Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не играме пријателски натпревари деновиве или покасно ?
 
Конте има голем дел од заслугата за сите играчи,не само за овие кои ги наброја, и нормално е да има, кога им е тренер. Како и во секој клуб, така и во Јуве. Тренерот е да го извлекува максимумот од играчите, впрочем тоа му е и работа на тренер ако сака да биде успешен. Сигурно Марота не ги зел Пирло, Барзаљи и набројаните шах и домино да играат, туку видел дека има потенцијал да експлодираат во Јувентус, и во заемна соработка со тренерот, донесоа одлука за нивен ангажман.

Клубот не е само тренерот. Клубот е како синџир со повеќе алки (Играчи, Претседател, Управа, Тренер, помошници на тренерот,тренер на младински погон итн). Ако една од овие алки се скини и не одговара, синџирот ти е неупотреблив и при поголем притисок ќе се распадни на парчиња.

Џабе ти се Мело и Диего, кога го имаш десен бек Молинаро, стартер во одбраната Легротаље , десно незаменливите Марко Мота и Зденко, да не ги набројувам сите талент до талент. Со овие играчи Капело,Липи и Трапатони заедно на клупа да беа немаше 2-ро место во Италија да освојат, ако е до тренерот.

Ако е само до тренерот едно прашање. Зошто Конте го избркаа/даде оставка, од Аталанта, и полиција го ваѓаше од разбеснетите навивачи на Аталанта, па другиот ден си поднесе оставка?! Зошто е јак тренер, или зошто толку им беше дометот на играчите на Аталанта?! Арецо исто.. Затоа викам, клубот е алка. Ништо не ти значи ако имаш јак тренер а немаш играчи за напредок и слаба управа, џабе е. Или ако имаш силен тим и јака управа, а слаб тренер. Трите работи си се надоврзуваат една со друга за да се добија комбинација која носи успех и титули.

Одвај го чекам наредниот ангажман на Конте, дали би бил во Репрезентација или во клуб.
А демек Џак, Ести и Де Чеље беа подобри играчи од Молинаро, па затоа изиграа подобро? :)
Не, туку Конте знаеше како да ги искористи и направи солидни играчи од нив.

Не е дека тимовите на Закерони и Дел Нери имаа којзнае колку послаб тим од тој на Конте, туку едноставно, Конте беше подобар тренер од нив. :)

Инаку, ме интересира што мислиш за трансферот на Мората. Пред некое време имавме една дискусија за Итурбе и Верона, и за тоа како Јуве не смее да дозволи никој да ги уценува, според тебе.

Не ти изгледа ова со Мората на такво нешто?
Мене ова ми е класично држење за муда. Плативме солидна сума за млад играч, и сега ако испадне flop, ние и понатаму ќе си го плаќаме, а он ќе си остане во Јуве, а ако експлодира, Реал фино лепо ќе си искешира 30 милиони(што е многу малку во денешни услови) за млад, талентиран и веќе развиен играч во голем клуб како Јуве.

Ако ова не е показател за концепцијата на Ањели дека сака пари да си прави од клубот, незнам што е.[DOUBLEPOST=1405856176][/DOUBLEPOST]
Еве неколку мои гледања за сегашнава ситуација во јувентус...


Во последните неколку години управата на јуве правеше одлична работа. И со трансфер политика и со цел технички став и со финансиите. правеа одлични трансфери скоро и да немаше утнато трансфер. Во италија си газеа немаше кој да им се приближии фалеше утште малку за во европа. Но овој период малку ко да потрфрлија. Најголем удар е заминувањето на Конте. Ние до утре може да си погодуваме зашто си заминал. Но ако е стварно по желба на Конте ондак управата неможеше и ништо да прави во врска со тоа. Со сила да го чува неможе. Е сега пошо веројатно знаеле подолго време дека конте ќе си оди имаа време да најдат подобро решение од Алегри. Сега моментално навистина и нема подобра опциа ама ипак пак ќе кажам ако знаеле од порано ( верувам дека знаеле конте сигурно нема така на цедило да ги остави) можеа и мораа да работат на план за подобро решение ама што е тука е. Алегри не е лош тренер ама па и не е тренер за големи клубови. За ЛШ да освои нема шанси според мене. Може грешам. Друго лошо што направија е трансфер политиката ја заебаа. Не очекував играчи кои не се потребни во други клубови вие да ги собирате. Мората и Евра. Не сваќајте погрешно не се лоши играчи далеку од тоа ама не се тие за европски успех она кон кое се стреми јуве. Мората беше резерва во Р.Мадрид а дадовте 20 милиони ...бар уште 10тина ќе додадевте ќе го земевте санчез ама што е тука е. Се на се до сега нема ниту еден потез направено за тимот да иде напред во европа. Има уште време од летово рано е . и има време да се подобрат. А што се однесува до конте очекувам да стане тренер на првиот голем клуб што ќе го избркаат тренерот...кој ќе биде ќе видиме. Ама се си мислам следна дестинација ќе му е клуб во Англија. Се разбира доколку не го стават на италија..
Јуве не се стреми кон европски успех. Тоа се покажа со отпуштањето на Конте. Тие се разликите во амбициите кои што толку се споменуваат во медиумите.

