Беше очекувана победата, но добро е што Јуве победи на ваков начин. Без многу замор на играчите и без многу физички напор си обезбедија 3 бода од овој натпревар и дури 5 гола позитивна гол разлика. Иако Пескара не е којзнае колку моќен состав за да се мери квалитетот на Јуве, сепак сите гола што ги дадоа Јуве беа ефективни, преку акции (освен последниот на Ква), а особено победа со ваква разлика после поразот претрпен од Интер минатото коло. Иако Јуве победи со толкава разлика, сепак мислам дека на овој натпревар Барзаљи изигра доста несигурно во одбраната, многу грешеше, и среќа што не беа кадарни играчите на Пескара да го казнат тоа. Им поклони неколку чисто освоени топки и тоа во близина на сопствениот 16-тник. Изгледаше како многу заморен, па мислам дека треба малце и да се одмара.
На овој натпревар, нападот најубаво изигра. Тандемот Џовинко-Кваљарела функционираше одлично, а сметам дека на следната средба со Лацио ќе започнат повторно истите, го заслужија тоа, особено Кваљарела.