Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Некако сум многу сигурен оти Роџерс ќе донеси најмалку 6 играчи. Кога разговарал со Суарез му кажал дека тој е во планот негов за "новата екипа" што се подразбира тоа оти поголем број играчи ќе си заминат а ќе бидат донесени исто така поголем број на играчи....


Тој веќе кажа на првото интервју на официјалната страна дека ке донесе 3-4 играчи за да го комлетира тимот за неговата тактика!
 
Џо Кол изгледа ќе се врати :tapp:
Ако е вистина ова тогаш само едно крило ќе купиме и веројатно покрај напаѓач и еден во средина (читај Сигурдсон) :tapp:
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 18:41 ---
Наводно Ален поднесол барање за трансфер. Во тој случај не би требало да важи договорот меѓу Роџерс и Свонси нели?? Ален,Сигурдсон,Демпси,Кол................шо е бе ова??? Се надевам ништо од ова не е вистина :mad:
 
^ и дека макси му бил потребен демек немало да го продава :facepalm:
 
260.jpg

332.jpg
 
И јас видов за Кол дека ако се сложи за намалување на платата ќе остане..Кајт отиде, Спиринг мора да го баталат ,Макси и Аква исто ќе бегаат.. Али Адам не смее да го пушти а ни Хендо.. Адам најдобар асистент ни беше ако го смени со некој како Алан од Свонси стварно ќе се разочарам. Демпси му е ок, али не е доволен.Мора да земат уште 1-2 кои ќе двојат од останатите. Аман нека земе некој пред Европсково да се израдуваме малце:)
 
Макси си иде бе, он уште лани ќе си идеше за Аргентина али Кени го убеди да остане. На последната утакмица на Енфилд им мафна и на навивачите коа излагаше. Кол најверојатно ќе остане само ако му ја намалат платата. За Аква ќе видиме, типот се предомислува секад коа иде да се измоча. Полека, не мора на сите шпекулации да верувате. Ќе видиме Бренди шо ќе напраи со тек на време.
 
Аут:
Аурелио
Кајт
Кол
Макси
Аквилани
Ин:
Ако се решиле за креативец тогаш 1.Ериксен/Белханда
2.Адам Џонсон/Гастон Рамирез
3.Афелај/Дос Сантос/Мертенс
4.Де Јонг/Волфсвинкел
четири засилувања плус еве еден лев бек ама нема да стигнат пари. А и нема вака да пазари Роџерс
Изгледа ако дојдат Сигурдсон а еве и Ален тогаш ќе летаат Спиринг,Адам па можно е и Аквилани :confused:
Кол ако остани очекувајте само едно крило - многу веројатно Демпси на таа позиција и еден напаѓач. Со еден збор - УЖАС!
 
Адам нема да лета , најверојатно Спиринг ќе биде продаден ,а на Аквилани ќе му се остае простор за доказ до зимски преоден рок .
Ми се свиѓа ова што се врти по нетов , интересни имиња се поврзуваат со нас посебно ме радува она на Адам од Сити .
 
Добро ајде објаснетеме што имате толку против Демпси ??????
дечкото е супер , игра со глава и плус најважно е тоа што е РЕАЛИЗАТОР!!!! игра во просечен тим како ФУЛАМ по сезона дава некојси 14-15 гола ? зошто цело време целите на други играчи а овој го отфрлате ?
Демпси и да доага ке дојде за резерва и би бил СУПЕР резерва

Второ ... каков Адам? ако малку го разбирате фудбалот Аквилани има поголема прегледност и од Џерард! само треба момчето да биде воиграено и да се убеди да остане.

Трето ве молам тој СПИРИНГ не го споменувајте више! е со такви играчи не се прави тим.

За мене лично со Демпси , Керол и Суарез би го затворил нападаот , среден ред имаме! Сите парии нека се дадат по 2 ДОБРИ КРИЛА:
 
Момци смирете се, ако гледате вака и се што пишуваат медиумите до август треба да имаме купено 30 играчи....сите знаеме оти информацииве се гласини т.е. незнаеме која е точна а која не. Таква е и политиката во Ливерпул до последен момент да кријат кој играч ќе го купуваат така да опуштете се рано е уште за страв :)
 
Ќе падне некој од ведро небо како шо лани беше случај со Хендо наеднаш. Само ден два се шпекулираше и веднаш потпиша.
 


Иако преку клип од јутуб не можат да се видат (не)квалитетите на еден играч, ама изгледав неколку, и мислам дека Гилфи со свои 22 год. е одличен играч. И би сакал да го гледам во Ливерпул ако игра како што е прикажано на видеото погоре...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom