the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Последно за него што видов на ФБ е колку гола/асистенции имал на утакмица. Океј нека биде само тоа и готово. Не мора сеа да се става каков гол им дал еднаш на Палермо , каква асистенција напраил со Верона , како изиграл последната утакмица за Полска и како омилен играч му бил Џерард и по дифолт он сега ќе биде страшно засилување за нас.
Иначе овој само онака ми текна. Пример земи од минативе страшно платени засилувања што ги донесовме како беа претставувани.
Како и да е , јас ти кажав јас не те хејтам , само онака добронамерна критика. На крај краева ти си фан исто ко мене , ама ти си го трошиш твоето време на фејсбук со пишување , собирање информации итн итн. Очекувањата најпрво ги ствараш сам за себе. Ако толку па ти е кејф па продолжи така..
Најпресно за мене е Лалана кога дојде кај нас , зошто го пратев уште у Саутемптон. Абе пресреќен , слики ставање на мој фб профил , фалење на другари. За што? хаха за сеа онака да има една добра утакмица на 3 одиграни.
Тоа е веќе приказната на нас , Ливерпул фановите. Очекувања , очекувања , најави вака ќе биде така ќе биде , овој е толку јак , наредна сезона е наша за на крај пак ништо.
Ти според муабетов како шо го кажуваш, на пример не треба да се радуваш кога Ливерпул ќе даде гол пошто можно е до крај на натпревар му израмнат и за џабе да ти е радувањето. Нормално е дека ќе се надеваш за секој нов играч (освен нормално ако немаш против некој). И разбери, мора некако да го претставиме играчот а единствено се претставува ти кажав и погоре, преку клипови, статистики или колумни. Не знам како поинаку да го претставиме, ако имаш некоја идеја бујрум сподели ја па ќе ја прифатиме.