Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Сега експертите дебатираа на СКАЈ, Јуве со продажбата го кренал обртот на многу големо ниво, се очекува да се потрошат сега салам пари и да се донеси класа играч. Истите го оправдаа потегов на Јуве со оглед на години, должина на договор и историја на повреди.

Алегри ја имал довербата во Перејра кој го гледал како исти Видал и Стураро.

Парите ќе биле вложени на јака/и звезда/и.

Мора да му се верва на Марота мислам дека ќе дојди големо име.
 
Да не ви ја расипувам атмосферата, но Озил сигурно останува во Арсенал.
 
Да не ви ја расипувам атмосферата, но Озил сигурно останува во Арсенал.
И јас 99% сум сигурен дека ќе остани но муабетот беше дека доколку би се продавал го имаме кешот :)
 
Меси ќе го земеМе, Адидас ни е спонзор, ќе го излажат некако. Они ќе го убедат и плата ќе му дадат. :D


:D
 
Последно уредено:
Добра ноќ...

Davids-Juventus.jpeg
 
Меси ќе го земеМе, Адидас ни е спонзор, ќе го излажат некако. Они ќе го убедат и плата ќе му дадат. :D

И ќе го позајмиме во сасуоло да се привикни на сериа а
 
Гладна кокошка, просо сонила... си ги прибраа јаките репрезентативци од селекцијата Баерн и туку-така сега ќе ги пуштат.... сериозно се надевате за Геце? :confused:

Бајдвеј, со среќа нека му е на Артуро, ако е официјално. И мене некако ми делува дека пресудно за овој трансфер е „проблемот“ со коленото. Можеби и во мала доза и годините... а најдобро си знаат од управата(да ги ебам сите до еден).
 
40 милиони + бонуси, најверојатно е готово. Toa e бројка која ја пишува Ла Стампа, весник кој е во сопственост на Ањели, така да може да се смета дека готова е работата.

Дали е правилен потег, или не, тоа ќе се види на крајот на следната сезона. Ќе се види какви перформанси ќе покажи Видал во Баерн, како ќе ги искористат парите Марота и Паратичи, и каква е замислата на Алегри за Јуве во следната сезона.

Како што веќе напишав, ова беше последното лето каде можеше да се извај добра сума на Видал. Наредното лето ќе беше 1 година до крај на договор, и ќе вредеше максимум 17 милиони.

Е сега, ние како навивачи/симпатизери ја гледаме големата слика која ни ја прикажуваат медиумиве. Додека Ањели, Марота и Паратичи ги знаат и најситните детали кои никогаш нема да испливаат во јавноста, но никој не знае каква е состојбата. Можеби Видал одбивал да продолжи нов договор, па Јуве мораше да го продава за да не го изгуби за без пари (како во случајот кога и го купи од Леверкузен, 1 година од истек на договор)...Можеби Видал се полакомил по 6.5 милиони плата кои ќе ги зема во Баерн па Јуве нема намера сосила да го држи играчот...Затоа потполната слика, не е баш толку едноставна како што си ја претпоставуваме, туку има милион фактори кои влијаат директно или индиректно на настаните, а тоа си се отсликува на одлуките кои ги носи Управата, која нормално сигурно нема да излези на пресконференција и да ја опишува цела ситуација и медиумиве да си прават ТВ новели.

Можеби е прерано, нема сеуште официјализирање на трансферот, но се знае дека никој играч не е поголем од клубот. Јуве го издржа заминувањето на Зидан, Дел Пиеро, Баџо и еден куп легенди кои го имаат носено дресот.

FORZA JUVE FINO ALLA FINE!!!
 
Нешто сигурно се случило во позадина сигурен сум или Марота има капарено нешто....

Иначе мило мие дека ојде во Баерн а не во некој клуб од Англија, барем во Баерн ќе го ценат како играч.
 
Колку годишно зема Видал кај вас? Чудно ми е зашто не ми се верува кај нас да зема 6.5 годишно. Мислам дека ќе биде повеќе.
 
Колку годишно зема Видал кај вас? Чудно ми е зашто не ми се верува кај нас да зема 6.5 годишно. Мислам дека ќе биде повеќе.
toa e neto plata taka gi smetaat vo italija sto ke mu dojde nekade 11 mil bruto vo germanija. Ja mislam ke mu dadat isto kolku na schweini sto mu davaa 10 mil taman on gi oslobodi so zaminuvanjeto neveruvam da mu dadat poveke od toa poso ke ispadne vtor najplaten posle ribery
 
За чудо ич не ме погоди трансферот. Многу повеќе ме плашат заминувањата на Пирло и Тевез, отколку ова на Видал. Плус што е 40 милиони, одлична сума уште толку придонесува да не ме нервира трансферот. Сега убаво и систематски треба да се прегледа што и како понатаму со клубот, бидејќи очигледно е дека летово имаме неочекувана револуција. Сепак не треба да се крева паника воопшто, бидејќи овој тим додека го држи костурот од одбраната и натаму е фаворит бр.1 за првенствово. Паника ќе треба да се крене кога ќе почнат да се растураат Барзаљи, Бонучи, Киелини и Лиштајнер, па овде би го додал и Маркизио.

Друго што ме плаши за наредната сезона е Алегри, поради неговото искуство во минатото со заминување на битни фудбалери од тимот. Доверба немам во него, веројатно и никогаш нема да имам и затоа се плашам да не ги користи продажбите како алиби за некои киксови или лоши резултати.

До крајот на летото ништо да не промениме, пак Серија А мора да освоиме. А 100% сум сигурен дека ќе се доведат уште барем 2-3 важни играчи.
 
Со трчањето по Алекс Сандро по се изгледа Асамоа ќе се врати да игра на неговата природна позиција. Ако навистина фураме 4-3-3 тогаш Асамоа, МАркизио, Кедира, Погба, Переира, Стураро се доволно за CM.

Сите го сакаме Видал но додека беше во лоша форма не се осети неговото отсуство на теренот а Переира одлично ја бркаше работата не дека е на негово ниво но има одличен потенцијал да го стигни а моторот е тука трча ко ненормален.
 
Со трчањето по Алекс Сандро по се изгледа Асамоа ќе се врати да игра на неговата природна позиција. Ако навистина фураме 4-3-3 тогаш Асамоа, МАркизио, Кедира, Погба, Переира, Стураро се доволно за CM.

Сите го сакаме Видал но додека беше во лоша форма не се осети неговото отсуство на теренот а Переира одлично ја бркаше работата не дека е на негово ниво но има одличен потенцијал да го стигни а моторот е тука трча ко ненормален.
Кој би биле крила во 4-3-3?

Едит: Juventus have revealed that the fee for the defender amounts to £7.9 million, spread over three years.

Ова е за Огбона. Изгледа и нам ни купуваат играчи на рати, само не забележуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom