Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
А и незнам зошто сте збунати во врска со Дибала.
Тој и лани со топка тргнуваше од скоро на центар, секој продор му почнуваше од таму.



Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Денес е друго прашањето, дали е време да се смени формацијата и да се игра 4-2-3-1? Дали овие 3-4 кола Алегри намерно го играше поназад во 3-5-2 за да го спреми да игра АМФ во 4-2-3-1?
Најави тој дека е можно да видиме 4312 со Манџукиќ Игуаин и Дибала.
 
Не знам за вас, ама во ваков згуснат распоред според мене време е за мала промена. Играме против Каљари во среда на домашен терен, а потоа гостуваме во Палермо, па во Загреб на 27ми. Три натпревари за само шест дена. Иако навидум изгледаат лесно, сепак нерешеното некни против Севиља и вчерашниот пораз мислам дека си го зедоа малку данокот и им се пресекоа нозете на фудбалерите.

Се на се очигледно е дека сме во недостаток на играчи од средниот ред, па според мене треба да се смени формацијата, најдобро во некоја форма 4-4-2, нешто налик на дуплите бекови што лани ги извади Алегри против Баерн. Кедира мора да одмори, бидејќи многу ќе му дојде, а со оглед на тоа што Бенатија се повреди, а Киелини е доста лош тогаш треба да го намалиме бројот на штопери од 3 на 2.

Дибала исто така треба да добие одмор, на сила убавина не бива, а јас сум сигурен дека во дечкото верува цел тим и дека потребно му е само малку да излади глава па да се врати и да игра како што знае. Еве јас што би извадил против Каљари, со даден одмор на Кедира и Дибала, кои во наредните два мече ќе ни бидат неопходни од стартот.

(4-4-2 нешто) Буфон-Алвеш, Барзаљи, Бонучи, Евра-Квадрадо, Пјанич, Лемина, Сандро-Пјаца, Игуаин

Алвеш и Евра мислам дека одлично ќе си изиграат во четворка одбрана, Сандро и Квадрадо пред нив со доста офанзивни задачи. За останатите се знае што и како.
 
Интер играа со срце, ние не.. тоа најмногу ме изнервира. Од тоа што се плашеше Алегри, тоа се оствари, летање во облаци. А и Алегри првпат ми дојде малку на живци со ротацииве.. знам дека се неопходни ама се знае против кого играат првотимци, а против кого комбиниран тим.

352 ако се тера понатака обавезно со Пјанич понапред, како со Сасуоло.. али мислам време е веќе од дамна за 4 позади. Како и да е, која и да е формацијата и играчите, не смее ваков срамен пристап како со Интер.
 
Треба да играме напаѓачки фудбал како на пр против Сасуоло до 30та минута тоа е преочигледно. 3-5-2 беше опција поради добрите замени во средниот ред и поради играчите кој беа измислени за таја формација. Дури не се врати Маркизио не треба воопшто да се размислува за таа формација и тоа е тоа. Поќе пичкарски неќам да видам пристап, одиме кај Интер за да играме на нерешено? Ебете се бе колективно.

Наводно Алегри веќе подолго време спремал смена на систем затоа и го тестира Дибала како плеј, е сега две опции биле во игра 4-2-3-1 и 4-3-1-2 и највеорјатно ќе ја видиме втората против Каљари. За првата се споменува Куадрадо, Пјаца, Игуаин, Пјанич а Дибала изгледа ќе одмара.
 
Џабе, сигурно ќе го нема барем уште 2-3 недели на зелените терени :/
 
Па после ова коло има интернационална пауза, така да се надеваме дека ќе го видиме Клаудио барем на клупата во 7мо коло.
 
Добрата вест е дека почнал да тренира, не дека е спремен за први 11. Не е џабе.[DOUBLEPOST=1474293965][/DOUBLEPOST]Уште нешто: Следен пат кога ќе дискутирате формации, а Алегри се уште е тренер на Јуве, прочитајте го ова
 
Последно уредено од модератор:
Добрата вест е дека почнал да тренира, не дека е спремен за први 11. Не е џабе.[DOUBLEPOST=1474293965][/DOUBLEPOST]Уште нешто: Следен пат кога ќе дискутирате формации, а Алегри се уште е тренер на Јуве, прочитајте го ова
Лани со Баерн играше 442 :(
 
Вчера Игуаин за 5 минути направи повеќе одколку Манџукиќ за цел натпревар. Незнам кај му беше умот на Глобил баш на овој натпревар да го држи на клупа... ваљда го чувал за Каљари, тој поважен натпревар ќе да е :unsure:.

Вчера ништо не функционираше, освен Алекс Сандро... човекот искина, го изора тревникот на Меаца. Штета што само тој ни беше најсветла точка во тимот. Барѕаљи ај не го кривам него за лошата партија, сепак човек во години е и му треба повеќе време да се загрее за натпревар, овој одма го пушти во игра по повредата на Бенатија. Бонучи беше така-така, Келини имаше добиени дуели ама и тој не беше на нивото.
Асамоа синоќа беше слепото црево во екипата, тој треба директно на стадион да се прати, каква клупа какви бакрачи.
Има право Макарон, нема шанси со оваа средина да атакуваме на ЛШ, па дури и да ни се здрави тројцата најдобри играчи (Кедира, Пјаниќ и Маркизио), тешко дека ќе издржат такво темпо цело време без соодветна клупа.
Марота си заврши добра работа летово, али остави ОГРОМНА дупка во средината, јебига пак се коцкаше 5 до 12 и пак остана со курот во раце. За групата ќе ја поминеме некако, може и први да бидеме, али за понатаму нешто посериозно да се направи, тешко... :/

Ај следнава со Каљари барем нека се издуваат. Падо и Сторари барем ќе ги видиме на Јуве Арената :)
Шо ти е муабето со Глобил? Дека на негова душа одат четвртата и петата утакмица во сезоната од 50 и повеќе сосе куп и лш? Дека и тој сфаќа дека средината ни е најголема болка па ја појачва со најдобрио играч шо го имаме, Дибала? Па сега на почеток ако не експериментира кога? Еден куп нови играчи има, не можи туку така да ги вклопи во играта шо јувентус ја игра 5 години
 
Лани со Баерн играше 442 :(
Реваншот беше со дуплирани бекови, Сандро и Евра лево, Лихт и Квадрадо десно, Хернанес Погба и Кедира у средина. Значи 4-5-1 со Мората у шпиц. Првата каша попара беше, со Маркизио место Хернанес и Квадрадо ко слепо црево. Алегри практикува 3ца во средина и мислам дека нема намера да експериментира со двајца (како во 4-4-2, со двајца во средина и две крила).
 
Маркизио тренира денес со топка играше, трчаше. Добро е :)[DOUBLEPOST=1474306897][/DOUBLEPOST]
CsucTIxUMAAV2OP.jpg


CsucTkJVUAAJGZ-.jpg
 
Последно уредено:
Шо ти е муабето со Глобил? Дека на негова душа одат четвртата и петата утакмица во сезоната од 50 и повеќе сосе куп и лш? Дека и тој сфаќа дека средината ни е најголема болка па ја појачва со најдобрио играч шо го имаме, Дибала? Па сега на почеток ако не експериментира кога? Еден куп нови играчи има, не можи туку така да ги вклопи во играта шо јувентус ја игра 5 години

За Севиља не, али за со Интер дефинитивно оди на негова душа... неможеше со Каљари да експериментира? Мораше БАШ на овој меч да прави некакви си рокади (?) во тимот?
Ако гледаш дека немаш играчи за таа и таа формација, тогаш смени ја... почни со 433 или 4312, никој не му ставил пиштол во глава па упорно да ја игра 352. Тоа ми беше муабетот, нашиве играчи не ја играле само 352 формацијата, па да незнаат со друга да пробат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom