the_Kop, не знам какви ви се сметките, али ја знам дека Ливерпул не е тим од „трет шешир“ како Астон Вила на пример, па да има долгорочни амбиции за четврто, па трето, па второ, и некогаш прво место. Како успеа Ливерпул да си го залепи епитетот на губитнички тим, на никого не му е јасно. А поминаа само шест години откако беа владатели на Европа, само 4 откако беа втори на Стариот континент, и 3 години откако за малку ќе станеа шампиони во Енглеска лига. А сега слушаме изјави од Џерард како Ливерпул е екипа која треба да оди полека кон првото место, како да има време за тоа. Мислам, Џерард шири толку негативна енергија кај што ќе стапне, No wonder што Англија и Ливерпул немаат видено бел ден кога тој е лидер на колективот.
Сакав да кажам: Ливерпул е тим од големата класа. Без разлика дали оваа година завршил 15, 12 или 4ти, секако тој мора да цели само на врвот. Секоја друга мисла го понижува секој кој го носел, го носи или го сака црвениот дрес. Секоја мисла како Џерардовата е понижувачка, неамбициозна, глупа. Со таков менталитет се живее во Стоук, Болтон, ... ама не во Ливерпул.
Ако продолжи вака Стиви Џи, дајте му ги клоците.