Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Искрено не се сеќавам. :)
Јасно ми е и мене дека сме далеку од ланската форма, ама јас пред почеток од сезона на барем 2-3 пати постирав мислење дека сезонава ние немаме шанса за титула заради тие силни промени во екипата. Едноставно не е можно сите да се воиграат во период од 1-2 месеци.

Повредите се составен дел од играта. Никаде не го спомнав Стариџ, Ален, Флано итн...едноставно не се водам по тоа. Ете му шанса на резервистите со тоа докажат дека вредат да бидат во прв тим. Повредите не се кривица за резултативе досега (посебно не за денеска).

Рана фаза е од сезоната. Човек да ги чита мислењава ќе мисли дека ова е 20 коло, а не 6то, и не дека заостануваме 3 бода зад трето место, него 10.
Најчест пост лани во воведните кола беше немавме среќа,многу повредени играчи, не ни досудија пенал и слични на тоа. Рака на срце имаше многу вистина во тоа но и играта беше за никаде, но "среќата" беше т.е. се гледаше како голем фактор за лошите резултатите во преиодот. На тоа ме потсети воведот на твоето мислење. Е сега не мора да значи дека по ист терк ќе се одвива и сезонава на Ливерпул.
 
Рана фаза е од сезоната. Човек да ги чита мислењава ќе мисли дека ова е 20 коло, а не 6то, и не дека заостануваме 3 бода зад трето место, него 10.
Искрено да ти кажам немам појма колку ни бега Челзи да речеме, или вториот, третиот или четвртиот. Се што кажувам ми е базирано врз тоа што го гледам на теренот. А тоа е очај и стварно не ми делува дека ќе се поправи. Камо ја да викам "браво стариџ браво бало" накај 30то коло, да не бива, а ти да ми викаш "шо не веруваше?". Камо така да е, али мене искрено не ми се верува да направиме ништо посебно сезонава.
 
Според мене, Мињоле можеше и мораше да го фати ударот на Јагелка. Ја пратеше ситуацијата, ја гледаше топка и одлучи дека треба да и мафне со десното раче наместо да ја спречи.
 
Искрено да ти кажам немам појма колку ни бега Челзи да речеме, или вториот, третиот или четвртиот. Се што кажувам ми е базирано врз тоа што го гледам на теренот. А тоа е очај и стварно не ми делува дека ќе се поправи. Камо ја да викам "браво стариџ браво бало" накај 30то коло, да не бива, а ти да ми викаш "шо не веруваше?". Камо така да е, али мене искрено не ми се верува да направиме ништо посебно сезонава.

Јас зборувам за наредните 3 утакмици. Ако ги добиеме и ситуацијата ќе сосем различна. Дали тогаш ме интересира ќе ги величиш.
 
Според мене најголемо разочарување е Маркович. Нема допирна точка со играта од Бенфика , губи премногу топки, стварно очекував повеќе.
 
иако и јас мислам дека Симон е во слаба форма, онакви удари поготово од дефанзивци или влагаат во гол или во публика, нема бранење. Слично како Сандро на нас лани што ни даде гол на Вајт Харт Лејн, кривицата беше во другите што не го блокираа на време. Да ти се шуња така некој околу шеснаесетник незаграден е недозволиво.
 
Така е Џену, голот оди на душа на везњаците, Хендерсон и Џерард а и сите останати, освен штопери и бекови кои не го покрија зошто последни 5 мин Ливерпул беше ориентиран само и само на одбрана и не знам како успеа да има толку простор.
 
иако и јас мислам дека Симон е во слаба форма, онакви удари поготово од дефанзивци или влагаат во гол или во публика, нема бранење. Слично како Сандро на нас лани што ни даде гол на Вајт Харт Лејн, кривицата беше во другите што не го блокираа на време. Да ти се шуња така некој околу шеснаесетник незаграден е недозволиво.

...тука се доаѓа до поентата.
секое коло кога некој ќе се обиде да даде свое мислење, и притоа се критикува одреден потег, играч, тактика, се наидува на осуда со укажување на ланската сезна. што за мене нема никаква смисла. или се коемнира меч, или потег, или серија или сезона. едно со друго не баш можат да се врзат.

да не се разбереме погрешно, го сакам роџерс, сакам да успее, сакам догли години да биде во ливерпул ама и сакам константно да ме убедува дека е човек за тоа. не обратно.
со вест хам праи измена во 25 минута, тактичка, што кажува и признава каква грешна поставеност подготвил. јас во тоа не гледам добар тактичар кој увидел дека нешто не оди, туку гледам апсолуно грешна проценка на менаџерот при подговотвка на мечот. тотално надиграни, разбиени и после промената. тоа е за вест хам.

со евертон, иако падот во играта генерално и тоа како е приметлив, сепак имаше мало подобрување. се до 88ма минута кога излезе балотели влезе ламбарт, во иститот тој момент си помислив се надевам оваа измена нема да не кошта победа, бидејќи апсолутно не ја гледам локигата, макар бил уфрлен и за прекини. апсолутно не мислев дека е добра измена, но во тој момент се надевав дека ќе помине неприметно, и ќе заврши 1-0
доаѓам до цитираното од ilumiuos, тоа кажува се. во друг спелт на околности, со друга замисла на роџерс, со различна дирекна негова реакција, веројатно и резултатот ќе беше друг.

секогаш ќе бидам позади секој што е дел од ливерупл, особено менаџерот. бидејќи таква е култуата на клубот, таков е менталитетот на клубот кој го сакам од кога знам за себе. но право на критика има секој кој размислува конструктвно и добронамерно.

сакам и јас да сум оптимист, ама не гледам на што да го темелам тој мој оптимизам.
 
Со Вест Хем не направи измена за да си признае грешка, туку направи измена за да направи поофанзивна формација и да брка негатива од два гола после 10 минути игра.
 
како сакаш гледај на тоа, освен повреда т.е. принудна измена, се дурго е тежок фејл измена во тој период. измената колку што беше да бркаме, толку беше и да не не` наполнат.
2-0 се стига и од 80та минута, не пак сеуште од прво полувреме
јас велам дека е погрешен потег измената, до тогаш бевме жива мизерија, мораше да се менува, зборам само самата промена што значи за еден тренер. кажав погоре како гледам јас на тоа
 
Според мене не е тежок фејл туку начин да стигнеш брзо „стекната“ негатива. Да, можеш да стигнеш 2-0 до 80та минута ама кога од 4-3-3 правиш формација 3-5-2 значи сакаш многу побрзо да го направиш тоа, зошто добиваш понапаѓачка формациска поставеност на играчите.
За жал, успеавме да дадеме само еден гел, нешто за кое што не можеш да го обвиниш Роџерс во целост а при тоа примаме три ужасни, екстремно ужасни голови. Нешто за што можеш да го обвиниш зошто одбраната ни е еднаква на Миравци.
 
Знаете...Чех веројатно ќе си бара нов тим во јануари или јуни...

Многу тешко Мурињо да го пушти во ривал. Сети се со Демба Ба лани, со Вилиан и Рајт Филипс кога ги купуваше, за овие двајца рече дека ги купува само за да не ги купат ривалите.
 
Многу тешко Мурињо да го пушти во ривал. Сети се со Демба Ба лани, со Вилиан и Рајт Филипс кога ги купуваше, за овие двајца рече дека ги купува само за да не ги купат ривалите.
Нема врска до толку мислам. Со Чех и ептен поразлична е ситуацијата. Доколку он сам тоа го побара, тешко дека некој ќе му стои на патот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom