Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Наводно Торес бил спремен за утре.Познавајќи го Бенитез може да го стави на клупа на почеток.Блекбурн не се екипа за фрлање,гостувањата на тој терен секогаш биле тешки.Ајде по подолго време да сврзиме две победи и со една долга серија да се вратиме таму каде што ни е местото.Конечно екипата ни личи на нешто.Се вратија Џерард,Торес,Риера,Џонсон,Аквилани,Бенајун сега уште Бабел да заздрави да имаме солидна резервна клупа.Ако не следи среќата со повредите може ќе заличиме на ланскиот Ливерпул
 
Јас прочитав на еуроспорт дека конечно Аквилани бил целосно спремен и може да играл уште од првата минута:vozbud:
 
Ливерпул нема шанси за титула

zerard_benitez.jpg
По само 14 одиграни кола во новата сезона, капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, вчера дефинитивно го отпиша својот клуб од борбата за шампионската титула. "Црвените" чекаат на неа веќе 19 години и се надеваа дека оваа сезона, конечно, ќе ја достигнат, но очајниот старт на првенството ги оневозможи да се вмешаат во борбата по само три месеци.

"Во овој момент ние сме надвор од трката за шампионската титула иако е јасно дека ќе се бориме со сите сили до крајот на сезоната. Да бидеме реални. Точно е дека има уште многу време, но мислам дека Челзи во моментов е пресилен. Треба да се насочиме кон втората цел, а тоа е пласман на едно од првите четири места на табелата кои водат во Лигата на шампионите. Добро е што победивме против Евертон, сега слично нешто очекуваме и кај Блекбурн и на тој начин ќе се доближиме до екипите кои се пред нас", изјави Џерард.

Ливерпул во моментов е на петтата позиција на табелата со дури 13 бода помалку од лидерот Челзи, а како капак на очајната сезона, веќе доживеа елиминација од Лигата на шампионите уште во фазата по групи. Причини за слабите резултати има многу: од продажбата на клучниот фудбалер во средниот ред Чаби Алонсо, до очајната форма на Џејми Карагер, Хавиер Маскерано, па и самиот Џерард, кој поради судскиот процес против него пропушти добар дел од подготовките на тимот и турнејата во Азија.

"Едноставно, оваа сезона сме далеку под своето ниво, не играме со максимум од нашите можности. Досега научивме дека ако не играш добро постојано, има големи шанси другите да те надминат. Оваа сезона во Премиер-лигата има шест-седум исклучително квалитетни екипи кои се борат за првите четири места и сигурно дека ќе ни биде многу тешко", додаде капитенот.

Единствениот, кој е на своето ниво сезонава е шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, кој до минатата недела беше и прв стрелец во Лигата. Сепак, тој има проблеми со повреди, а добра вест за Бенитез е што, конечно, заздравел и ќе биде способен за настап на дуелот против Блекбурн, кој ќе биде 500. во дресот на Ливерпул за Џерард.
 
^^^^^
Реален е Стиви многу ни бегате и у топ форма сте ама сега ке ви биде тешко на вас без Дрогба заради Афричкиот куп. Ако останете и после Божиќ на прво место мислам дека е ваша титулата. Ја очекувам да ги поминеме Арсенал до крајот на сезоната
 
http://goal.com/en-gb/news/2558/new...s-not-in-liverpool-squad-for-blackburn-rovers
Мислам дека е мудар потегот на Бенитез да го чува Торес за у среда и за у сабота или недела кога играме со Арсенал.
А утре се разбира победа.:vozbud::vozbud:

Каков мудар потег...За каде го чува?За Лига Европа или за Фиорентина да ја тепаме 10:0.Пак ќе игра со Нгог?Поарно Торес без една нога неголи овој.Ако е повреден нека не игра а неповреден да го чува не.Не играме со Нотингем баго мајката.Претерува Бенитез со тие претпазливи мерки...Аквилани веќе 2 месеци игра по 2 мин на утакмица
 
Шо е со Аквилани ств? Требаше до сега да почне редовно да игра..нели?
 
Требаше ама еве по 2 мин по натпревар добива... Мислам дека ќе почне со Фиорентина во прв состав пошо и така не е важен натпревар, е ако и тогаш не почне... Незнам... Ќе го чекаме после нова година :toe: ...
 
Liverpool: Reina, Johnson, Carragher, Agger, Insua, Benayoun, Lucas, Mascherano, Riera, Gerrard, Kuyt. Subs: Cavalieri, Aquilani, Kyrgiakos, Ngog, El Zhar, Skrtel, Dossena.
У кирац веќе со Аквилани шо на ваквото го купивме за на клупата ли да седи,како вака да почниме со Кајт во нападот го нема "талентот".
 
Кајт кога го дади голот со Евертон играше шпиц.Мислам дека 100 пати е подобро да игра шпиц одколку крило.Кајт требаше да биде вонсерииски напаѓач ама Рафа го прекомандува.Во Феенорд лом правеше...Се надевам после овој натпревар почесто ќе го игра шпиц па да се уиграат со Торес.Би бил среќен доколку го видам тоа па макар и само да го видам како ќе изгледа
 
Се приметува подобра игра.Рафа го извади Риера го пушти Нгог а тоа значи Кујт се враќа на крило.И така пак отпочеток.Лошо лошо.Да се надеваме на случаен гол
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom