Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Не, туку за противник ја имаат Барселона во првенството. :)

Секоја година мора да се иде на титула, мора играчите да го имаат побеничкиот дух и да веруваат во тоа. Тоа е најголемата разлика помеѓу Кени и Хоџсон. Овој вториот го внесе менталитетот на мид-тејбл тим, затоа игравме дефанзивно и на Енфилд и затоа губевме од екипите што се борат за опстанок. Добар тренер, добри играчи и победнички дух, без едно од овие нема титула.
За дефанзивниот стил нема врска и Бенитез играше дефанзивно ( секако не колку Рој) па ете имавме титули...а за Реал секако дека една од причините е дека играат против Барса во првенството ама не делуваат како воигран тим....јас не дека некам да се бориме за титула ама ако бидиме малку реални јас и не би бил разочаран со 4то место.....
 
Секоја чест за Рафа што не одведе до трофеи во ЛШ и Куп на уефа, ама не успеа во ПЛ.
Пак малце да забегам од наш фан-клуб, не можеш Реал да го наречеш неуигран тим, кога дадоа преку 100 гола во примера и ја имаа една од најдобрите одбрани во лигата. Во ЛШ играа супер, се додека не се сретнаа со Барселона. Нема да претставува толку фактор угираноста на играчите, ако имаш тренер што знае како да го разработи тимскиот дух. Глеј кај нас со Кени што се деси, дојде и одма убаци млади играчи што дебитираа во сениорскиот тим и сите изиграа на ниво, небаре се професионалци неколку години. Колку други играчи се разиграа од кога си отиде Рој...не е само да имаш таленти у тим, треба да ги натераш да го искористат тоа. All hails to Фергусон, не верувам дека има мн. други тренери што би го напраиле истиот успех ко него оваа сезона, со тој тим на Манчестер.
 
Какви такви Реал се силен тим. Мурињо успеа да ги суреди е сега тоа што играат против Барса е друга приказна.:D Не е Реал слаб туку Барселона е многу силна.
Колку играчи и да земиме мислам дека Кени има да ги суреди само мора и менталитетот да биде победнички. А и не треба многу играчи во прв тим така да имаме големи шанси за титула со соодветните засилувања само треба и да сакаме титула а не некое си ебано 4то место! Се друго освен титула е неуспех!!!
 
Ве читам шо пишувате и со сите се согласувам до некаде.Се друго освен титула во ПЛ е неуспех да,ама и се е до тоа као ќе се уклопат играчите шо ќе се донесат.Поврзани сме со најмалце 5 играчи шо би требало да дојдат шо тоа е добро ама и лошо од причина дали ќе се снајдат.Задоволен сум од трансферите шо треба да се направат а гарант сте и вие,иако моите 2 желби(Ленон и Јанг) неможат да се остварат.Нека ни е со среќа новиот играч и се надевам дека ќе ја покаже добрата игра ко шо сите очекуваат.
 
Се чека во секој момент да се објави новото засилување..... Чарли Адам!

ЕДИТ

Сепак не..... пред малку Блекпул објавија за заминувањето на Дејвид Ваган!
Но сепак не се исклучува можноста да се објави и заминувањето на Адам во текот на денот или до крајот на неделава!
 
Абе готово е! Кај и да е ќе објават. Адам,Викем и Даунинг се со една нога и 4 прсти од другата веќе во Ливерпул. А за Мата...........it's just a mata of time ( што би рекол еден ) :D
 
http://www.youtube.com/watch?v=1uBXztfbUK8
Хмммм.....а и долу во коментарите еден има пишано дека се блокирани кладењата за Адам во Ливерпул....чувствувам оти сме блиску до Чарли
 
адам ако дојде gerrad само клупа ќе грее :)

http://www.youtube.com/watch?v=1uBXztfbUK8
Хмммм.....а и долу во коментарите еден има пишано дека се блокирани кладењата за Адам во Ливерпул....чувствувам оти сме блиску до Чарли
Еве линк да видите за кој колкави шанси имаме. Добри ни се шансите за Агуеро,Мата,Викем,Даунинг ......Адам го нема т.е е тргнат така да чекајте да објават кај и да е!
 
Не ми се свиѓаат муабетиве за заминување на Мирелеш. Дечкото не смее да си оди!
 
Еве линк да видите за кој колкави шанси имаме. Добри ни се шансите за Агуеро,Мата,Викем,Даунинг ......Адам го нема т.е е тргнат така да чекајте да објават кај и да е!
Нема да дојде Агуеро кај вас ,или ке оди во во Јувентус или во некоји варијанти во Реал Мадрид
 
Нема да дојде Агуеро кај вас ,или ке оди во во Јувентус или во некоји варијанти во Реал Мадрид
Добро......:coffee: Само реков дека имаме шанси не дека ќе иди

Инаку и за Даунинг ги запреле обложувањата!! :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom