Овој пат ми се свиѓаше како почнавме,второ не треба да се коментира,обично во второ сме мртви,ама прво почнавме добро и имаше едно 15 минути не изглегоа од 16-ник,они идеа на долги топки и контри,Мацари цел живот ја форсира оваа игра,затоа ништо нема освоено освен обичен куп.
Имавме мотивација и желба за разлика од другите утакмици,тоа е најбитното,физичкиот дел ќе дојде кога ќе биде време.. имаме квалитет,имаме играчи,имаме игра но најбитното е да останеме мотивирани и да ја имаме желба за победа како последните две години,другото ќе си дојде.
Имаше неколку добри комбинации меѓу Вучко и Тевез,вториов заостанува малку со уиграност али ништо страшно, самиот изјави дека волку јако никогаш не тренирал од времето на Бока,и Љоренте исто така заостанува зад другите плус кога ќе се земе дека се неуиграни нормално е да има потешкотии на почеток.. не треба да се суди сега,има доволно време да се уиграат.
Многу деконцентрација позади, само треба да се подигне концентрацијата,има време до дуелот со Лацио. Головите што ги примивме последните два дуела се по наши грешки.
Глеам хајлатцс,една пишала коментар гранде Интер,ја и враќам,освоивте скудето?
