Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување

images
 
Би завршил и овој добра работа

Супер играч е Гуардадо,не ми е јасно како до сега ниеден поголем тим не се заинтересира за него.. Еве една негова мајсторија:
 
Супер играч е Гуардадо,не ми е јасно како до сега ниеден поголем тим не се заинтересира за него.. Еве една негова мајсторија:

Добар играч е Гуардадо но според мене имаме многу подобри опции за лево крило.Варгас би бил одличен доколку дојде а како по офанзивни крила Пероти или Џовани би биле фантастични во Јуве.Кој и да дојде од нив би ке биде добар трансвер.
 
Од она што имав можност да го видам вчера, можам да кажам дека со овој тим нема да бидеме први фаворити за Скудетото ама сигурен сум дека ќе бидеме барем за две класи подобри од ланскиот Јувентус. Видал и Вучинич ќе бидат топ засилувања сезонава, единствено останува да се купи лево крило и партнер на Киелини во одбраната. Јас би бил задоволен и со едно засилување на овие две позиции кои ги спомнав.
 
Прашање (пошо не следев активно трансфериве): Неаме некое универзално крило шо може да игра и лево и десно? Знам дека Красиќ е апла десњак, за други не знам.
 
Ахам, не ми текна на него... Од што им е идиотска странава на Јуве (старата им беше каде каде попрегледна), чоек не може да прати кој дошол, а кој отишол :) Иначе ако се купува крило, ја би преферирал некој таков универзалец, не класично лево крило...
 
Прашање (пошо не следев активно трансфериве): Неаме некое универзално крило шо може да игра и лево и десно? Знам дека Красиќ е апла десњак, за други не знам.

Пепе игра и лево и десно.

Голмани:Буфон,Сторари,Манингер
Одбрана:Лихштајнер,Мота,Григера,Келини,Бонучи,Барзаљи,Соренсен,Циглер,Де Чеље,Гросо
Средина:Видал,Маркизио,Пирло,Пациенца,Алмирон,Екдал,Иаго,Пепе,Красич,Мартинез
Напад:Вучинич,Матри,Квајарела,Дел Пиеро,Тони,Јакинта,Амаури,Пасквато

Ни треба уште лево крило и стопер а Марота изјави дека ке донесе 2 до 3 засилувања а реално освен на овие две позиции на други позиции не ни требаат играчи.
Незнам зошто не ги продаваме Јакинта и Амаури кој нема шанса да заиграат оваа година според тоа колку напаѓачи имаме а исто така и Алмирон треба да биде продаден.Гросо и Григера како 3 та опција за бекови нека останат.Не би било лошо Екдал,Иаго и Пасквато да бидат позајмени уште оваа година...
 
Конте е тој што не сакал лево крило да биде играч што игра со лева нога. Сака играч кој игра со десната нога и ке може да влегува кон средината. Затоа Бастос веќе отпадна од конкуренција, а на пат е истато да се случи и со Варгас.

Ако гледаме низ призмата на шпекулациите што кружат на нетов и ако во последен момент не излезе ново име, Пероти и Елија се главните претенденти за тоа место.

Како централен стопер, најмногу се врти името на Алекс. Со последната изјава само се затега обрачот околу празното место до Киелини. Алекс јавно изјави дека би бил пресреќен да дојде во Јувентус. На Марота најмногу му одговараат тој тип на трансфери во кои играчот има целосна наклонетост да премине во Јувентус.
Лично, топло се надевам дека Алекс ке премине кај нас.

Околу продажбата на фудбалери ни оди потешко. Сите играчи на Секо се врзани со мрсни договори и никој не сака да замине па макар и седел на клупа цела сезона.
Екдал најверојатно ке оди во Каљари.
Алмирон во Катанија.
За Амаури, заинтересираните клубови сметаат дека бараната сума на Јуве (7 милиони ми се чини) е превисока. Според мене, Јувентус треба да го продаде Амаури па макар и земале 5 милиони.
Јакинта е повторно повреден. Овојпат 40 дена. Тешко дека ке биде продаден летово. Најверојатно тоа ке се случи зимото. Сепак најдобар начин да се разделиме од него е преку раскин на договорот.
И за Гросо важи истото. Нема заинтересирани клубови. Само раскин на договорот е решението.
 
Aх тој Секо ни ја е*ба мамицата 3 сезони со се*оњи (извинете на израз, посебно проштевај Џену грл да не ми бапне бан) како што се Амаури Јакинта и остали ...
 
Значи денес SKY во интервјуто со Алекс од Челзи преденсе дека Алекс чека понуда и би бил среќен да игра за Јувентсу и дека се слушнал со Диего и Амаури ( WTF ?).....

др SKY и Маркети известуваат дека трансферите на Марота ке се : Giacherinni,Elia, Alex
 
Значи денес SKY во интервјуто со Алекс од Челзи преденсе дека Алекс чека понуда и би бил среќен да игра за Јувентсу и дека се слушнал со Диего и Амаури ( WTF ?).....

др SKY и Маркети известуваат дека трансферите на Марота ке се : Giacherinni,Elia, Alex

Тој да не мисли дека ке игра со нив во Јуве? :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom