Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Ако дојде АВБ, Џерард се помалку и помалку ќе го гледаме на теренот, тоа може да доведе до конфликт помеѓу нив двајцата, иако не верувам дека Џерард е таков тип на личност. Во менаџерските способности на АВБ јас воопшто не се сомневам, единствен проблем гледам во неговите години(34).
За Мартинез не коментирам, единставено ќе кажам НЕ ГО САКАМ ЗА МЕНАЏЕР НА ЛИВЕРПУЛ.
Зошто? Дека Лампард го чуваше на клупа? Ако трча Џерард ( а тоа бара АВБ - трчање ) ќе игра редовно. За неговата тактика е потребно трчање. Деструктивецот се враќа назад со одбраната па срединaта мора е да покрива. Не бери гајле ќе трчаат нашиве млади се. Ни Мартинез не е нешто поразличен. Напаѓачки фудбал ќе се игра со многу трчање така да останува да видиме како ќе се одвива работата
 
Ќе зависи од некои услови ама мислам дека ќе му ги исполнат
Во врска со авторитетот - ќе треба да ги придобие Карагер и Џерард. Посебно првиот. Друга работа е што како годините ќе одминуваат и ќе станува постар, така старите играчи ќе ги снемува и ќе се прави разлика во години меѓу менаџерот и играчите со што би имал поголеми шанси да воспостави авторитет. Ова лето и наредното ќе ги загубиме Аурелио 33, Кајт 32 (наскоро) , Макси 31, Белами 33, Карагер 34 итн. Значи нaредното лето (2013) во тимот ќе има само еден играч постар од 30 - Стивен Џерард. Па сега рачунајте колку ќе има евентуалниот менаџер (АВБ или Мартинез) така да ќе нема проблем. Што се однесува до времето нема да го бркаат и ќе има доволно време на располагање. Пари ќе има - можи не премногу ама ќе има секое лето да носи по некој играч. Ќе биди советуван од ДОФ - от и од Лаудруп кој ќе му помага при носењето на играчи. Како што знаете и функцијата ДОФ ќе е поделена на повеќе луѓе па така доволно е менaџерот да побара играч со одреден профил и одма ќе му достават листа за да си одбери кого сака. Може и тој да предложи играчи а другиве одма ќе ги скаутираат и проучат така да во тој поглед нема да има никакви проблеми. И секако поддршка од навивачите МОРА да има!!!!
--- надополнето: 20 мај 2012 во 21:21 ---

И тука си во право. Мада кој и да дојди ќе биди добар според мене. Мартинез е пофлексибилен ама и АВБ не е лош. Ќе можи да си го нареди тимот како што сака па ќе нема проблеми. Во секој случај кој и да е од овие двајца ќе бидам задоволен
Лаидруп да бира играчи....?

Нешто не сум во тек.......
 
Лаидруп да бира играчи....?

Нешто не сум во тек.......
Според тоа што досега го чув и видов Лаудруп е инволвиран во избирањето на новиот ДОФ кој наводно е близок со Лаудруп ( ќе го видиме тоа кога ќе го постават а затоа и се сомневам дека е или Чики или ван Гал ). Лаудруп воедно бил и бек ап варијанта ако АВБ и Мартинез не се согласат да седнат на менаџерското столче. По избирањето на ДОФ и менаџер тој и понатаму ќе помагал во донесувањето на одлуки па и играчи. Наводно Елм и Рамирез биле негови препораки. Колку е точно останува да видиме ама прилично сум сигурен дека е вистина ова
 
Зошто? Дека Лампард го чуваше на клупа? Ако трча Џерард ( а тоа бара АВБ - трчање ) ќе игра редовно. За неговата тактика е потребно трчање. Деструктивецот се враќа назад со одбраната па срединaта мора е да покрива. Не бери гајле ќе трчаат нашиве млади се. Ни Мартинез не е нешто поразличен. Напаѓачки фудбал ќе се игра со многу трчање така да останува да видиме како ќе се одвива работата
Мислам дека АВБ им дава шансите на младите шо беше случај у Челзи. Се сеќавам дека Ромеу играше неколку пати додека тој беше тренер а откако е менаџер Ди Матео воопшто не го гледам да го игра Ромеу. Мислам дека и кај нас тоа ќе се случи, Хендо, Лукас и Шелви ќе бидат во преден план.
 
