Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
1565804754126.png- Ми се повраќа кој ќе го видам Гомез на десен бек.
 
Добро е што си го зачував проектот, одма апдејт на сликата во потпис.
 
Ова е вистина што е најстрашно, Клоп кажа на прес дека најверојатно нема да игра утре. Енди Лонерган ќе брани побогу...
 
Епа затоа им даваат на играчите жолти картони кога ќе отидат да слават со фанови и затоа брутално ги туркаат фановите назад на трибини кога ќе има момент на славје. Во хаосот и адреналинот се може да се случи. За голот на Енфилд на Руни тогаш навивачи го настегале Рохо во гужвата и му го повредија рамото, колку и да се симпатични средбите на релација играч - навивач, толку се и штетни поради ваков епилог. Читав и дека тој некој младинец голман ви бил со нагмечена дланка ли, смртно ме интересира кој ќе е на клупа :D
 
Два пати им влагаа на терен и двата пати не успеаа да реагираат на време. Во прво полувреме еден успеа да истрча до средина на терен, да се лизга на колена, да стане и да трча до гол пред да го фатат. И овој доаѓа од другата страна и не успеваат да го сопрат пред да стигне до играчите...
 
Идиотизам, треба нозе да му искршат на кретенов.
 
Ова е пропуст на обезбедувањето, се надевам дека ќе крка дебела казна и забрана за пристап на стадион.
 
Не разбираат дека тревата е доста висока, и е влажна, зашто се топи цело игралиште пред секој меч.

Ако втрчаш во патики, и да сакаш, не можеш да застанеш. Нешто слично ко дебилов погоре. Бизарно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom