Да, Бенитез е тој кој почна да го тоне бродот на Ливерпул. во право беше Мурињо за Бенитез кога рече: "2005 година беше подобра од 2006, 2006 беше подобра од 2007, 2007 подобра од 2008" Тоа говори дека секоја година Ливерпул тонеше и тонеше, па ова се резултатите. Зошто ги продаоа играчи како Сисоко, Рисе, Риера, Алонсо, Барош, Сисе, Хипија, Гарсија, Крауч? Не знаеше да ги задржи, се испокара со сите. Од кога замина Рисе и Хипија одбраната е топло-ладно. Го донесе Аурелио кој беше 2 класи послаб од Рисе. Почна да носи потпросечни играчи, тие даваа се од себе ама толку можат. Најмногу ми е за Сисоко, беше прејак во средината како деструктивец. Зарем ќе се надеваме на Лукас? Тој можеби е малку подобрен од другите сезони, но малку поквалитетен играч ќе му го земе умот, и ќе минува како воз покрај него. Хоџсон ја греши со Паулсен и Кончески, ама толкав му беше буџетот. Искрено повеќе очекував од Кончески, игра многу панично, а и центар шутот го прави споро. Гледам Макси се подобрил! Хоџсон треба повеќе да го става од лева страна, од кога се повреди Кол, тој се преврли лево, и изигра многу подобро од Кол. Се надевам дека ќе ја продолжиме серија победи и со Челзи, пошто и тие се многу ранливи, победиве во ПЛ ги прават случајно, без никаква надмоќ. Ако запнат нашиве можат минимум нерешено. Ајде да видиме лани кога викае дека сме му ја дале на Челзи, ако е така, нека ни пуштат сега, ама не мора ќе ги победиме со игра.
Само не заборавајте дека со него ги имавте најголемите успеси во новата историја на Ливерпул.. Како во ПЛ, така и, особено во ЛШ.... Сепак, Рафа е класа тренер
D