Не знам што барате вина во Артур, кој направи грешка во 69та минута против Беневенто на домашен терен.
Во оваа минута, Јувентус треба да има водство од 3-0 против вакви мизерии и никако да не бара изговори за грешки настанати откако веќе е заебана работата.
Демек беше во ред тоа што имавме резултат 0-0? Нешто различно е 0-0 и 0-1?
0 постигнати голови против Беневенто на домашен терен? И ќе бараме виновници?
Еве дури и Мората не е крив. Толку знае, тој ниту сам се доведе во клубот, ниту пак со сила игра во прв состав. Без разлика што нема кој, Мората со играта заслужи да биде закован на клупа, макар и на сметка на младинец. Тоа што упорно добива шанси и тоа што секој меч слушам какви статистики има, мислиш Агуеро во најдобри денови, никако не е негова вина.
Има тренер на клупата, кој и покрај се го почитувам премногу. Како фудбалер, играчиште, кој во најкритичниот момент на Јуве, беше најсилната алка на теренот. Во период кога повторно го видовме вистинскиот Јувентус, без премногу квалитет, ама со неверојатна игра.
Разликата тогаш и сега, е ништо друго, туку оној на клупата. Вчера буквално не можевме да се составиме со топката, слика на речиси цела сезона во која имаме одиграно 20тина мизерни мечеви, ама со индивидуални потези ги решававме во наша корист. Не може тоа да биде до играчите на теренот, не може наеднаш да се толку неписмени. Не велам дека немаат вина, ама у курац дека се толку слаби за вакви настапи.
Вчера ни беше прва шанса да сврземе 4 победи по ред сезонава. Не успеавме. Максимумот ни е 3 победи по ред, нешто што последен пат се случи 2010/2011.
Ме мрзи да барам, ама во шампионките сезони, мислам дека најлошата од аспект на победи по ред може да биде 7-8. Тоа го красеше тимов бре, ќе нагазнат на топката и најпрво 3-4 победи на резултат, без многу убавина, а после кога ќе се симне притисокот, рендење на сите противници.
Уште многу може да пишам, ама нека си ебат матер.