Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Друга беше работата што ние го пуштивме Погба. Го доведовме како детиште, клубот му овозможи топ услови за него и за неговото семејство (стан, работа), доби ептен подобар третман во однос од сите негови врсници и од него се бараше само трпение зошто се гледаше дека е играчиште во најава. САФ ќе го пуштеше да игра, дали за 6 месеци порано или покасно ќе ја добиеше минутажата со оглед на конкурентноста на неговата позиција. Тој се полакоми на вашата понуда која беше дупла од нашата и по разговорот со САФ каде увидел за какво лигле се работи и покрај се што му било овозможено доби шут карта од ОТ. САФ ради тој карактер бркал играчи како Бекам, Кин...не пак некое детиште тогаш како Погба. Значи слаб му е карактерот и е кеш марионета на Раиола. Ќе биде играчиште и самите ние сме свесни дека испуштивме премногу добар талент, но неговиот карактер е проблемот за секој клуб во кој настапува.

Мислам дека Јуве со Марота кој во минатото направил одлични зделки и заедно со Конте ќе ја извадат најдобрата солуција околу Погба со оглед дека сеуште има важечки договор уште 3 сезони.

Лично мене не ме интересира карактерот на играчот, доколку дава максимум на теренот. Не си свесен колку имам другари што го мразат Киелини ради карактерот, ама го респектираат и го сметаат за еден од најдобрите на неговата позиција. Значи без разлика што се лакоми за парите, дечкото сега има уста да бара пари од причина што не зима ниту милионче а веќе е меѓу подобрите во Јуве. Убаво пиша еден член погоре, Де Чеље зима 5 пати повеќе од Погба а дреме на клупа.. Ја секако дека би му дал и 3 милки и ем ќе склучи подолг договор, ем ќе си ќути, ќе си игра и ќе му расте трансфер цената. За 3-4 години ќе биде најјак на негова позиција слушај ми го зборот, а тек ќе има 23-24 години.. Има потенцијал, има физички предиспозиции, има визија, има шут (според мене најјак шут од сите во Јуве) буквално се има...
 
Раиола е наш човек, му дадовме многу пари за да ги донесе Погба и Буи кај нас така да не верувам дека ќе почне да прави глупости со Погба, барем не следните 2 сезони.
 
Е ова коќе прочитам као демек саф му ги манал клоците на Погба, како избркал играчи како бекам дрн дрн јариња ..... добро бе толку е тешко да се признај дека едноставно саф го подцени Погба и напрај грешка ? или па не е чоек ...
 
Тевез убаво му напраи со тоа плакарот RIP ферги, се испонаша како господ да е јас дур сум жив манчестер сити немало да освојат премиер, и после цвикаше како мивка не било убаво ова она за тевез се фати, ама докажи им на дечињава од јунајтед. па уште и потајно се надеваат дека погба ке си заминел да си ги излечат раните побрзо пошто можеа да го продадат и за многу пари ама ферги згреши и си одите за 0 евра а од Јуве ако си иде не верувам за испод 30м и нема даму биде на никој криво со што со тие пари марота цела средина ке склопи а не фелаини некој:pos:
 
САФ не го избрка Погба, тој сам си отиде... :icon_lol:

Не искрено, пред да премине во Јувентус, Фергусон го убедувал Погба да остане во тимот, ама овој одлучил да замине. Незнам што толку :drk: некои од Манчестеровците ако Погба побарал поголема плата. Се знае дека клубот ќе му ја даде со оглед на игрите што ги покажува во тимот. Јувентус го имаше спремено договорот и без тој да праша, ама ете медиумите се запалија за поголем тираж и поголема читаност. Кога го освоивме скудетото 2011/2012 година, тимот самоволно реши да им ги покачи платите на Маркизио и Видал, еве и оваа година за вториот повторно ќе го стори истото. Ќе потпише нов договор, ако после сака да си оди од тимот, ќе го продадеме за над 40 милиони.
Него не ми е јасно зошто САФ не го избрка тогаш Руни на клоци ако ги бркал предходно сите играчи. Овој изеде повеќе гомна од сите други играчи кои предходно го напуштиле клубот. Или пак одеднаш му омекнало срцето на стариот за шрекчето... па решил да му ја зголеми и онака високата плата :pipi::D
 
1186244_565144463523138_922196758_n.jpg
 
И Касерес се повредил. (менискусот), на репрезентативен натпревар.
 
Ништо де, Огбоња ќе игра против интер.. Значи централни бекови имаме ептен квалитетни, дури 5 .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom