Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.340
- Поени од реакции
- 18.793
Денес се видоа сите лимити во овој состав што ги споменуваме долго време. Никакви решенија од клупата, никакви тактички алтернативи и едноставна ограниченост на неколку играчи. Па и тие играчи се луѓе не се роботи и мора некогаш барем малку адекватно да бидат заменети. Ама нема кој во нашиот состав. Идиоти напаѓачи на клупата неспособни да дадат гол или пак некоја индивидуална работа, освен како овој недоделканиот да се степаат со некој балканец да се испцујат до 7мо колено и толку. Фудбалски ништо.
Баш размислував кој може да внесе Конте од клупата кај 70та. Никој освен Маркизио кој се прашувам што бараше 80 минути на клупата во формата во која игра. Кога влезе веднаш создаде две изгледни ситуации за Лихштајнер кога не успеа да ја прими и за Погба кога беше во офсајд за поништениот гол на Освалдо. Сериозна грешка на Конте денеска што стартуваше без него.
Нема што да кажам за Џовинко и Освалдо или за оние кои стартуваа. Се обидоа, не дека не, ама се гледаше дека не е доволно. Едноставно квалитетот не им беше доволен за да ја внесат топката во мрежа. Имавме шанси, ама не толку колку што се потребни за да се постигне гол. Бенфика од друга страна дојде и го зеде она што им треба со одлична игра во одбрана. Искрено ваква точна и компактна дефанзива не сум видел досега. Нула е Челзи на Мурињо против Ливерпул во споредба со ова. Јуве денеска и не беше толку непрецизен во нападот колку што овие не дозволија топка да падне. Луисао го доби секој можен воздушен дуел и чисто ги исфрлуваше топките на многу сигурни места. Љоренте се загуби и од 1-2 ситуации каде што можеше да направи нешто му се испушти топката. Ама што да прави човекот кога е таков тип на играч, кој не може да го игра секој натпревар. Му треба замена. За жал во Јувентус таа замена, таа ротација не постои.
Разочаран сум. Иако не му давав значење на овој трофеј, дури и сега кога ги изгубивме шансите не му давам многу, ама пак сум разочаран. Сепак ми се допадна однесувањето на Конте на крајот кога ги врати играчите да се поздрават и да бидат поздравени од публиката. Можеби тој поздрав најмногу треба да биде упатен кон Марота и Ањели за да знаат дека во овој Јувентус треба и те како да се инвестира. Доста се тие играчки и експерименти со просечни играчи и она ненормално ценкање.
Потребен му е квалитет на овој состав за да може да биде наречен вистински состав на Јувентус. Тренерот каков-таков добар е. Одредени играчи исто така заслужуваат да бидат дел од посилен Јувентус, но на барем 5-6 треба да им се покаже вратата и надвор. Составот мора да се прошири и квантитативно и квалитативно.
Секое добро.