RickyLFC9
Модератор
Со среќа нека му е и едно големо YOU'LL NEVER WALK ALONE за Крег Белами. Ваквите играчи се оние кои имаат најголема почит од фановите на Ливерпул, оние кои секогаш ќе бидат добредојдени на Енфилд, поздравени од публиката и сметани за големи играчи во клубот. Имам чувство дека тука не е крајот помеѓу Белами и Ливерпул, дека еден ден ќе се врати кај нас како тренер или нешто слично. Во Чемпионшип сезонава ќе дадам поддршка на Кардиф, момците кои и онака не измачија во КК финалето, сакам да ги видам во Премиер Лига следната сезона со Крег Белами на чело 
