Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Денес се видоа сите лимити во овој состав што ги споменуваме долго време. Никакви решенија од клупата, никакви тактички алтернативи и едноставна ограниченост на неколку играчи. Па и тие играчи се луѓе не се роботи и мора некогаш барем малку адекватно да бидат заменети. Ама нема кој во нашиот состав. Идиоти напаѓачи на клупата неспособни да дадат гол или пак некоја индивидуална работа, освен како овој недоделканиот да се степаат со некој балканец да се испцујат до 7мо колено и толку. Фудбалски ништо.

Баш размислував кој може да внесе Конте од клупата кај 70та. Никој освен Маркизио кој се прашувам што бараше 80 минути на клупата во формата во која игра. Кога влезе веднаш создаде две изгледни ситуации за Лихштајнер кога не успеа да ја прими и за Погба кога беше во офсајд за поништениот гол на Освалдо. Сериозна грешка на Конте денеска што стартуваше без него.

Нема што да кажам за Џовинко и Освалдо или за оние кои стартуваа. Се обидоа, не дека не, ама се гледаше дека не е доволно. Едноставно квалитетот не им беше доволен за да ја внесат топката во мрежа. Имавме шанси, ама не толку колку што се потребни за да се постигне гол. Бенфика од друга страна дојде и го зеде она што им треба со одлична игра во одбрана. Искрено ваква точна и компактна дефанзива не сум видел досега. Нула е Челзи на Мурињо против Ливерпул во споредба со ова. Јуве денеска и не беше толку непрецизен во нападот колку што овие не дозволија топка да падне. Луисао го доби секој можен воздушен дуел и чисто ги исфрлуваше топките на многу сигурни места. Љоренте се загуби и од 1-2 ситуации каде што можеше да направи нешто му се испушти топката. Ама што да прави човекот кога е таков тип на играч, кој не може да го игра секој натпревар. Му треба замена. За жал во Јувентус таа замена, таа ротација не постои.

Разочаран сум. Иако не му давав значење на овој трофеј, дури и сега кога ги изгубивме шансите не му давам многу, ама пак сум разочаран. Сепак ми се допадна однесувањето на Конте на крајот кога ги врати играчите да се поздрават и да бидат поздравени од публиката. Можеби тој поздрав најмногу треба да биде упатен кон Марота и Ањели за да знаат дека во овој Јувентус треба и те како да се инвестира. Доста се тие играчки и експерименти со просечни играчи и она ненормално ценкање.

Потребен му е квалитет на овој состав за да може да биде наречен вистински состав на Јувентус. Тренерот каков-таков добар е. Одредени играчи исто така заслужуваат да бидат дел од посилен Јувентус, но на барем 5-6 треба да им се покаже вратата и надвор. Составот мора да се прошири и квантитативно и квалитативно.

Секое добро.
 
Се надевам на Конте ќе му биде продолжен договорот и дека управата летото ќе ги исполни неговите барања за доведување на 2-3 квалитетни играчи. Конте е виновен за 3 последователни освоени скудета, и сега Конте не чинел. Треба малку да се преиспитате што сакате, не треба тренерите да ги менуваме како чорапите кога ќе ни текне.Знам дека сега уште не сте ,,изладени,, сигурно Конте на лето да му донесат прави играчи за формација 4-3-3 и 4-5-1 ќе игра со таква формација. Не можеме ние да знаеме повеќе од тренерот кои по цели денови е со играчите, ја знаe нивната форма и како тие би одговориле на дадените задачи.
 
Последно уредено:
Фала му на Конте за се ама време е да се бара негова замена. Најозбилно преку таквото од италијанско првенство. Џабе ебеш цура од твое село кога тие од град не те фермаат. Не го бива за Европа и точка. Вечерва ми приреди поголемо разочарување од поразот од факинг Галата. Сега испадна од полсаби и од турците. Да му се искењам на титулата у мизерното Калчо!!!
А што замена би имал кога директоров има влашко потекло, цинцар невиден. Рибата смрди од главата. Колку што е Конте виновен, чаушиве горе се дупло
 
Денес се видоа сите лимити во овој состав што ги споменуваме долго време. Никакви решенија од клупата, никакви тактички алтернативи и едноставна ограниченост на неколку играчи. Па и тие играчи се луѓе не се роботи и мора некогаш барем малку адекватно да бидат заменети. Ама нема кој во нашиот состав. Идиоти напаѓачи на клупата неспособни да дадат гол или пак некоја индивидуална работа, освен како овој недоделканиот да се степаат со некој балканец да се испцујат до 7мо колено и толку. Фудбалски ништо.

Баш размислував кој може да внесе Конте од клупата кај 70та. Никој освен Маркизио кој се прашувам што бараше 80 минути на клупата во формата во која игра. Кога влезе веднаш создаде две изгледни ситуации за Лихштајнер кога не успеа да ја прими и за Погба кога беше во офсајд за поништениот гол на Освалдо. Сериозна грешка на Конте денеска што стартуваше без него.

