Ај сега кога ми олади малце главата да направам рецензија за вчерашниот дуел, и евентуално целава сезона...
Дури и најмалите деца што пратат фудбал, знаат дека 3-5-2 не успева во Европа. Ете толку беше максимумот со оваа формација, ни се падна Трабзонспор кои лесно ги тепавме, потоа Фиорентина која ја испративме дома заради голот на Пирло, и моментално мртвиот Лион кој сепак после се не изгледаше на наивен противник. Ќе наидеме на некоја посериозна екипа од типот на Бенфика, и одма го јадеме стапот. Бенфика и покрај тоа што нејзините фудбалери пола натпревар го прележаа на теренот, сепак одиграа фантастично, сите приоди ни ги затворија, едноставно не угушија, ништо не поминуваше кај нив. Мислам дека е доста од ѕмиздрењето на Ањели и Марота како тоа Јувентус не може да се носи финансиски со другите екипи од Европа.Епа да ми простите што ќе ви го кажам ова, но моментално сме единствениот клуб во Италија кој има сопствен стадион, и моментално сме трипати по ред шампиони на Италија, е од тоа ако не се добиваат големи финансиски средства тогаш незнам што да кажам. Несакам бе на лето трансвери од типот на Менез кој му истекува договорот во Јуни... сигурно да чинел барем малце, ќе му го продолжеле Парижаните, ама не ние сме се фатиле ко слепи за стап, па него ќе го земаме, и ај да почнеме заеднички да дркаме на Жереми Факинг Менез. Оди фрли пари, 30/40 милиони на Гајтан, па Господ да те види, мака ми е што со вакви трансвери се задоволуваме. На лето да го продадат Погба за 70 милиони, пак ќе излезат Ањели и Марота со нивното оправдување дека немаат пари за трансвери.
Да се навратиме на вчерашниот меч, не ми е јасно зошто упорно го играат оној ПЕС/ФИФА систем кога е кај голманот топката, да ја подаде до најблискиот играч, а не да ја рогне на средина на терен. Губиме барем минута ипол додека да ја изнесиме топката од наша половина, дури и малите екипи од Италија ни го прават овој притисок, и не ни доаѓа памет. Друго, што е финтата што од корнер топката се враќа на голманот...? Каде е овде логиката? Понекогаш имам чувство дека некој од нашиве играчи да излезе сам очи во очи со противничкиот голман, ќе ја вратат пак топката кај Буфон... Трето, убаво пиша некој погоре, и јас не памтам кога сме направиле класична контра, онака без многу пимплање и чекање на противничките играчи да ја завземат својата позиција. Видовте ли како не јадеа Бенфина на контри на првиот натпревар? Или Реал како го доби Баерн??? Премногу ни ја кочи оваа формација играта, премногу тешко доаѓаме до противничкиот гол. А и можам слободно да му кажам на Конте да не јади многу гомна дека немаме играчи за 4-3-3 формација... кога и тој самиот е крив што секој трансвер период му бара на Марота играчи за типична 3-5-2 формација... и потоа сме немале играчи, сме неможеле одиграме со друга тактика... епа неможеме, цело време се осврнуваме на една формација, што веќе и екипи од типот на Сасуоло и Пескара не научија како играме, ама редовно ги добиваме заради поквалитетните играчи што ги имаме. Азамоа неможе целосно да ги прикаже своите квалитети, и е ограничен дека не го игра на неговата природна позиција заради ебената 3-5-2 формација. На лето несакам никаков изговор, или ќе зема играчи што во секое време ќе може да ја промени формацијата, или уште долго време ќе не лупаат тимови во Европа од типот на Галата, Нордсјеланд, Копенхаген... 4-3-3 и 4-5-1 се моментално најзастапени во фудбалскиот свет, па дај да му ебеш мајката, кога гледаш дека не оди веќе со иста формација 3 години, па сменија, нема да биде крај на свет. Не јадат на контри, десерт им станавме на екипиве од Европа.
Многу сум разочаран од сезонава, ништо не видовме од оној Јувентус што играше со срце предходните 2 години, каде ти беше мерак и да изгубат, ама барем оставиле душа на терен... ова моментално што го гледам е барга бездушници, кој очигледно си се задоволуваат само со ебеното Скудето. Секоја чест за Џиџи, Касерес, Азамоа, Маркизио и чат-пат уште некој што навистина сакаат да го вратат Јувентус на големата Европска сцена, ама нажалост ни тие не се семоќни. Мора да се направат радикални промени летово, не е ни чудо што цела Италија е Европа ги исмејува дека неможат да успеат во Европа. Моменталниов тим што го имаме е доволен само да биде Шампион на Италија, и евентуално да се квалификува во Осминафиналето во ЛШ, каде што некоја боса екипа одма ќе не натрти, и повторно ќе не спушти на земја. Моја моментална оцена за оваа сезона од 1 до 10 е чиста 4. Стануваме Шампиони на Италија, и редовно го јадеме од босите екипи во Европа .
Ама ај, да ги оставиме и официјално да го освојат скудетото, нека ги одиграат преостанатите 3 натпревари, нека се порадуваат малце, па ќе видиме на лето до кај ни се можностите....
Форца Јуве!!!