Факт е дека и те како влијаат на текот на сезоната. Види ја клупата денес и ќе ти стане јасно за што зборам. Пирло немаше ништо на клупа со што може да менува, само Мекени и Буфон се играчи од прв тим, другото све од у23.
Премногу повреди ни се случија во најбитниот дел од сезоната односно во период кога ни требаше сите да се здрави. 3 натпревар по ред се мачи да извади 11 комплетно професионални играчи на терен. Плус на тоа кога ќе се додаде ваков збиен распоред и кој ама ич не ни иде у прилог. Играчите се преморени, а има уште многу за играње.
Ова не е шампионска екипа, не ова шампионски тренер и шампионски менталитет. Овој тим е составен да ја преброди оваа сезона со што помалце трошоци, со што поефтини играчи и тренер. Класичен damage control на Ањели.
Пишав уште пред неколку месеци дека Јувентус оваа година се бори за 3то место или влез во ЛШ така да 3-4 место е реално и за очекување.