Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Мекени ќе го продававте.. :icon_lol: Рабио ќе го продававте.. :icon_lol: Алегри ќе го мењавте... :icon_lol:
Меккени со 2 ипол утакмици си е уште просечен играч и ќе си остане таков. Мех фудбалер, ништо повеќе.

Алегре е Алегри, го спушти нивото на почетокот од сезоната и сега го подигнува, демек еве видете колку сум јак. Реалноста е дека во оваа состојба (без натпревари во Европа), било кој просечен тренер ќе имаше слични резултати со Јувентус и ќе беше второ место. Секако сме втора екипа во Италија во моментот, сигурно Милан или Болоња не се подобри.

За разлика од нив, Влаховиќ е страшен фудбалер, жално е да се спомене можност за негово продавање. Барем жално е од некој што му мисли добро на Јувентус.
 
Јас не би бил толку сигурен. Во најмала рака се тука некаде со квалитет.

Но, и да земеме дека Јувентус е втор по квалитет и другите осетно заостануваат, тоа не значи дека се квалитетни за второ место со многу бодови.

Јуве има 2,45 бода по натпревар, што би значело 93 вкупно. Дури и да си најсилниот тим, ова не е лесно да се оствари.

И кога доминараа во лига, само две сезони отидоа изнад овие 93 бода.

Ќе видиме колку можат да издржат и како ќе завршат, но до сега, постигнува резултатски максимум. Не верувам дека има тренер кој би освоил повеќе бодови. Па не ми држи таа теорија дека се е до тимот и нема никаква заслуга.
 
Јувентус има подобар ростер од Милан, дури не би рекол толку во целокупниот состав туку во играчи кои ја прават разликата - Влаховиќ и Киеза, а овде би го додал и Рабио. На тоа кога ќе додадеш дека Јувентус не игра Европа, а Милан играше (и ќе продолжи да игра), тоа прави многу покомотна ситуација за Јуве.

Во врска со болдот. Според истата логика, Интер е проектиран на 96 бодови сезонава. Интер во 2010, кога освои триплете имаше 82 бодови. Дали ова го прави овогодинешниов Интер подобар од оној тогаш?

Нема да те мачам, ќе ти кажам дека не. Едноставно сезонава според бодовите на големите екипи е апсолутно инфлаторна, никако не дава реална слика, а особено не може да се споредува со други сезони, најмалку со сезони кои беа пред 6-7 години па наназад.
Ова е реалноста, па ние може да дискутираме на долго и на широко за бодовите на Јувентус и да го споредуваме со најдобрите години кога составот се состоеше од играчи како Пирло, Видал, Тевез, Кедира, Погба, Пјаниќ, Игуаин, Роналдо, Киелини, Дибала и да не набројувам, ама ќе биде во најмала рака смешно, да не речам жално.
 
Меккени со 2 ипол утакмици си е уште просечен играч и ќе си остане таков. Мех фудбалер, ништо повеќе.

Алегре е Алегри, го спушти нивото на почетокот од сезоната и сега го подигнува, демек еве видете колку сум јак. Реалноста е дека во оваа состојба (без натпревари во Европа), било кој просечен тренер ќе имаше слични резултати со Јувентус и ќе беше второ место. Секако сме втора екипа во Италија во моментот, сигурно Милан или Болоња не се подобри.

За разлика од нив, Влаховиќ е страшен фудбалер, жално е да се спомене можност за негово продавање. Барем жално е од некој што му мисли добро на Јувентус.
Алегри постојано ја води екипата во тешки времиња. Ниту еднаш во овие 3 сезони немаше стабилност. Одозгора на тога, моментално го имаме најслабиот тим во последните 25 години.

Да потсетам, лани заврши трет, а во текот ма сезоната му беа одземани бодови, па му беа враќани, па пак одземани. Цела сезона повреден Погба плус проблемот со киднапирањето. Бонучи, Паредес и Квадрадо му креираа кланови и ги вртеа играчите против него. Сакаа да го избркаат. Ањели беше принуден да си даде оставка ради финансиски малверзации, а Уефа се закануваше дека ќе го исклучи Јувентус од сите европски натпреварувања на подолг период ради СЛ.

Оваа година, глупостите на Фаџоли и повторно Погба со неговите допинг скандали. Смешен Трансфер пазар дури и за клуб од македонска втора лига и тим составен од куп неталентирани деца.

Јувентус како клуб не е на нивото од пред 10 години, ниту финансиски ниту структурално. Све е на кревки нозе со пар анонимуси во управа кои немаат врска од фудбал. Освен Џунтоли.

Макс успешно го води тимот во многу тешки времиња и тоа го води супер успешно. Му дишиме на Интер во врат и ако во наредните 5 натпревари извади 13-15 поени до натпреварот со Интер тогаш ќе му треба и нерешено на Меаца. Во меѓувреме доколу Интер го елиминира Атлетик Мадрид, борбата за скудетото допрва почнува. Дури можам да кажам и Јувентус ќе биде благ фаворит. Конте до сега би бил избеган. А не гледам кој друг тренер би се нафатил да води ваков клуб, клекнат на колена. Веројатно некој ко Паладино или Пирло, а и сам знаеш дека тоа значи 7мо место со овој квалитет.

Се повеќе се шушка дека Макс ќе потпише нов договор со многу помала плата од сегашнава, што е и исправно од двете страни со оглед на целокупната ситуација.
 
:jeeee:
moise-kean-kean.gif
 
Какво играчиште од 18 год Рома ви развива..се си мислам Huijsen има некои 28/9 години..Во август месец имате готов производ за жал...
 
Море Влахо што му стана...
Првата сум сигурен дека на среќа ја погоди, ни тој самиот не знај како отскокна. Како и да е нека продолжи вака па и среќата нека го служи.

Шчезни после утакмицата со Сасуоло како ај има кренато формата секоја чест.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom