Алудирав на тоа што Деви напиша дека на темава не смее пост да се напише, без некој од да реплицира правејќи се "паметен". А со постови во смисла "на кого објаснуваш, што разбираат тие" токму му ја подржуваш тезата само што тој тебе те бранеше тогаш.
Нејсе, муабетот ми е дека комплетно ја разбирам улогата на Манџукич во Јуве и не само тука, туку и во претходните клубови. Како прво мора да се забележи дека тој таа улога не ја врши ни приближно ефикасно како што тоа го правеше во Баерн пред три години. Тогаш покрај тоа што ораше по теренот, барем кога најмногу беше потребно покажа и други квалитети. Паднат е во однос на тоа време, факт е. Па го гледаше ли европското, како изигра на тие четири натпревари? Очај, жив очај. Со топката не се состави и од тие две-три шанси во кои се најде случајно ништо не искористи. Добро велиш дека треба замени и ротација, епа Манџата треба да биде таа замена во Јуве. Бидејќи користа од него е во специфични случаи, а на постојана база пак ќе треба во Дибала да се крстиме. Да не беше тој да отвори и реши 6-7 меча со индивидуални потези друга песна ќе пеевме сега. Ама сигурно го разбираш тоа, не те правам да не сфаќаш како ти другите што ги потценуваш.
Не знам Симеоне што толку го ценел кога го задржа една сезона. Еве му ја даде слободата на Гризман и гледаме што се случува. Исто и Јуве, не бара управата играч од втор ред, туку гледаш Марота вели дека мора топ напаѓач да се доведе. Тоа значи дека ако се оствари барем таа трансфер цел, не се смета за прв тим повеќе хрватот. И да за парите комплетно се согласувам, ама и покрај тоа што Јуве нема пари како тие екипи, не значи дека ги нема истите потреби

Сакам да кажам дека, океј немаме пари ќе играме со тоа што го имаме. Ама да не се правиме наудрени дека Игуаин е слаб и не ни треба тој или таков стил на напаѓач.