Шта је бре мишеви, шта сте се усрали?
Е ова сакав да ги прашам играчите на полувремето. Што се усравте бе, Господ да не слегна на теренот да игра против вас? Јас имам огромна почит за квалитетните екипи како Барса и Баерн оти играат неверојатен фудбал, ама играта во првото полувреме и првите 15 минути од второто полувреме ни беше
криминал. Па вака лошо Фросиноне и Карпи не играат против нас бе. Маркизио и Кедира немаа појма, Квадрадо галопираше без врска. Манџукич не се состави со топката, а пак приемот на Дибала му беше катастрофа. По овие 60 минути фудбал се гледа токму сегментот во кој овој Јуве има најмногу простор за напредок. А тоа е пристапот кон играта, техничко унапредување на контролата на топката под притисок и градењето акции од почеток особено против поквалитетни тимови. Не велам дека ние треба да ги доминираме Баерн, ама ако се повлечеш во сопствениот шеснаесетник освен
пораз друг исход не може да има. А ако излезеш за да загубиш, поарно ич не излегувај на теренот.
Алегри направи одлични измени денеска, секоја чест. Виде што му фалеше на тимот и го уфрли тоа иако со голема доза на ризик. Хернанес капа долу човеку, досега се што фати усра, ама во овие 45 минути барем малку си го врати достоинството. Дибала

за голчето, знам дека беше обичен гол еден на еден ама вака млад играч, прва сезона во Јуве ги заслужува сите пофалби што остана мирен и го реши Ноер без никаков страв. Сигурен сум дека доста би затрепериле во таа позиција. Замената Стураро-Кедира беше очекувана, ама одлична се покажа и замислата да се уфрли Мората кој мислам дека треба да стартува на реваншот. Ги растрча, ги размрда одлично, некако ни ја забрза играта од кога влезе. Како го помина Видал кон 90та минута кога овој направи фаул и бидејќи беше претрчан и немаше друга опција за да го запре. Штета што тој прекин не го искористивме подобро. Само да додадам дека Квадрадо иако во поле играше солидно, подобро отколку што очекував, сепак со шансата што ја промаши покажа зошто е тоа што е. Па ваква шанса против Баерн Минхен
не смее да се промаши, а особено не на начинот на кој ја шутираше директно во Ноер кој е висок голман и кој високите топки ги јаде за ужинка. Па шутни ја таа топка долу, а ако сака и покрај голот нека оди, ама не дозволувај интервенција на голманот која е 99% сигурна.
Се на се ми остана, а верувам и на сите други она глупаво чувство дека можевме да направиме подобро некои работи. Особено да смогнеме сили да нападнеме порано, бидејќи очигледно беше уште во прва минута дека Баерн е ранлив позади. Тоа скапо го плативме со два гола во нашата мрежа, а можеа лесно и повеќе да бидат. Реакцијата не беше задоцнета, али сепак против вакви тимови без игра 95 минути на врвно ниво нема позитивен резултат. Од психолошки аспект добро е што го избегнавме поразот, ама реално шансите за пролаз понатаму се мали. Алианц Арена е претешка за играње, а особено ако играме како во првиот саат од денешниот меч. Знам дека е поризично и дека може да ни се удри од глава, ама не може против тим кој доминира како Баерн
да се браниме 90 минути, а во исто време да сме свесни дека ако нападнеме може да ги искористиме нивните слабости. Со стоење пред шеснаесетникот и околу него и без никаква иницијатива, неизбежно ќе не наполнат. Се надевам Киелини ќе биде спремен за реваншот бидејќи колку и да има грешено, сепак по друго е кога тој е тука.
Глава горе сепак, очекувам да ги искршиме Интер викендов
