Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
А како, побогу, ќе се оцени каков талент е, ако не му се даде шанса?
На Погба од ѕвездите ли му е предодредено уште пред раѓање дека ќе игра у Јувентус у дека ќе биде талент бр. 1 во Европа?

Немам намера да ти докажувам, идеш со глава у ѕид, имаш бројки, факти и играчи црно на бело.

1. Ти наброја Кастиел еден куп играчи, најдобрите светски играчи уште на 20 години играле стандарден фудбал.
2. Кои играчи ги има Јувентус извадено од своја школа последнава деценија? Маркисио? Еден у 10 години. Види ги Барса и Баерн.
3. Италија е една од најстарите лиги.
4. Репрезентацијата страда поради тоа, што се докажа и на последното светско

И не измислувам топла вода ако кажам дека катастрофално се менаџираат младите играчи во Италија, не само во Јуве, тоа е општо познато.

Дали ти мислиш дека Погба не шутнал топка пред да дојде да игра прва постава во Јувентус ?
Дали мислиш дека играчите од небо паѓаат во кој било тим ?
Тие играат од мали нозе, поминати се низ сито и решето, дали ако Јувенус наиде на таков играч ќе го пушти да игра во мал клуб и ќе го шета на позајмици само заради тоа што му може ?

Иначе тој што ги наброја играчите, пола од нив се од Арсенал а другите пола уште од 2-3 тима од цела Европа, тоа не е доволно да докажеш нешто.
 
Интер се уште полоши во тоа поле...Ранокија го платија 18 милиони и е тотален фејл во Интер и го толерираат дека е Италјанец..Интер иако има една од најдобрите школи во Европа каде и во 2012 станаа европски прваци сепак успеаа сите играчи да ги рашткаат по никакви тимој и на ниту еден да не му дадат шанса а му даваа на старци како Роки и антиталенти како Кузманович и Скелото..вака од страна кога ќе гледа чоек ќе помисли дека управата на Интер се тотални ретардоси..друго објаснување немам..

Милан вака така колку што знам му даваа многу повеќе шанса на помладите играчи како Шарави,Де Шиљо,Меркел,Кристанте итаканатаму но ете голем дел не ги бива и тука нема што да му се замери..но многу на пример ме нервира тоа што наместо да му дадат шанса на Италјнските играчи Јувентус го купува Мората(WTF), истото важи и за Интер,Милан,Рома итаканатаму....затоа после репрезентацијата ќе е слаба
па фала курцу дека ќе е послаба треба да им се даде шанса на младите играчи
 
Дали ти мислиш дека Погба не шутнал топка пред да дојде да игра прва постава во Јувентус ?
Дали мислиш дека играчите од небо паѓаат во кој било тим ?
Тие играат од мали нозе, поминати се низ сито и решето, дали ако Јувенус наиде на таков играч ќе го пушти да игра во мал клуб и ќе го шета на позајмици само заради тоа што му може ?

Иначе тој што ги наброја играчите, пола од нив се од Арсенал а другите пола уште од 2-3 тима од цела Европа, тоа не е доволно да докажеш нешто.

Како не е доволно ? тие што ги набројав све беа од големи клубови како што викаш...Од Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Баерн, дортмунд....за мали клубови да не бројам пошо милијарда млади таленти извадиле...башка од кај знаеш дека не наишле на таков играч кога никогаш не му е дадено шанса...

Ај кажи ми во што е МОРАТА подобар од Берарди или па Бокаје? зашто да лупнеш 20 милиони на играч место да им даде шанса на вакви играчи ? Берарди растури прошла сезона во Сасуоло...Додека пак Бокаје има огромен талент и доколку му се даде шанса ќе стане играчиште...ама проблемот е што не им се дава воопшто шанса...тоа е проблемот.... Не викаме дека на сите треба им се даде шанса и дека од секој млад играч ќе испадне ѕвезда ама пак треба да им дава им се дава шанси...Ете примери ќе ти зеам од Милан...Дармиан е дете на милан и капитен на младинци беше....На светското беше меѓу најдобрите од тимот..и сега пошо не му беше дадена шанса на време во милан неможат да си го врата...Или пак Интер десниот бек што го дадоа во Леверкузен @Џони Вајсмилер Донати ли беше детето? се мачат со Џони на десен бек а такво златно дете имаа и сега тешко можат да си го вратат а и да си го вратат ќе треба скапо да платат пошто одличен беше во леверкузен. А и јуве има иста мака..ете нема да го земе сега берарди да си го врати а за сезона две ќе му бараат 10тина милиончиња пошо не мислилеле на време да го вратат поради предност што дале на резерва на реал мадрид ...исто и со бокаје...Исти пример и со Соренсен бек еден што имаа ...го играа едно време и го дадоа...што он демек полош ќе беше од Пелусо или па Касерес? или па од обогна? не само што не му дадоа поголема шанса...и затоа ќе си тоне италијанскиот фудбал...Еве милан почна колку толку да дава шанси му дадоа на Де Шиљо шанса... се надевам на кристанте исто ќе му биде дадена шанса...на Мастур за некоја сезона дефинитивно ќе му дадат шанса...колку толку ова е нешто...ако продужат вака јез да овој период нема да видат титула но со правилна работа за 4-5 сезони можат да си напраат тим кој ќе се бори за титули и да немаат галје 10тина сезони за повеќе трансфери...само што тешко да напраат тоа и тоа најмногу нервира кај нив....кај сите италијани....
 