Конте сакаше европски Јуве и сакаше играчи за тоа, што подразбира и средства. Ањели не беше спремен да му ги даде тие средства.

Евра е краткорочно решение за лев бек, која што беше дефицитарна позиција веќе три сезони, па за да не даваат пари за бек, го најдоа Евра.

Мората е очигледно за правење пари, прочитај го тоа што го пишав за него пред ова кога му реплицирав на кикомц.
 
Последно уредено:
@TheWhiteMamba Мората е земен на 3 рати по 6 милиони така да ако Реал го врати за 36М слледното лето ќе имаме чист ќар од 30М. Така да Марота добра ја искористил желбата на Реал да има клауза за враќање.
 
@TheWhiteMamba Мората е земен на 3 рати по 6 милиони така да ако Реал го врати за 36М слледното лето ќе имаме чист ќар од 30М. Така да Марота добра ја искористил желбата на Реал да има клауза за враќање.
Па да, тоа е муабетот, дека дечкото се користи чисто за финасиска корист, не за долгорочен играч.

Замисли сеа стварно експлодира, даде 30 гола, главен напаѓач и наредно лето го земаат за 30 милиони Реал? И на што личи тоа? На сериозен клуб што се надоградува и планира долгорочно?

Што ќе земат со тие 30 милиони во овој денешен маркет?

Ако веќе сакаа да има таква клаузула, требало да ја стават на 50-60. Ако стварно се распуца, Реал сигурно нема да се мислат два пати, не е тоа ништо за нив, плус нивно дете е.

А не вака, 20 милиони плаќаме, за 30 ни го земаат. 10 милиони профит. :facepalm:
 
18 милиони профит ќе имаме.:)
И 18 да се, и 20 и 30. Што сме ние? Порто? Арсенал? Играчи ли ќе препродаваме за профит?
Место да ги задржуваме вредните играчи во клубот ние треба да ги продаваме за некој милион повеќе?
 
Па да, тоа е муабетот, дека дечкото се користи чисто за финасиска корист, не за долгорочен играч.

Замисли сеа стварно експлодира, даде 30 гола, главен напаѓач и наредно лето го земаат за 30 милиони Реал? И на што личи тоа? На сериозен клуб што се надоградува и планира долгорочно?

Што ќе земат со тие 30 милиони во овој денешен маркет?

Ако веќе сакаа да има таква клаузула, требало да ја стават на 50-60. Ако стварно се распуца, Реал сигурно нема да се мислат два пати, не е тоа ништо за нив, плус нивно дете е.

А не вака, 20 милиони плаќаме, за 30 ни го земаат. 10 милиони профит. :facepalm:
Ама АКО распуца...и тоа АКО е со голем прашалник....замисли да има ист ефект ко Џиовинко? ондак ќе сте во загуба..али рано е да се види...ако сакате профит да извадите ондак мора да игра прв тим цела сезона што значи дека ќе има некоја жртва од сегашните играчиили па Алегри планира 4-3-3 да игра мада чисто сумњам он си игра 4-2-3-1 или 4-3-2-1 па и затоа бара класична 10ка...
 
Абе не играме пријателски натпревари деновиве или покасно ?
30 Јули, против некој локален тим од Чезена
Aug. 6, против Indonesia
Aug. 10 A-League All Stars
Aug. 16 LionsXII & S-League Internationals
Aug. 23 Милан - TIM Trophy
Aug. 23 Сасуло - TIM Trophy
 
Последно уредено од модератор:
И 18 да се, и 20 и 30. Што сме ние? Порто? Арсенал? Играчи ли ќе препродаваме за профит?
Место да ги задржуваме вредните играчи во клубот ние треба да ги продаваме за некој милион повеќе?
Па што ?
Мората не е единствениот напаѓач на планетава.
Ако Реал го откупат на крај на сезона ќе бидеме ќар плус ќе имаме "заменик" за него, пошо тука се Заза, Берарди, Боаки, Габиадини, онај од младинцине мароканецон и уште милион други.;)
 
Иначе Мората првите две сезони загарантирано е кај нас, никој не смее да „ни го земе“.
 
Па што ?
Мората не е единствениот напаѓач на планетава.
Ако Реал го откупат на крај на сезона ќе бидеме ќар плус ќе имаме "заменик" за него, пошо тука се Заза, Берарди, Боаки, Габиадини, онај од младинцине мароканецон и уште милион други.;)
Да де, ќе си ги вратиме сите како 29 годишни таленти, Џовинко стајл ;)
 
Сите имаат помалце од 23 години.
Е супер, теши се со тоа. Играчи по другиве лиги добиваат шанса на 17-18 години, веќе до 23 имаат по 200 настапи за гиганти. Во Италија до 23 години уште се влечкаат по Новара, Чезена, Емполи и слични.

Затоа Италија е убедливо најстара лига и затоа репрезентацијата неможе да оствари континуиран успех на 2-3 првенства по ред.
 
Последно уредено:
Треба сега да земат еден креативец кој ќе игра позади напаѓачите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom