Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Се гледа каква клучна алка се Маркизио и Мората. Немаме игра без нив. Првиот повлекува многу и оттргнува дел од притисокот врз Тевез, а вториот е неверојатен столб во средината. Сече топки, трча ненормално многу, а има и креативност во нозете.

Иначе нека ни е честита 10тата круна во купот. Психолошки победа во финале секогаш добро влијае, иако не стигнавме баш на посакуваниот начин. Но во финале нема начин, едноставно има цел која мора да се постигне на било кој начин.

Сепак во Берлин ќе гледаме друга приказна. Јас искрено верувам дека може да освоиме, но со многу мозок и борење на теренот.
 
Малку ме разочара синоќа Алегри со поставеноста на играта, беше очигледно дека тотално не надиграа. Се надевам дека ова ќе му биде памет за во финалето во ЛШ да не игра вака.

Играчите изгинаа на терен, Љоренте ептен ме разочара, максимално, еден Матри што ја прошета цела Италија му фати место :(... Ништо, мора да го продадеме летово додека си држи некаква цена, и тие пари што ќе ги добиеме од него, да се инвестираат во некој друг играч.


П.С.

st.gif


:pipi:
 
Во вчерашниот натпревар видовме колку голема дупка е неиграњето на Мората кој знае и топка да повчеи и да дади гол .Погба изигра страшно лошо но затоа тука е секогаш одличниот Переира кој ја разигра цела средина вчера .Порло беше на ниво загуба би било ако си оди летово ,барем да уживаме со него уште една година .
Љоренте мора да се продади не е тој веке за во Јувентус .
Од небитните играчи Матри ни го донеси купот а Стураро ни донесе финале Лига на Шампиони (се секавате сигурно во Торино како му ја симна топката од главата на Џејмс Родригес мислам беше па удри во пречката на 1-1 )
 
баш ме интересира дали ќе ги имаме сите 4 ѕвезди наредна сезона на дресовите?
 
Честитки за тимот, фала курцу, после 20 години ја дочекавме и таа сребрена ѕвезда.
Иначе ужасано игравме поголемиот дел од 120те минути.Ама така е тоа у финале, доволно е да се искористат шансите, и со малку среќа се станува победник.
 
Честитки за тимот, фала курцу, после 20 години ја дочекавме и таа сребрена ѕвезда.
Иначе ужасано игравме поголемиот дел од 120те минути.Ама така е тоа у финале, доволно е да се искористат шансите, и со малку среќа се станува победник.

Прво полувреме треба да им се даде кредит и на Лацио,ме изненадија колку агресивно почнаа ама во второ паднаа физички ипак изгинаа на терен,ова е доказ дека во финале нема фаворит,со гинење на терен и давање се од себе се може да се случи.
 
Алегри не ми се допаѓа што е стаен, но не плукам. Ќе го оставиме да видиме што ќе покаже, па после се по список на форум ќе му наредиме, ако се исере. Го прашаа нешто за Пирло, разбрав само кампионе кампионе, бла бла. Ќе ја чекам после на Енглески, па ако не ме мрзи цела ќе ја прегледам. Се надевам дека единственото напуштање ќе биде ова на Конте, а не и на они главни играчи.


Ми беше досадно, па си барав некое гомно да не сум изел. :D
Koлку плукање има од 2520+, чудо едно.
 
Сите ќењаа зошо игра Конте 352, и дека така неможе у Европа, Макс финале ќе игра :D

@Mr.47 ја ги вртев на полусезона некаде ,страшни матријали за цитирање има :zloo:
 
JuventusMK.com
пред 20 минути ·
Масимилиано Алегри најверојатно ќе биде новиот тренер на Јувентус. Шпекулациите говорат дека синоќа тој ги договорил сите детали со Јуве и дека уште денеска би можел да биде во Виново (Ди Марцио)



Моето прво скромно мислење за Алегри... :LOL:

Сите имавме исто мислење за Макс, па дури и @DeviAngel го викаше Марионетка, а сега му е прва најголема љубов :')

Со право тогаш мислевме така, и другите што не навиваат за Јуве го мислеа слично. Во Милан човекот беше марионетка на ГиБ, со тимот постојано правеше некакви си глупи ротации, и најважното успеа да ја изгуби титулата со Милан од "Скапаниот Јувентус" со дебитантот Конте.

Кој би помислил дека во Мај ќе го освоиме скудетото, купот + ќе играме финале во ЛШ...

Не озбилно, помислете само на моменнт :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom