Daniel.
Juventino per sempre
Тоа јас одамна го споменав и на овој форум, и лани тоа го реков кога сите го бараа назад. Џовинко никогаш нема да биде Дел Пиеро.
Никој никогаш нема да биде Дел Пиеро, да се разбереме. Дел Пиеро е еден, може ќе има и подобри, може ќе има слични на него, но никој нема да биде Дел Пиеро.
Па, не дека дава повод да се спомне во позитивен смисол. Тоа дека е далеку од Дел Пиеро, нема да се повторувам... А јас баш сакам да се развие и да остане во Јуве, но потфрли.Имам чувство дека ако се спомне Џовинко на темава во било каков случај во позитивен смисол,Ќе добиеш одговор,Далеку е он од Дел Пиеро,Не може со Капитенот да се споредува Кускуле итн итн.
Потенцијал. Овој збор можи за играч од 20-22 години да се кажи, за играч од 25 години кој сега треба да биди во врвот на кариерата, не.
Добро, да речам, талентиран. Може да биде играч, за само една година играње стално во добра форма може да го достигне врвот на кариерата.
Интересни ми се судиите со Себа, и да има некој ситен прекршок не го свират, а да е Матри или Вучко сигурно го свират.
Тоа се вика репутација. Неколку пати пробаше да одглуми пенал (и во Парма, а и овде) и сега е "означен" од судиите, и дури и кога има пенал ретко му свират. Се буни и кога треба и кога не треба. Матри често паѓа, но барем не се буни толку, додека Вучко само кога стварно има потреба приговара и има некој авторитет кај судиите.
Тоа може да се забележи во примерот на Пирло (да не го спомнувам Дел Пиеро пак.). Приметете ја разликата кога врз Пирло има мал контакт и кога има контакт врз друг играч. Пирло е сериозен играч и судиите имаат некој одреден респект кон него. Се се сведува на тоа, како се покажеш на почетокот, таков и ќе останеш.