Нема што да кажам за Џовинко и Освалдо или за оние кои стартуваа. Се обидоа, не дека не, ама се гледаше дека не е доволно. Едноставно квалитетот не им беше доволен за да ја внесат топката во мрежа. Имавме шанси, ама не толку колку што се потребни за да се постигне гол. Бенфика од друга страна дојде и го зеде она што им треба со одлична игра во одбрана. Искрено ваква точна и компактна дефанзива не сум видел досега. Нула е Челзи на Мурињо против Ливерпул во споредба со ова. Јуве денеска и не беше толку непрецизен во нападот колку што овие не дозволија топка да падне. Луисао го доби секој можен воздушен дуел и чисто ги исфрлуваше топките на многу сигурни места. Љоренте се загуби и од 1-2 ситуации каде што можеше да направи нешто му се испушти топката. Ама што да прави човекот кога е таков тип на играч, кој не може да го игра секој натпревар. Му треба замена. За жал во Јувентус таа замена, таа ротација не постои.

Разочаран сум. Иако не му давав значење на овој трофеј, дури и сега кога ги изгубивме шансите не му давам многу, ама пак сум разочаран. Сепак ми се допадна однесувањето на Конте на крајот кога ги врати играчите да се поздрават и да бидат поздравени од публиката. Можеби тој поздрав најмногу треба да биде упатен кон Марота и Ањели за да знаат дека во овој Јувентус треба и те како да се инвестира. Доста се тие играчки и експерименти со просечни играчи и она ненормално ценкање.

Потребен му е квалитет на овој состав за да може да биде наречен вистински состав на Јувентус. Тренерот каков-таков добар е. Одредени играчи исто така заслужуваат да бидат дел од посилен Јувентус, но на барем 5-6 треба да им се покаже вратата и надвор. Составот мора да се прошири и квантитативно и квалитативно.

Секое добро.

mondonico1024.jpg

:icon_mrgr:
 
Маркизио ако добиеше жолт картон ќе го пропуштеше евентуалното финале, мислам дека затоа не стартуваше Конте со него.
 
А што замена би имал кога директоров има влашко потекло, цинцар невиден. Рибата смрди од главата. Колку што е Конте виновен, чаушиве горе се дупло
Aбе ОК, испадна од доминантниот Барен во ЛШ, не му замерив, испадна од екипа од рангот на Ливорно во ЛШ, пак не му замерив ама ова кај мене ја прели чашата. Па полупознативе играчи на Бенфика поарни да не се од тие што Конте ги има на располагање? Многу сум разочаран од Конте оваа сезона. Титулата (уште неосвоена) во македонско, овај италијанско првенство сезонава не му ја признавам за успех, исто и таа ланската. Единствено направи успех првата сезона кога од седмо место ги направи шампиони и затоа реков фала му. Овие другите во ваква боза лига и не се некој особен успех.
 
Ни требаат смена на формација 4-3-3 следна сезона и играчи кои може да играат во таква формација.Конте има изјавено многупати дека немаме играчи за 4-3-3 и немаме брзи и технички играчи кои може да направат контра,тука сме лимитирани и технички спремни тимови како Бенфика,Реал лесно се справуваат со нас кои имаат такви играчи.

Конте има покажано дека не е тврдоглав и дека знае да смени формација.
 
Не е проблемот до формацијата, до тренерот е. Одговорно тврдам дека Конте во двете европски авантури не го искористи максимумот на играчите со кои располага. Екипи кои во Италија би биле во вториот дел на табелата глатко ни вадеа бодови и не победуваа. Не го бива човекот и тоа е тоа.
 
Друг проблем исто што го имам приметено кај Јуве е проблемот во однос транзиција - против напад т.е. контра. Ние немаме брзи и технички потковани крила коишто тоа би го изведеле и затоа играме со 3-5-2 и во таков случај топката ја зимаме ја враќаме назад и почнуваме да ја градиме играта а противничките играчи се веќе позиционирани, со прави крилни играчи во 4-3-3 таквите контри ќе ни донесат голови бидејќи тогаш противничката одбрана е најранлива кога не е распоредена. Сепак мора да се донесе некој играч што ќе го заменува и Пирло, годините си го прават своето.
 
ahhhhhhhhhhhhhhhhh vremetooooooooooooooooo :((((((((((

ti ebam gaitan , perez i mockovci markovic.... ahhhh THURAM sto ke im praeseeee

1526830_604105499656103_1650443455_n.jpg
 
дечки пропаднавте и Вие.
барем да воведат да се игра за 3 место, да се играме :place::place:
Како што гледаш нас многу не ни е мака :rolleyes: пошо не не бидна 97 минути. Кај вас е поголема фрка што падна гол во 94 мин а го посакувавме ние.
 
Не е проблемот до формацијата, до тренерот е. Одговорно тврдам дека Конте во двете европски авантури не го искористи максимумот на играчите со кои располага. Екипи кои во Италија би биле во вториот дел на табелата глатко ни вадеа бодови и не победуваа. Не го бива човекот и тоа е тоа.

И што сеа после една неуспешна сезона во Европа одма да го шутнеме Конте?и кој да земеме?Мојс?
 
Не е една две се, од кој во вторава успеа да доживее два неуспеха. Не го бива за Европа и тоа е. Ништо не зборев се до вечерва, еден ваков пост немам напишано како претходниве три-четири. Вечерва ми се прели чашата. Му го простив Нордсјиланд, му го простив Баерн, му го простив Копенхаген, му го простив Галата ама ова е врвот. Не сакам да гледам како освојуваат сто години по ред првенство каде што се најјаки и не е успех да го освоиш туку е неуспех да не го освоиш а притоа во Европа да бидат монета за поткусурување.
 
Утре ќе пишам нешто поопширно, сега премногу сум нервозен една реченица да склопам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom