Какви дебили имаме во тимот од типот на Освалдо и Вучинич, вечни таленти како Џовинко, непотребни играчи како Квалјарела додека во исто време млади, талентирани и надежни играчи ни гнијат во селски клубови каде што не верувам дека добиваат и правилен физички тренинг за да станат пред се атлетски способни што е клучно за еден фудбалер денес, а потоа чисто се сомневам дека во вакви клубови стекнуваат способност за тактичко поставување и играње различни улоги.
Не можам да си одговорам на прашањето што бараат во тимот играчи како Вучинич и Освалдо, додека Заза и Берарди ги арчат своите таленти во Сасуоло. Покрај оваа мистерија би ја додал и онаа на играчот т.н десен крилен бек Маурицио Исла.