Тутоспорт пишуваат дека продажбата на Дибала ја туркаат пред се ради балансирање на буџетот. Покрај тоа од управата му замерувале за некои потези прошлата сезона (најверојатно несогласувањата со Алегри), и сметаат дека играчот не е незаменлив.
Значи по се изгледа Дибала ќе си оди, Тотенхем и ПСЖ најверојатно... за Интер не верувам, иако постои заинтересираност кај нив.
Она што ме зачуди е што Дибала го коштал клубот
16 милиони евра годишно...

а добро знаеме дека Пауло зема негде 7.5 до 8 милиони плата годишно. Туканегде се криела цаката со image rights и неможноста Јунајтед да се договори со него и неговите агенти.