Vartolu
The Infamous Mobb
Сасуоло стана она што беше Сиена на времето, втор тим на Јувентус. Но мора да се спомне дека полека но сигурно одлично се развиваат како клуб. МАПЕИ го поседуваат клубот, поточно Џорџо Скуинци, сопственик на МАПЕИ, кои важи за добар пријател со Ањели. Има вложено доста во клубот, го откупи стадионот во 2013, и клубот не плаќа за стадион бидејќи е во сопственост на МАПЕИ. Затоа се развиваат далеку побрзо од некои други клубови што се во нивниот ранг.Лирола бекчево што играше на последниве два натпревари за Јуве на припремиве, одма по враќањето дома ќе оди во Сасуоло на калеење... бреј во Сасуоло пола тим се наши, и што е најважно и тие ќе играат во Европа сезонава![]()
Наводно, после турнеава во Мелбурн, Алегри побарал Лемина да не се продава. Переира и Хернанес најверојатно заминуваат.
Наводно, Јуве и Бешикташ се договориле за Хернанес, ама овој ја одбил понудата. Се споменува дека Лацио би можеле да го вратат назад, нешто што го прифатил Хернанес.