Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Самата Федерација му копа гроб на Италијанскиот фудбал, со вакви бламажи, територијални и друг вид дискриминации. Резултатот е видлив за сите, а тоа е благодарение на таквите ‘‘кадри‘‘ кои го водат фудбалот.
 
ау ау дизајнот :love: :

BbllQz_CMAAKMf_.png
 
Дресот... :sick:

ИНАКУ!!!
Менез се договори со Јувентус

Офанзивниот играч за врска на ПСЖ и француски репрезентативец Жереми Менез постигна договор со италијанскиот гигант Јувентус, па сега останува да се види дали ќе се пресели во Торино веднаш или во јуни.
Еминентниот „Екип“ денес потврди дека договорот помеѓу Менез и Јувентус е постигант и сега останува двата клуба да се договат за трансферот.
Договорот на Менез со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и играчот веќе му потврдил на францускиот шампион дека нема намера да го продолжи истиот. Поради тоа тој веќе потпишал преддоговор со „старата дама“ и сигурно кариерата ќе ја продолжи во Торино.
Јувентус сака веднаш да го има во своите редови и му понудил на ПСЖ симболична сума од 2 милиони евра, па сега останува да се види дали „светците“ ќе го пуштат Менез да трансферира оваа зима, или тоа ќе го направи следното лето како слободен играч.


ТРОЛУ ЕДЕН, ЉУБИМ ТИ ТВОЈИ ОЧИ :vozbud:
 
Замисли му ја фацата кога им понудил 2 милиони на оние замотените :pos:
 
Like a Boss... :cool::cuc:

Marotta1.jpg

--- надополнето: 20 декември 2013 во 15:13 ---
--- надополнето: 20 декември 2013 во 15:21 ---
И се разбира, Марота нема да биде Марота ако не донесе некои боси играчи :icon_lol:

Гостувањето на Јувентус во Бергамо против Аталанта ќе биде последен натпревар за оваа 2013 година, а веднаш по последниот свиреж Бепе Марота најверојатно ќе ги отпочне подготовките за престојниот јануарски преоден рок.
Се шпекулира дека Аталанта е силно заинтересирана за Симоне Падоин и Федерико Пелусо, фудбалери кои дојдоа во Јувентус токму од клубот од Бергамо. Во целата оваа приказна може да се вклучи и Паоло Де Чеље, кој се помалку и помалку добива шанса да игра.
Во спротивен правец би тргнале релативно помлади фудбалери. Првиот е Џакомо Бонавентура кој е роден 1989 година и кој игра по крилната позиција. Останатите се фудбалери родени во 1992 година и тоа се Даниеле Басели од средниот ред и Давиде Запакоста, кој игра како десен бек. Овој вториот е во косопствеништво меѓу Аталанта и Авелино, а имаше можност да игра и во куп натпреварот токму против Јувентус.
 
Браво за Марота, навреме си ја завршува работата со слободните играчи, иако не ми се верува дека има понудено некаква сума за јануарскиот преоден рок. Уште да искешира за лев бек и конечно можеме да ја смениме 3-5-2.
 
ПСЖ барале 3,5 милиони за Менез, Марота нудел 2... Зар се проблем 1,5 милиони за тролот... :pipi:
 
ПСЖ барале 3,5 милиони за Менез, Марота нудел 2... Зар се проблем 1,5 милиони за тролот... :pipi:

Мораме ли да се брзаме зимата да дојде. И онака нема да биде потребен со оглед на тоа што не играме ЛШ. Дојде ли Јуни веднаш без пари :icon_mrgr:
 
Мораме ли да се брзаме зимата да дојде. И онака нема да биде потребен со оглед на тоа што не играме ЛШ. Дојде ли Јуни веднаш без пари :icon_mrgr:
Па што мислиш? Зарем Марота би фрлил за џабе 3.5 милиони евра? Знаејќи го него шансите да им даде 3.5 милиони се минимални посебно што Јувентус дава симболични 2 милиони, а овие бараат 3.5м. Марота, хмм..
 
А никој не спомна дека Марота знае да се ценка, подобро и од оние во Шутка. Проблем ли се 1,5 милиони :icon_lol:. Чим шеицине до Сити почетна сума за Тевез ставија 20 милиони, а ние го земавме за 9, рачунајте дека овие од ПСЖ ќе ни платат за да го земеме Менез :pos:
 
Како можен играч кој може да го засили играчкот кадар на Јувентус се споменува играчот на Лацио Сенад Љуич. Како што се шпекулира можно Љуич да се пресели во Јуве уште во Јануарскиот преоден рок. Екипата на Лацио за овај играч бара 15 мил.евра што не би требало да представува проблем за Џусепе Марота. Како што пишува Калчо маркато Јувентус е заинтересиран и за услугите на напаѓачот на Базел Mohameda Salaha. Имено Сенад Љуич игра на позицијата лево крило но може да игра и на лев бек.
Старата дама ги победи екипите на Арсенал, Манчестер Сити и Удинезе за сјајниот млад играч Grigorisa Kastanos играч кој е роден во 1998 година, а скаутите на Јуве посебно ги импресионира со своите настапи против Германија. Вчера се појави веста дека во последен момент во трката за овај играч се заинтересирани Арсенал Сити и Удинезе, но како што пишува порталот ТутоЈуве Јувентус ги довороил сите детали околу неговиот потпис. Имено Кастањос игра на позицијата офанзивен играч за врска но може да игра и на позицијата на Seconta punta. Игра одлично и со лева и со десна нога. По постигувањето на договорот со Кастањос Јувентус осигура уште еден перпективен играч. Кастањос имено доаѓа од Кипар.
 
Се пишува дека во врска со Менез договорено е се и дека доаѓа во Јануари, а трансферот би чинел 3 милиони.
 
Самата Федерација му копа гроб на Италијанскиот фудбал, со вакви бламажи, територијални и друг вид дискриминации. Резултатот е видлив за сите, а тоа е благодарение на таквите ‘‘кадри‘‘ кои го водат фудбалот.

ги фати криза за пари. треба на светско да се оди допрва... :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom