Го разбирам јас дружето Киеза што сака да каже, факт е дека Јувентус е големо име во светот на фудбалот, гигант, ама моментално е само бледа сенка од оној Јувентус пред 4-5 години. Имаат добри играчи не е тоа спорно ама тимот е скроз небалансиран, пример нападот е супер на хартија, а средината е хорор, бековите исто тапа, централните дефанзивци се ок. Не е ко порано со добри играчи и замени на сите позиции, па затоа и ваквите резултатски ролекостери од типот на тоа денес го добиваат рецимо Милан а за неколку дена губат дома од Базел. Тоа е, немаат доволно квалитет за да остваруваат добри резултати во континуитет.
И сериозен сум за средината на Виљареал, многу потценети играчи се Парехо и Тригерос, особено Парехо.