Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
еве вечер ќе видиме дали ќе имаме место во ЛЕ или не!
зборот ми е дека и лани во ова време вика добро, остајте ја оваа сезона летоска ќе правиме ремонт со нови играчи и нов тренер а годинава пак се зборува истото, нови играчи и тренер. кој гарантира дека нема истото да се зборува и наредната сезона :smir:

Ќе видиме според буџетот каков ќе биде ремонтот.Ако биде минимален како минатата,каде крпевме тим со позајмици и ако остане Дел Нери, и другата сезона ќе завршиме од 5 место надоле,со 2 бода појше од оваа:kesa:
Нов тренер и буџет од 100-150 милиони можат да ветат резултати,се друго ќе биде Дежаву на претходниве 2 сезони :toe:
 
Ова што го одигра Јувентус е истиот натпревар од неделата Порто-Пакос Фереира, прво полувреме водат 2-0 а можеа да дадат 5, второто грешки на одбраната на Порто ,судиите и на крај со играч помалку Фереира израмнува 3-3.Буквално истиот натпревар како да го гледав и вчера.Многу чудно и колку да сакаме да веруваме дека не е местено некако натпревариве стануваат како клише.
За Дел Нери немам повеќе зборови кажано е се, со Мота удира ѕид и гајле си нема, измена Красич-Тони 80та мин. Нека завршува оваа мачна сезона за нас и да видеме што ќе се случи за нареднава иако бомбастичниве најави мислам дека се само шпекулации а во Јувентус реално е голема криза од која тешко дека се свесни како да излезат.
 
Kaтастрофа.Кога последно бил Јувентус во ситуација да е на 6-7-8 место??? Овие сите од управа заедно со Делнери се ко мали дечиња во малски фудбал.Пари да се фрлат,не со позајмици и недоделкани играчи пред крај на кариера :uvo:
 
Лани, значи годинава е дежаву од лани!!! Разликата е во тоа што годинава ќе освоиме повеќе бодови од минатата и тоа не зошто Јувентус е подобар туку зошто другите се послаби:toe:
 
Вашите очекувања од летниот трансфер период? Јас Бастос и Бек ги чекам со раширени раце а поголеми засилувања од нив не верувам да има.Можеби ке искористиме нешто од Сампдорија да земеме доколку паднат во серија Б, или доколку некој реши да си замине од таму и да оди во некој клуб со поголеми амбиции иако не знам колку се покажавме ние со амбициозноста последните неколку години.
Браќата од бразил што ги земавме се надевам ке добиваат шанси следната година и добро би било уште некој млад играч да се земе.Од овие што се на позајмица Матри и Кваљарела и Соренсен би сакал да ги задржиме и можеби Пепе.Другото вклучувајки го и Аквилани не.А би сакал да го напуштат тимот Јакинта и Амаури обавезно.
 
Лани, значи годинава е дежаву од лани!!! Разликата е во тоа што годинава ќе освоиме повеќе бодови од минатата и тоа не зошто Јувентус е подобар туку зошто другите се послаби:toe:

не значи ако сме освоиле повеке бодови дека сме подобри т.е минатата беше 7 ми и оваа (да сочекаме ако биде 6 ти или повеке ке биде подобра од лани ако остане 7 ми нема да биде подобра т.е полоша од минатата затоа што се инвестираа дополнителни пари а нема резултати .
се спомнува чаби алонсо очигледно марота знае дека без јака средина нема резултати какви што би посакувале .
ШТО Е МНОГУ МНОГУ Е 7 МО МЕСТО Е РАМНО НА ЦУНАМИТО ВО ЈАПОНИЈА .
 
Дали ќе играме Лига Европа ако Палермо загуби во финалето на купот или тие ќе одат во ЛЕ поради тоа што стигнале до финалето?
 
Одлична вест, бар за мене.

Исто.Ако не играме лига на шампиони тогаш ни лига европа да не играме подобро.Ама колку толку пари стигаа од тоа.Сега следната година повторно од нула почнуваме.
 
Дали ќе играме Лига Европа ако Палермо загуби во финалето на купот или тие ќе одат во ЛЕ поради тоа што стигнале до финалето?

Палермо оди ЛЕ, ние ако сакаме да играме таму ќе треба да се избориме за 5-то или 6-то место. (За ЛШ не се надевам повеќе)
 
Лично јас Јуве нејќам да играат во ЛЕ...сепак тоа е ЈУВЕ најтрофејниот италијански клуб,знаеме дека местото му е во ЛШ но тоа е тешко остварување во моментов,но ако играат во ЛЕ тоа ќе биде само срам за ЈУВЕ,а доколку не играат ни во ЛШ и ЛЕ двоен срам!
 
јас не гледам ништо лошо во тоа да се игра во лигата на европа да се освое тиа трофеј е супер нешто а конкуренцијата и не е така јака .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom