Добро де многу се нервирам кога ќе видам навивачи да го критикуваат Конте зошто не го ставал Красиќ или Елија во игра. Тренерот најдобро си ги знае своите играчи, и знае кој колку пружа на тренинзите и натпреварите. Гледате дека Красиќ е надвор од форма, и не беше само тој, Конте не ги ставаше и Кваљарела,Елија,Естигарибија ( На почетокот на првенството) во игра. Зошто сега играат прва постава, или барем влагаат од клупа? Красиќ место да го загрее г*зот и да фати место во тимот, тој и неговиот агент даваат изјави дека во Јануари ќе го напуштел клубот

.Конте му даде шанса против Болоња не ја искористи, еден продор дали имаше.Гледам денеска на фб коментар" Што .!. Конте го става Џакерини кога за ништо не го бива". Па чекајте малце, Џакерини колку шанси створи денес, се гледа дека детето сака да биде стандарден првотимец, се труди трча... Знам дека не спасуваше во многу наврати минатата сезона,ама нема сега да го става Конте а да трпи штета тимот. Пример погледнете го Раниери ( Или Ранко како што го викаат Интерашите

), ги става Милито, Станкович во игра кои воздух неможат да земат после дваесет минути, а има деца на клупа кои 100 пати подобро би одиграле од дедовците. Конте си знае најдобро, гледате почна и Елија да добива шанси

.