Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде една добра ситница шо ја пропуштаме три меча немаме примено гол последните 10 минути од Каљари, Шинтер, Лече и Болоња.
Одбраната изигра одлично на овој натпревар,единствено недостигаше напаѓач кој ќе реагираше соодветно на сите шанси кои беа создадени од средниот ред,а особено во првото полувреме.

Агентот на Џеко изјави дека Џеко одлучил да се пресели во Италија,и Италија е неговиот прв избор.Изјави дека имал разговори со Марота пред 4 месеци,но очекува да види што ќе се случува наредните месеци. линк
 
Мислам дека Џеко е завршена приказна. Сигурно има некаков си преддоговор за да се донеси во Јуни.
 
Денес беше еден од оние денови кога е потребна малку среќа, но за жал ја немавме. Промашивме премнугу шанси во прво. Пеналот немаше врска, но мораше да се искористи. Јакинта во принцип не е лош за пенали, но кога Дел Пиеро не е на теренот мислам дека треба пеналите да ги изведува Аквилани или Маркизио.

Уште еднаш се покажа дека напаѓачите ни се слаба точка и тука треба да се бараат првите опции за корекција на тимот.

Како светла точка можам да издвојам дека ме радува што одбраната полека се воиугува, добиваат самодоверба, а истото резултира со 3 натпревари во Серија А без примен гол. Де Чеље пријатно ме изненадув, денеска беше МоМ. Мота е солиден напред, мора да работи на дефанзивата и особено на концентрацијата.

Средниот ред ни е ОК. Мело и Аквилани изиграа супер, Красич потфрли, а и Маркизио беше солиден. Се гледа дека му е тешко што игра на неприродна позиција, но го дава максимумот и нема што да му се забележи.

За напаѓачите ќе кажам само :kesa:

Без нервози момци. Уште на почетокот на сезоната се знаеше дека ќе има подеми и падови. Сега за сега не е толку лошо, сезоната е долга и има уште да се игра. Затоа head's up :smir: и верувајте во својот тим затоа што вистински навивач е оној кој верува во тимот кога сите други не го прават тоа!

П.С. Овој астерикс 100% е некој прикриен шинтераш. Шпиуни су меџу нама :pos2:
 
Брее како почнале играчиве пари ке се наполнат... по 2 утакмици местат у една недела.... ако браво , браво така треба ..... Абе одма се за у Ц1 лигата , сите комплет....
Еве го досадниот пак се појави да замара со неговите глупости :jaj:
 
Заборавив да спомнам дека Мартинез изигра солидно како лево напаѓачко крило што всушност е неговата природна позиција. Како крило од средниот ред или SMF е бескорисен зашто е тапа во дефанзива, но за 4-3-3 може да се искористи.

Добра беше глумата на Красич, ама видете ги пеналите досудени на натпреварите Удинезе-Палермо и Лече-Бреша :smir:
 
Таков тип на играч впрочем е и Џовинко. Добро е да се вежба таква формација, така би легнал беспрекорно. Пример замислете ваква формација

Џеко
Џовинко-------Красиќ
Маркизио-Мело-Аквилани
 
^ Супер би било така. Добро е што Дел Нери игра 4-4-2 бидејќи тоа е многу флексибилна формација и често се трансформираме така што Красич игра поофанзивно а Мело, Маркизио и Аквилани ја држат средината.

Добар е Џовинко, но најголеми проблеми му се физичките предиспозиции и константноста, особено второто.
 
Таков тип на играч впрочем е и Џовинко. Добро е да се вежба таква формација, така би легнал беспрекорно. Пример замислете ваква формација

Џеко
Џовинко-------Красиќ
Маркизио-Мело-Аквилани

И јас се надевам ваков да ни биде тимот за следната сезона , се разбира уште два асални бека и то е то :)
 
Според мене за натпреварот единствен трагичар е Јакинта,такви пенали на тренинг може да шутира а не на првенствен натпревар.И друга критика за него е тоа што многу често се заборава во офсајд.Болоња денес цел натпревар го изигра со 11 играчи на својата половина, и по пропуштениот пенал јасно беше дека тешко ќе победевме.Покрај одбраната солиден натпревар изигра и Аквилани и се надевам дека во следниот период ќе го комплетираме неговиот трансфер.
 
Болоња денеска играше со 11 играчи во одбрана.А за победа против тимови кои играат така,на Јуве му е потребен класа напаѓач,напаѓач кој знае да постигне гол и од единствената шанса на натпреварот.Одбраната и средниот ред функционираа одлично,на овој натпревар нападот не си ја изврши задачата (Амаури 2 шанси,Кваљарела 1 стопроцентна,Јакинта промаши пенал).
 
Тоа е доказ дека ние немаме класа напаѓачи, а и таа шанса што ја имаше Кваљарела мислам дека поубаво ќе беше да ја оставеше топката на Амаури кој беше во подобра позиција.
 
Ех бе будала сум. Успеав при кикс на Јуве да ја фатам 0-2 гола и кој ќе ме заебе ако не грдиот Шинтер. Така и ми треба кога играм на ливче ојлевци дојлевци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom