Лоши настапи на Ливерпул ?
Освен со Arsenal, Everton, WBA мислам дека досега добро се одвиваат работите.
Дали мислите дека Роџерс ги потроши своите кредити ?
Не, напротив мислам дека Rodgers постепено покажува дека знае да го води Liverpool и дека има муда за да го направи тоа, истотака знае кога нешто не оди во тимот и го менува на време како што видовме на последните два натпревари со измени во 30-тата минута. Мислам дека ако го остават газдите да си ја врши работата без пречки т.е. ако го подржат (се мисли на трансфери) мислам дека од догодина ќе гледаме многу подруг Liverpool.
Дали играчкиот кадар е ограничен ?
Да. Мислам дека играчкиот кадар е ограничен посебно во нападот. Истотака ни фали и замена за Lucas, бидејќи немаме замена за него а на Allen тоа не му е природна позиција и треба да игра малце понапред односно како link помеѓу одбраната и нападот. А и премногу се потпираме на младите играчи, треба да ги поштедиме малце односно постепено да ги вметнуваме во првиот тим посебно помладите како што се Sterling и Suso.
Ајде да продикутираме малку , Што мислите вие ?
Играчите ? или Роџерс ?
Мислам дека не е ни до играчите ни до Rodgers. Едноставно потребно е време за еден тим да се приспособи на играта на менаџерот и обратно. 5-6 месеци не се сметаат за доволен период за тоа, потребно е барем година или година ипол за конечно да видиме резултати, нешто што на ниеден фан на Liverpool не му звучи добро, за жал...
На што се должат лошите резултати ?
Како што кажав претходно се се должи на недоволна воиграност на тимот. Некои од играчите сменија 4 резлични тренери секој со различна филозофија во последните 4 години, така да за некои од играчите е малце тешко да се привикнат на различен начин на игра, посебно на постарите, сепак не се машини...