Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Еден од најлабавите дедлајн дејс за нас, ни in ни out. Имаше некоја шпекулација за Шаќири во Монако, ама Пирс вика ништо од то.
 
Нас ни преостанува да му веруваме на Клоп.
 
Два трансфер периоди не купуваме ништо, може спремаат нешто за во јануари или ќе бидеме Тотенхем. :D Шала на страна, знаеме дека Клоп не купува некој ради реда, чека да биде слободен вистинскиот играч и го зема. Критични позиции се лев бек и крило, иако можат да покриваат по крилата Ориги и Шаќири. Ако нема повреди на тие позиции и ако Вирџил е здрав, нема да имаме проблем.
 
Многу муабети имаше летово дека наводно се спрема Клоп за Санчо наредно лето... Мислам дека ни зимава нема да има ништо, освен ако недај Боже се случи нешто во есенскиот дел од сезоната. Ама на лето, обавезно ќе има некој голем трансфер.
 
Добро е што Клајн остана, барем на десен бек ќе покрива (доколку му даде Клоп шанса)
Ме чуди зошто Кент остана, а Вилсон на позајмица, грдо некако
 
Клајн е повреден. Иначе, можеби Хери барал повеќе гејм тајм, со оглед на тоа дека има веќе 22 години а Кент не се умара и сака да остане, којзнае.
 
Ама стварно не е толку лошо покриен тимот, нема потреба од премногу драматизирање. Ориги и Шакири ќе покриваат наместо тројката напред, Брустер исто е во игра тука. Средината е дури и overcrowded, со воскреснат Окс многу повеќе опции има, Лалана со новата позиција ќе биде сигурно доволно добар како бекап за куповите, Кеита пола сезона аут беше и се надевам ќе го видиме неговото право лице. Место Робертсон како и до сега би покривал Милнер, работа што доволно добро ја вршеше човекот и претходно. Ќе беше идеално да се земе некој како Заха на пример, ама не секој би се нафатил за таква улога.
Верувам во одлуките на Клоп, ако зариба некаде јануари има шанса да се корегира, мислам дека балансот и атмосферата во екипата е топ и не треба да се ризикува тоа да се наруши.
 
Сеуште нема ништо официјално, доколку е 4-6 недели би било супер
 
"A typical grade I calf strain will heal in seven to 10 days, a grade II injury within about four to six weeks, and a grade III calf strain within about three months."
 
По изјавите ми делува ко сите да се уплашени. Плус еспн пренесоа дека на количка го напуштил Енфилд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom