Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Супер. Ми се свиѓа како напредува формирањето на официјална македонска бранша и бидејќи ме немаше повеќе време на форумов би сакал да упатам честитики кон сите што се вклучени во формирањето - Браво.
 
Пред да почнат да се прават маици треба да се средат уште еден куп друг идрангулии, и треба да земеме во предвид дека никој не плаќа чланарина.
Утре се подигнува Решението од централен регистар, ќе се изработат печати на друштвото и ќе се отвори сметка на друштвото. Со тоа се создаваат предуслови за понатамошен развој.
Наредно на агенда е дефинитивно маички и чланарина. Особен очланарина. На некоја од наредните средби, сите кои сакаат да земат активно учество ќе бидат повикани. Морада се одреди чланарина која на сите ке им одговара. И за маички секако, на тој состанок секој ке си ја презентира идејата па која е најдобра ќе биде одбрана. Секако може и повеќе варијанти.
Има повеќе понуди за принтање маички, јас би ја избрал најефтината, како би можеле повеќе луѓе да си го приуштат тоа задволство.
--- надополнето: Oct 18, 2011 5:55 PM ---

Да дополнам - имаме најдено и спонзорства и тоа дури две.
Агер Сагер, нашиот ни матичен паб ќе не кофинасира и ќе ни дава попусти на пиво:)))) Од еден наш член добивме ветување за бесплатна реклама на спортско радио. Волја има, уште да почнеме сите да плаќаме и супер ке биде.
А да, имавме гостин од Ливерпул Крис Смит, задолжен за промоција на Ливерпул кој моментално е во Подгорица. Тој заедно со карен Гил ветија дека ке се заложат да ни се олесни постаката за добивање статус на официјална гранка на ЛФЦ Ливерпул.
Е после тоа планирајте 10 дневна посета на Ливерпул , која според нашите пресметки би коштала максимум 500 евра:

Се е во ред,немора да се брза за маиците.Ја за овој викенд 99% ќе иам напраено маица и ќе ја донесам во Агер Сагер,да ја видите мојата замисла и дали ќе се согласите за таа идеа и да почнат да се штампаат масовно.Али и ја сум за средување на чланарина првин па после на маици,транспаренти и остали рабори
 
Браво браво.... напредува работата......keep up the good work!
 
Извадивме тековна состојба денес...плативме за печат...утре го зимаме печатот (со лого е на него...ептен е јак :) ) и во банка утре поднесуваме за жиро...така да до петок...да не кобам...ама би требало да ни ја издадат и сметката...!! :)))
 
Браво за темава тимот од anfield и ние фановите го заслужуваме тоа иако со оформувањето на премиер лига од 91 немаме титула во првенството работите одат во нагорна линија со новите засилувања caroll, suarez, enrieqe, c.adam i pod vodstvo na king kenny има изгледни шанси за излес во европа можеби и титула
 
Со задоволство можам да соопштам дека со денешното отварање на банкарска сметка, се завршени сите административни процедури кои беа потребни за основање и законско работење на Здружението МАКЕДОНСКИ ФАН-КЛУБ НА ЛИВЕРПУЛ.
Тоа значи дека од утре 21.10.2011 година официјално започнуваме со работа и со донесување на првите одлуки кои ќе бидат во корист на Здружението.
Во овој среќен момент за нас ви посакувам среќа, успех и еден ден сите ние да се најдеме на Anfield road, бодрејќи го нашиот клуб.
 
да се надоврзам на Фичо, оваа сабота пред натпреварот со Норвич ќе се одржи првиот состанок на нашиот фан клуб. Ќе се расправа за чланарина( висина и начин на плаќање) , маички, изглед на членски карти и има една мала иницијатива да направиме забава по повод основањето на фан клубот.
Секој кој сака да даде реален придонес во функционирањето и растот на фан клубот е повеќе од добредојден.
--- надополнето: Oct 20, 2011 2:50 PM ---
Секако, кој има веќе идеја за маичка, изглед на членска или каква било друга идеја во врска со клубот слободно нека ја презентира.
 
Уште едно потсетување, утре во17:00 часот во Агер Сагер е првиот состанок на официјалниот Ливерпул фан клуб. Секој кој сака да учетсвува е повеќе од добредојден. Ќе се разговара за чланарина, маички и забава. Имаме идеја да направиме забава зарадии основањето на фан клубот:)

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom