Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Нема пенал, има гол!

Браво.
 
Форлан стрелец за Атлетико против Реал,Марота не се заебавај и зимај го на 3 рати.
 
Ами не е финале па радување,ако ја гледавте вчера интер иста приказна , незаинтересирани онака шарлантно се играат утакмициве,што па катанија нешто со желба ли играт?
Незнам брат јас ја гледав интер и имаа далеееку поорганизирани акции.Дека не беа нешто посебно заинтересирани не беа, ама играта им беше далеку подобра од оваа нашата денес.Ето ја направи разликата сепак се надевам дека Красич ке блесне кај нас денеска...
 
тоа да ,него зборот ми беше што не беа ни они нешто посебно заинтересирани ,со голем жар не играа ни они,еве ги и јуве исти се ...
 
Да се донесе Форлан и барем еден квалитетен бек е неопходно во овој рок. Од кај ќе тражат пари незнам, но играчи мора да се купуваат. Па една Катанија ни прави пет 100% шанси :uvo:. Можда и ја претерувам веќе со критикиве ама апсолутно ништо не ми изгледа променето од претходната сезона со исклучок на Красич. Зар не гледаат дека ни требаат бекови, ај да е од сега да разберам, ама бекови немаме од кога се вративме во А. Добро почнавме како лани но еве после одморов пак иста песна. Нема жар во играта, нема борбеност, слаба кондиција, Дел Нери нема никаков авторитет над играчите и гледаме што произлегува од сето тоа.
 
Одбраната прави многу пропусти и среќа што катанија нема некој квалитетен напаѓач а и ние буфон што го имавме на гол денеска па ги тепавме 2-0 иначе против некој поквалитетен тим ке го јадевме денеска.Се надевам Тони не се повредил многу и дека ке биде спремен за следната утакмица.
 
Според последните најваи од Скај 24 можна е замена помеѓу Амаури и напаѓачот на Севиљла Луис Фабиано.
 
Која проклетија..Тони го повредил коленото...така немаме ,па и тоа шо го имаме ни се повредува..некој од Црно Сините ни има Вуду правено,гарант...
 
Одбраната ни е за никаде, ако игравме против некој појаки 100% ќе примевме 1-2 гола.

Маркисио треба да поседи на клупа 2-3 утакмици.
 
Според последните најваи од Скај 24 можна е замена помеѓу Амаури и напаѓачот на Севиљла Луис Фабиано.
Трампа Амаури за Луис Фабијано???? Чек чек, да се напијам еден дијазепам, пошо не ми се верува што читам.
 
Ќе пробам да направам мал осврт на натпреваров:

1. Мело- можеби најбитниот играч за нас во тимот покрај Красич. Кога игра он се осеќа цврстина и стабилност во играта. Одличен е во дуел 1на1, многу помага на одбраната, а за фалење е подобрувањето во неговата пас игра.

2. Маркизио- се гледа пад во неговата форма, дали е тоа заради умор или нешто друго е во прашање мора тоа да се среди. Не дека игра лошо, но далеку подруг Јуве гледаме кога тој го дава максимумот. Штета што немаме баш избор за некој квалитетно да го замени,

3. Пепе- овој човек вреди злато. Многу благодарен играч, ја користи шансата да игра за Јуве, напорно работи и не се буни доколку не е првотимец.

4. Штета што Дел Пиеро не може да биде кондицино спремен на секој натпревар, денеска покажа како се игра со срце за клубот. Изјави дека за добри резултати треба напорна работа, а токму тоа го правеше и денеска. :cuc:

5. Superman is back. Колку само се чувствува неговото присуство. Најбитен момент беше кога направи фантастична парада при крајот и му намигна на некој од одбраната во стил „седи мирен, лесна токпа беше ова“.

6. Бонучи-Келини тандемот покажуваат голема несигурност последниве 3 натпревари особено Бонучи. Не е лошо да седне еден натпревар на клупа, малку да ја чукне главата и да се уозбили.

Горе-доле тоа е тоа, баш ме интересира кого ќе донесе Марота како засилување
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom