Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Уф, Старата дама, мај еееес, Заспаната убавица е подобро.

Ебате глупата игра. Арно му текна да трчаат во второто малку барем ќе имаат мотиви за игра на реваншот.
 
играчите на двата тима се тие, голема улога ќе имаат тренерите како ќе ги командаат.

Реков јас дека тренерите ќе ја одлучат утакмицава... овој натпревар најголем кривец е Алегри. Добро е да влезеш претпазливо против Баерн, првите 10-20 минути да ги играш катанаџо, ама неможеш бре човек сите 90 минути да се браниш!!!
Не ме боли тоа што примивме 2 гола, Баерн има страшен напад... она што ме боли е што не им дадовме ние повеќе голови, со оглед на тоа што назад беа како Фросиноне. Едвај ја закрпија одбраната, а ние играме катанаџо. ПУ, е тука ме изнервира Алегри.

Добро е што дадовме два гола, ќе биде интересно во Минхен, дотогаш ќе се вратат Келини и Сандро, али сигурно и одбраната на Баерн ќе биде комплетна


Манџата :cuc:... со право го става Макс во прв тим. Денес ни беше дефанзивец + на теренот
 
Апсолутно сум задоволен од резултатот. Се виде прво полувреме дека Алегри тактизира со 0:0. На 0:2 веќе нема што да се чува и затоа нападнаа.

Алегри максимално ги погоди измените. Хернанес ме изненади колку добро изигра, никогаш не сум го видел сезонава вака на таа позиција. Стураро импотентен против Болоња alike тимови, на Баерн гол му дава :) Сакам ваква константност, не може ова да му биде алиби за слаби настапи понатаму. За останатите немам забелешки освен едно големо браво за сите.

Одиме на победа во Минхен. Fino alla fine!
 
Уф :несвест: жива вода сум.... вечерва гледавме два различни Јувентуси. Ми се чини дека Баерн беа итекако свесни за недостатокот што го имаа во одбрана и паметно го анулираа со страшниот пресинг што ни го правеа. Ужасно очајно прво од наша страна. Второ веќе видов експлозивен Јуве што ми дава надеж за поволни вести во реваншот, Страшно добри бевме во второ, пред се борбени. Хернанес покрај тоа што ме плашеше кога влезе во игра, за кратко ме убеди дека грешам, браво друже.
Дибала и Стураро се главните „виновници“, посебно за мене вечерва ја обележа Манџото, гореше и крвареше цело време. А-у луѓе, ја спасивме вечерта... којзнае што ќе беше ако од старт гинеа вака.
Ја сум задоволен :несвест::несвест::несвест::несвест::несвест::несвест::несвест::несвест::несвест:


За А1 од Белград Сијка Пиштолова :D
 
Хернанес изглеа влегол поради повреда на Маркисио. Како и да е, добар беше чоекот.

JUVE-BAYERN/ Pessime notizie per Allegri, Marchisio out per un problema muscolare
Хмм...
 
еве на поголеми утакмици се гледа разлика меѓу маркизио и некој друг везњак у случајов хернанес, значи неможе вака не е ова фросиноне па маркизио ке си ја подавка лежерно топката до буфон бонучи лихт... треба да се изнесе понадпред па да се подаде... хернанес имаше пар дриблизи изнуди фаули иако не му е тоа природна позиција пак покажа како треба да се игра...

оваа утакмица ја сјеба судијата да му ебам вампирот стар кјеркаму со курови у рука да иде на ручок...
 
Добро е што одма на полувреме реагираше Алегри, да нападнеме и да го смени Маркизио со Хернанес. Маркизио можда и некоја повреда заработи ако го приметив убаво, али како и да е, ептен паничеше коа ќе фатеше топка. Хернанес денес беше одличен.
Вториот гол Баерн го дадоа ради Бонучи што падна и остана да лежи после дуел со Левандовски, не сум сигурен дали фаул беше, треба да се види.
Браво за менталната снага да се вратат од минус два, и добра лекција дека уплашени не може да го поминеме Баерн... повремени повлекувања да, али не пикнати на 30 метра во половина и рогање напред нон стоп... не против Баерн или Барса
 
Mн почит им покажавме 30 минути им дозволивме да играат, мн глупи голој примивме претерано мн глупи и избегливи. Сандро да беше вториот гол немаше да падни.

Хернанес најдобра утакмица досега ја размрда цела игра и ги дриблаше одлично овие на средната на Баерн. Замените одлични, можевме и 3 да постигниме ама тоа е. БРАВО се на се мадиња покажаја
 
Сега гледав некоја слика на фејсбук.

Првиот гол на Баерн е нерегуларен. Левандовски го маркира Буфон од офсајд ситуација. Али ајде нема да кукам самите се криви за глупата игра во првото.

Со Хернанес незнам шо се има случено ама онаква игра од него немам видено од времето во Лацио.

Резултатот не дека е добар ама е активен. Особено по камбекот малку мотивациски ќе делува.
Ако на ова МТВ не земат да го пренесват овај меч незнам кога ќе пренесват.
 
Туку чек бе сеа читам пак и се газам од смеење иако беа одлични.

Хернанес и Стураро против Баерн М. :pos::pos::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

да го пишеше некој ова сеа в лудница ќе го пратевме :D
 
Нека им се честито првенчињата во ЛШ на Дибала и Стураро, и да им се множат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom