Ах со ова "тимот крои состав за напад на ЛШ".
Досега за што кроеше, за Интертото куп?
Не гледам каква врска има ова крајно нелогично враќање на Бонучи со нападот на ЛШ. Нема никаква гаранција (ниту може да има, па макар и Меси во пакет со Хазард дојдат) за нејзино освојување, а Јуве како тим се додека се раководи од идејата да склопува тимови за да ја освои истата, нема да успева во тоа. ЛШ како особено специфично натпреварување си бара многу повеќе стабилност и тактичка работа, отколко очајни потези.
Најискрено се надевам дека ништо од ова нема да се оствари, не толку поради враќањето на Бонучи, колку што поради заминувањето на Калдара. Страшно ме провоцира идејата дека управата во оваа ситуација кога просекот на штоперите ни е 30+ години размислуваат за продажба не само на Ругани, туку и на Калдара. Тоа нема апсолутно никаква логика, еве да си ја чукам главата цел ден никако нема да укопчам за што се работи. 2018 година сме, враќање на одбраната Бонучи, Барзаљи, Киелини кои имаат просек 34 години никако нема да ни помогне, кога се надополнети од исто така не толку младиот Бенатија.
Ај за Ругани некако сфатив дека не му е по ќеиф на Алегри, со години му нема дадено асална шанса иако имаше и простор и потреба од тоа, ама што се случило за толку кратко време да сакаат од Калдара да се ослободат тоа некој треба да го објасни.