Јас само ќе кажам оти кој и да биди менаџер, ќе ја има една од најтешките менаџерски позиции во светот (ако не и најтешка).....
--- надополнето: 21 мај 2012 во 02:00 ---
Ех, вчера кога ги гледав Челси реков се би дал да го беше таму Ливерпул, дали ќе се вратат тие денови, дали ќе се врати славата пак назад на Енфилд...?
 
Мислам дека АВБ им дава шансите на младите шо беше случај у Челзи. Се сеќавам дека Ромеу играше неколку пати додека тој беше тренер а откако е менаџер Ди Матео воопшто не го гледам да го игра Ромеу. Мислам дека и кај нас тоа ќе се случи, Хендо, Лукас и Шелви ќе бидат во преден план.
Ако де.......Стерлинг,Сусо,Коуди почесто ќе ги гледаме :) Сепак Џерард е Џерард така да обавезно ќе игра. Не е будала АВБ да не го игра пошто лошо ќе заврши. Ќе видиме чекај, прво нека го назначат него. Сепак сум сигурен кој и да биди менаџер,нареднава сезона Ливерпул ќе игра фудбал.
--- надополнето: 21 мај 2012 во 02:22 ---
Јас само ќе кажам оти кој и да биди менаџер, ќе ја има една од најтешките менаџерски позиции во светот (ако не и најтешка).....
--- надополнето: 21 мај 2012 во 02:00 ---
Ех, вчера кога ги гледав Челси реков се би дал да го беше таму Ливерпул, дали ќе се вратат тие денови, дали ќе се врати славата пак назад на Енфилд...?
Да
 
538879_386004914769564_211636032206454_989329_592398682_n.jpg

:vozbud::vozbud::vozbud:
роберто мартинез бил блиску до астон вила :D
 
Најдоцна до четврток очекувајте го новиот менаџер заедно со директорот за фудбал
 
Прв пат слушам, впрочем не ја разбирам ни поврзаноста.... али ае можда има некои причини!
 
Каков Мартинез бре... играл напаѓачки фудбал! поарно да играме без тренер.

За Боаш баш го сакам во Ливерпоол , тој е многу јак тренер само во Челси налета на Лампард кој не беше во форма и го седна на клупата а тој ја крена целата екипа против него! Инаку сигурно е подобар тренер од овој Ди Матео.

Плус имаме многу повеке шанси за доведување на неколку фудбалери од Порто . Е за директор за фудбал врска неам кој ке иде.... а за тренер речиси сум сигурен дека ке биде АВБ
 
И Франк Де Бур ја одбил нашата клупа, Мартинез бил блиску до Вила што веројатно значи оти ако преговорите со АВБ бидат во најдобар ред тој ќе биди нашиот следен менаџер
--- надополнето: 21 мај 2012 во 13:27 ---
АВБ изјавил оти не му се брзало т.е. требало да размисли добро за тоа дали да стани менаџер на Ливерпул, и се очекува преговорите да почнат оваа недела....
 
Муабет од прва рака!!! (преку „комшиските линии„ каде Луис Суарез е многу често, кај родителите на сопругата, во Кастељдефелс) Веќе планира купување на куќа, како комшија на Меси, Валдес, Кеита, Кројф. И Суарез наскоро во тука :) а веројатно и во блауграна клупските бои... деновиве најнова информација околу неговиот престој тука, летово. А првата фотографија ќе биде во ТОПКИ и во ВЕСТ... од мојот нов комшија, Луис Суарез :)

Копирано од Филе :(

Нека дадат 40 мил. и уште 10 од газдите и оп, Фалкао :D
 
Само Филе е веројатно полош од гугл транслејт.

И да, чувствувам дека Суарез ке си оди.

И сигурен сум дека адекватна замена нема да биде донесена, не заради low ambitions на тимот, туку.. кој е будала да дојде во Ливерпул сега?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom