Полека малце, у мртвата Серија А сврзавме неколку победи по ред, дел на мускули, дел со солидна игра. Да не трчаме и забораваме, во ЛШ јадевме 5 порази на 6 меча, на рамниште на Артмедија Петржалка и примивме 13 голови.
Сезонава досега е прелоша, 10 бодови зад првиот, тука некаде со сите екипи до 6то место (на 1 до 4 бодови разлика), испаднати и понижени во ЛШ. Мистерот наш пак покажа дека е 100% зависен од составот, кога му фалат играчи е апсолутно немоќен, како да немаме тренер на клупата, кога му се вратија некои, тимот започна да покажува живост.