Ај полека малце, да смириме доживљај...денес беше интересен ден во Торино, се десија 1467843 работи. И мене ме загрижува што го ставаат Пирло за тренер без ниту еден ден искуство, али сеуште имаат кредит кај мене Ањели и компанија, па се надевам дека ќе им се исплати овој ризик. Пирло нема да го судам уште сега, јас секогаш давам 2-3 месеца фора да видам што знаат новодојденците, така беше со фудбалерите, така правев и со Алегри, Сари и сега со Андреа.
Доброто е што ќе има 1 месец да ги истренира играчите, и да се вклопи со нив, очекувам Џиџи, Џорџо и Бонучи да стојат позади него во билокоја одлука.
@DeviAngel чуден човек си, те памтам како го кудеше за се Пирло последните 2 сезони кај нас како играч. Си имаш ти фатено на око некои луѓе и само се нервираш ( Недвед, Конте, еве сега и Пирло). Смири се, да му дадеме шанса на човекот.
Ако ништо друго барем нема да го гледаме испотениот Сари со пикавецот во уста како добива пневмонија на клупа. Сега ќе имаме господин таму...