игра на ниво поради одредени причини (преморен, прво дете и сл.), ама на натпреварот со Sunderland можеше да се види конечно и неговата офанзивна страна која што поради повредата на Lucas неможевме да ја видиме до сега а е нешто што Rodgers го напомена кога го купивме. Во Allen има и креативност, симнете некој натпревар од Swansea лани каде Allen игра понапред и ќе видите, Allen не е играч кој само трча наоколу, сече топки и дава кратки пасеви и сл. Allen е играч кој може да го контролира темпото на играта односно брзината на нашата игра, погледнете само колки брзо се ослободува од топката штом ќе ја прими и одма со отвара како опција за да му додадат, штета што не сме сеуште доволно воиграни за да го видиме Allen во полн ефект. И да добро е што Hendo му дише во врат само така двајцата ќе напредуваат а и убавото е што Rodgers го гледа тоа.
 
Напротив, јас мислам дека Allen ќе биде многу клучен играч за целосната игра на Liverpool, да последниот месец или повеќе не игра на ниво поради одредени причини (преморен, прво дете и сл.), ама на натпреварот со Sunderlend можеше да се види конечно и неговата офанзивна страна која што поради повредата на Lucas неможевме да ја видиме до сега а е нешто што Rodgers го напомена кога го купивме. Во Allen има и креативност, симнете некој натпревар од Swansea лани каде Allen игра понапред и ќе видите, Allen не е играч кој само трча наоколу, сече топки и дава кратки пасеви и сл. Allen е играч кој може да го контролира темпото на играта односно брзината на нашата игра, погледнете само колки брзо се ослободува од топката штом ќе ја прими и одма со отвара како опција за да му додадат, штета што не сме сеуште доволно воиграни за да го видиме Allen во полн ефект. И да добро е што Hendo му дише во врат само така двајцата ќе напредуваат а и убавото е што Rodgers го гледа тоа.

Добро ,ти викаш дека Ален би играл добро офанзивно.Сега да те прашам нешто.Пошто Роџерс најавува дека на лето сака да купи квалитетна 10-ка во тимот ,а знаеме дека го имаме Џерард и Лукас како играчи незаменливи во средина + 3-ката во нападот со Суарез,Стариџ,Борини/Стерлинг е горе доле оформена па од тука прашањето ми е каде би играл точно Ален или чиво место би завземал? На Џерард?! или?
 
Ливерпул со тебе доста добри дискусии паѓаат, јас пак ќе те повикам биди поактивен овде :)
Инаку за АлЕн, јас кога првпат слушнав дека ќе го купуваме реков оти тој можи да ни биди најдобриот среден играч (т.е. дека другите можат да учат од него за стилот на игра на Роџерс) и бев во право....како што кажа ти, мн брзо размислува се ослбодува од топката и одма ја менува позицијата се отвара за пак да прими топка (pass&move) и со тоа отвара мн простор за игра, и во право си тој можи да го диригира темпото на игра (на пример како што е плејмејкерот во кошарка) кога треба да оди брзо акцијата а кога побавно, се надевам оти во најскоро време сите подобро ќе ја забележат играта на Ален
--- надополнето: 10 јануари 2013 во 00:33 ---
Добро ,ти викаш дека Ален би играл добро офанзивно.Сега да те прашам нешто.Пошто Роџерс најавува дека на лето сака да купи квалитетна 10-ка во тимот ,а знаеме дека го имаме Џерард и Лукас како играчи незаменливи во средина + 3-ката во нападот со Суарез,Стариџ,Борини/Стерлинг е горе доле оформена па од тука прашањето ми е каде би играл точно Ален или чиво место би завземал? На Џерард?! или?
Ова е Ливерпул, неможи да се потпираме на 11 играчи....тогаш Ален би бил во ротацијата на играчи (веќе и капетанот малку по малку треба да се смени, за жал), Лукас е склон на повреди а и таа 10ка ќе му треба одмор некогаш....Ален ќе можи да одговори на сите 3 позиции (holding role, deep lyuing playmaker, i advanced playmaker), и за офанзивата по мое ни требаат 2јца играчи (едно крило и класична 9ка) и продажба на Даунинг, за одбраната по мое ни треба само еден бек ап лев бек....
 
Еве the_kop веќе ме претекнал, го делам неговото мислење... :)

Ливерпул со тебе доста добри дискусии паѓаат, јас пак ќе те повикам биди поактивен овде :)
Тука сум цело време само ме мрзи да пишувам и да објаснувам секогаш исто... :)
 
Ја пак првпат кога го "скаутирав" Хендерсон, приметив дека лесно се снаоѓа во тесни ситуации, дека знае во густо да даде пас и да не ја загуби топката. Откако дојде во Ливерпул тоа малце го изгуби, али тоа е најверојатно што Кени го играше на погрешна позиција, плус адаптацијата во нов клуб си имаше свој ефект. Сега во последно време игра се подобро и подобро, па мислам дека Хендерсон би бил одлична поддршка за Ален. Уште за Лукас ни фали асална поддршка само...
 
formacija.jpg

Ова би било добро ,не викам не НО Роџерс не ја игра оваа формација прва работа , второ сака да купи 10-ка ( пример Ериксен) а со самиот факт дека Ален не игра добро во средината т.е на позицијата на Џерард или Лукас неговата позиција ќе виси во воздух а е донесен како еден од главните мотори на Роџерс..тука ми е целиот проблем мене.. Сигурно не сме богати до толку да дадеме 15м за играч за ротација..Ален мора да игра и ќе игра само КАДЕ е прашањето..ваљда Роџерс нема да ризикува со вадење на Џерард тоа би било фатална грешка и за него како тренер а и за тимот..
 
Да Hendo е цар за пас од прва, штета што имаше преголем притисок врз него лани а и играше десно крило што не е негова природна позиција. И лани викав дека Hendo е прав pass&move играч но му фалат муда инаку би бил играчиште и се поомилен ми е. Само сетете се на асистенциите кои ги направи за Downing против City и за Suarez против Sunderland од лани (кои за жал завршија во статива или покрај гол).
 
Асистенциите на Ален уште ги чекам да ми кажете против кого му се да ги најдам:)
 
Прегледај го приврзокот 55960

Ова би било добро ,не викам не НО Роџерс не ја игра оваа формација прва работа , второ сака да купи 10-ка ( пример Ериксен) а со самиот факт дека Ален не игра добро во средината т.е на позицијата на Џерард или Лукас неговата позиција ќе виси во воздух а е донесен како еден од главните мотори на Роџерс..тука ми е целиот проблем мене.. Сигурно не сме богати до толку да дадеме 15м за играч за ротација..Ален мора да игра и ќе игра само КАДЕ е прашањето..ваљда Роџерс нема да ризикува со вадење на Џерард тоа би било фатална грешка и за него како тренер а и за тимот..

Формацијата може да варира во текот на натпреварот, така да често ја играме и таа што ти е ставена, а и која е разликата од 4-3-3 и 4-2-3-1, само бутни ги крилата малце понапред и добиваш 4-3-3 од 4-2-3-1. Инаку Allen ќе игра како врска помеѓу Lucas и Gerrard, а новата 10-ка (ако веќе купуваме) ќе ротира со Gerrard, барем на хартија, а верувам дека ќе има безброј ротации. На пример на натпревари кога губиме Gerrard се враќа на позиција на Allen а во игра влегува "тој новиот"( :) ) или на натпревари кога имаме потреба од поголема контрола во средината го пуштаме Allen во игра итн.

Асистенциите на Ален уште ги чекам да ми кажете против кого му се да ги најдам:)
Во моментов не ми текнува, ама прееска сретнав по статистиките некаде. Ако најдам ќе ти пуштам линк или пак ако на некој друг му текне нека сподели.
 
Прегледај го приврзокот 55960

Ова би било добро ,не викам не НО Роџерс не ја игра оваа формација прва работа , второ сака да купи 10-ка ( пример Ериксен) а со самиот факт дека Ален не игра добро во средината т.е на позицијата на Џерард или Лукас неговата позиција ќе виси во воздух а е донесен како еден од главните мотори на Роџерс..тука ми е целиот проблем мене.. Сигурно не сме богати до толку да дадеме 15м за играч за ротација..Ален мора да игра и ќе игра само КАДЕ е прашањето..ваљда Роџерс нема да ризикува со вадење на Џерард тоа би било фатална грешка и за него како тренер а и за тимот..
Ние баш ова го играме, каде најчесто капетанот е полушпицот...Роџерс имаше забелешка на уште едниот играч од средината (значи не Лукас тој другиот (Ален или Хендо) ) што кога се во игра не се уфрлаат доволно во шеснаесетникот....
 
Дај бе достате.......од вашиов муабет можи да се заклучи дека
Хендерсон>>>Џерард и Ален>>>>>Чави :tapp:
Не е лош Ален ама не ја бива работата ако играат заедно со Лукас. Ете и лани во Свонси си играше на природна позиција па нити има некој значителен број на асистенции/голови нити ништо. Читач на играта мај ес
Нас ни треба креативец а не читач на игра. Доволен е Лукас за тоа. Лукас и Ален ако веќе играат заедно тогаш не треба да игра Џерард т.е да играме со двајца средни со 4-2-4 формација јужноамериканска односно онаа Баерн што ја користи со две крила и два шпица. А Џерард-Ален-Лукас средина никако. Имавме еднаш таква средина со Џерард-Лукас- Маскерано и видовме што се случуваше. Одма се осети разликата кога отиде Маскерано бек да игра а во средина останаа Џерард-Лукас-Аквилани. Значи со двајца такви играчи не можи да играме. Едино би можело ако Ален нагло почни да игра поофанзивно и да дели убиствени топки т.е да биди нешто налик Алонсо во неговите најдобри денови кај нас. Ама затоа реков АКО.
Е сега во средина некако гужва се ствара плус деструктивец ако се земи ќе биди кнап работата па уште и 10ка.......апла ќе биди. Нека го пробаат Коуди можи ќе заштедиме на деструктивец оти 7-8 милиони ќе летнат за таа позиција.
Џерард, Лукас, Ален, Хендерсон, Шелви, Сусо. нова 10ка, деструктивец нов...................тоа се веќе 8 играчи. Плус треба да се има на памет дека Сусо и Шелви ќе бидат поискусни за една сезона како и Хендерсон па да не настани одеднаш загушување...........
Исто еден шпиц ќе треба и би било добро сега да го земат Гамеиро на позајмица па да видиме како ќе му оди. Плус да речиме Инс. Тогаш Асаиди или Даунинг ќе треба да лета еден ако не и двајцата. Од Асаиди секако нема фајде така да....
 
Она кое што јас сакам да го видам против манјун е...

pNp5u.png

Суарез да ја одигра онаа лажна 10 позади Стариџ со тоа што би делувал малку лево а Даунинг би вкрстувал како би отварал простор за него.

Башка.... Мора да се стави Суарез да игра директно врз Евра.... МОРА!

Даунинг и Стерлинг би формирале 4-4-2 формација во фаза на одбрана со тоа што и Суарез би се вратил но тој би бил онај гонич на задните пасови.

Мислам дека ова би му одговарало и на Капетанот со оглед на тоа што тој милува КросКантри Топка, а таков простор Суарез би имал во изобилство со оглед на тоа што Даунинг во последно време свати како треба да игра.

Според мене .... на овој натпревар мора да стартува Стариџ и да се користи со тоа што никој не би знаел на која позиција би играл (а тука би играл шпиц) и со тоа би добиле на изненадување.

Работи од кои се плашам...
Роџерс да не се истрча пофторно со 3-5-2 формација...
Даунинг на Лев бек...
Шелви во игра....
Стариџ на клупа..

Штета што Стариџ немаше сили со Менсфилд па да одиграа некоја минута со Суарез колку да се здушат! :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom