Ах со ова "тимот крои состав за напад на ЛШ".
Досега за што кроеше, за Интертото куп?
Не гледам каква врска има ова крајно нелогично враќање на Бонучи со нападот на ЛШ. Нема никаква гаранција (ниту може да има, па макар и Меси во пакет со Хазард дојдат) за нејзино освојување, а Јуве како тим се додека се раководи од идејата да склопува тимови за да ја освои истата, нема да успева во тоа. ЛШ како особено специфично натпреварување си бара многу повеќе стабилност и тактичка работа, отколко очајни потези.
Најискрено се надевам дека ништо од ова нема да се оствари, не толку поради враќањето на Бонучи, колку што поради заминувањето на Калдара. Страшно ме провоцира идејата дека управата во оваа ситуација кога просекот на штоперите ни е 30+ години размислуваат за продажба не само на Ругани, туку и на Калдара. Тоа нема апсолутно никаква логика, еве да си ја чукам главата цел ден никако нема да укопчам за што се работи. 2018 година сме, враќање на одбраната Бонучи, Барзаљи, Киелини кои имаат просек 34 години никако нема да ни помогне, кога се надополнети од исто така не толку младиот Бенатија.
Ај за Ругани некако сфатив дека не му е по ќеиф на Алегри, со години му нема дадено асална шанса иако имаше и простор и потреба од тоа, ама што се случило за толку кратко време да сакаат од Калдара да се ослободат тоа некој треба да го објасни.
Не знам дали е до управата или до Алегри кој бара искусни играчи и некако не му се ризикува и не сака да им даде шанса на младиве.На Пјаца му даде малце додека беше здрав,Ругани и сезонава ептен малце на крај и Хеведес го играше пред него.Што става сомнеж дека може и до Ругани е чим во три сезони не се наметна,ако отиде во друг тим ќе видиме кој бил во право.
Бентанкур беше првотимец за Уругвај првенствово и реално искина,а во Јуве играше премалце и главно влагаше во огин на ептен битни утакмици што беше погубно за негови 20години и со толку малце искуство во Европа.
Ако го дадат Калдара не знам кој да се обвинува дали управава која го сака Бонучи назад,Алегри кој може не верува толку во Калдара или агентов на Калдара кој може бара трансфер од Јуве пошто и да не се земе лигушон ваљда решени се од управава да идат по некој искусен дефанзивец,па не сака Калдара да заврши како Ругани.
Искрено не ја сфаќам ситуацијава,ако сакаат да земат некој искусен како Бонучи/Годин што мајка бараа да му го продолжуваат договорот на Барза кој има 37 или зошто не се ослободат од Бенатиа туку продаваат млад играч кој ако се снајде во тимот има талент да биде стопер во Јуве во следниве 10 години.
Многу не логични работи има тука и ич не ми се свиѓа размислувањево од денесза утре,а одбранава е геријатрија реално.Ерата на таа тројка заедно заврши со транферот на Бонучи во Милан,го достигнаа врвот со двете финалиња во трите сезони( и за жал не освоија заедно ЛШ) и тоа е тоа.Барза е на залез на кариера и сезонава ќе влага само од клупа,Киелини има 33 и 2 сезони има уште максимум,а го стигаат и повреди што е нормално со оглед на неговиот стил на игра.
И наместо да размилсуваат во правец полека некој од младиве да ги заменува тие го планираат Бонучи назад.Ова му доаѓа слично на минатата сезона,Де Шиљо се повреди(иако во ниеден универзум не можеше да биде замена за Алвеш),Сандро исто имаше проблеми не беше во форма и на крај стандардни првотимци беа Лихштајнер и Асамоа истите што пикот во кариерата го достигнаа пред 5 сезони,мислиш Јуве на Конте го гледаш од 2013 само овие двајца постари и бааги поспори.
За Бонучи не ми се ни троши тастатурава,нема образ човеков.Пред да се помисли на ваков трансфер треба да се земе предвид дека фановиве никад нема да му простат ќе го исвиркуваат и тоа нема да се смени со оправдувањето дека е донесен за ЛШ.Ако влијае тоа на него нема баш да биде истиот од претходно.Како што кажа некој погоре темпирана бомба е ,ако тргне нешто наопаку нема гаранција дека нема да се испокара пак со некој и во Јуни пак да побара трансфер,може и во Интер ќе се врати од кај што почна му ебам семката предавничка.