Серија А беше компетитивна до 2006 (точка), се после е резултат на инерција, среќа и слично.
Серија А полека се стабилизира во последниов период, доказ е успорувањето на вртоглавиот пад на коефициентите во последните неколку години и благиот пораст на истите. Веќе се зборува за тоа во која година Серија А би ја престигнала Англија во однос на тие коефициенти.
Најзаслужни за овај тренд се пред се ЈУВЕНТУС, Наполи, Рома, Фиорентина ....
Најзаслужни за спориот раст се: Интер и Милан од кои се очекува многу а немаат направено ништо корисно за тој коефициент во последните 5 години, тука идат и италијанските лестери како Удинезе и Сампдорија кои потрошија драгоцени места во ЛШ и губеја од се живо во еуропа.[DOUBLEPOST=1487512097][/DOUBLEPOST]
Од двете ЛШ шо ги има освоено Милан со Пирло, можам да кажам дека онаа од 2003 е заслужена и покрај тоа што не покажа ништо во најдосадното финале во ЛШ. Јесте, Јувентус му направи голема услуга таа година на Милан што им ги елиминира конкурентите али тоа е проблем на Јувентус а не на Милан. Во секој случај немој да збораш за Доминација.
За 2007 немој не ме смеј. Оваа титула Милан ја освои буквално на мускули. Нешто слично како Грција шо го освои европското првенство. Милан, не само што не беше доминантен, туку заврши на високото 4то место за нивни денешни стандарди.
Ако збораш за Милан и за најдобар тим во историјата можи да правиме муабет за Милан од почетокот на 90тите кога Јувентус ја имаше претходната криза. За онај Милан од 2000тите можиме да збораме за пристојно силен тим и ништо повеќе.