Дали ти мислиш дека Погба не шутнал топка пред да дојде да игра прва постава во Јувентус ?
Дали мислиш дека играчите од небо паѓаат во кој било тим ?
Тие играат од мали нозе, поминати се низ сито и решето, дали ако Јувенус наиде на таков играч ќе го пушти да игра во мал клуб и ќе го шета на позајмици само заради тоа што му може ?

Иначе тој што ги наброја играчите, пола од нив се од Арсенал а другите пола уште од 2-3 тима од цела Европа, тоа не е доволно да докажеш нешто.
Види го, вика не било доволно. :facepalm:

Ти наброја еден куп од Баерн, за школата за Барса да не збориме, доволно е сега?

Незнам што пробуваш да постигнеш со ова, гледаш дека коментираат и фановите на Милан и Интер покрај нас, фановите на Јуве, сите се согласуваат дека не им се дава шанса воопшто на младите играчи во Италија, ти упорно тераш.

Пак ќе ти кажам, имаш бројки и факти кои што се непоборни.
Зошто Јувентус нема извадено цела деценија играч од своја школа, освен Маркисио, иако ги има сите предуслови за тоа?
Зошто Италија ја има една од најстарите лиги во Европа?
Зошто репрезентацијата никако неможе да се опраи и да даде еден континуитет на големите натпреварувања?

Еве ти ги како прашања сега, чим толку си убеден у твоите тврдења.
 
значи по оваа логика и Пирло е предавник за Милан? :D
Па вие како си го сфаќате тоа ваша работа.. Јас конкретно зборам за мене како би осеќал кон Конте
 
Монако понудил 22 милиони евра за Берарди, Јуве одби да го продај.

Nedved: 'Juve keep Vidal and Pogba'

Pavel Nedved assures Juventus “want to keep Arturo Vidal and Paul Pogba,” but sided with Luis Suarez over Giorgio Chiellini.

The former player is now a member of the Board of Directors and spoke toDenik Sport in the Czech Republic.

“Anyone who thinks Antonio Conte resigned due to the transfer strategy is wrong. Our plan is clear: we want to keep all our best players, including Vidal and Pogba.

“We don’t want to sell anyone, especially not Vidal. Of course, if a particularly high offer arrived then we’d have to think about it, but we don’t want to sell our champions.

Cagliari: 'Juve and Lazio on Astori'

Ogbonna to cut Candreva price

Nedved: 'Only Allegri or Mancini'[DOUBLEPOST=1405889657][/DOUBLEPOST]
Интер се уште полоши во тоа поле...Ранокија го платија 18 милиони и е тотален фејл во Интер и го толерираат дека е Италјанец..Интер иако има една од најдобрите школи во Европа каде и во 2012 станаа европски прваци сепак успеаа сите играчи да ги рашткаат по никакви тимој и на ниту еден да не му дадат шанса а му даваа на старци како Роки и антиталенти како Кузманович и Скелото..вака од страна кога ќе гледа чоек ќе помисли дека управата на Интер се тотални ретардоси..друго објаснување немам..

Милан вака така колку што знам му даваа многу повеќе шанса на помладите играчи како Шарави,Де Шиљо,Меркел,Кристанте итаканатаму но ете голем дел не ги бива и тука нема што да му се замери..но многу на пример ме нервира тоа што наместо да му дадат шанса на Италјнските играчи Јувентус го купува Мората(WTF), истото важи и за Интер,Милан,Рома итаканатаму....затоа после репрезентацијата ќе е слаба
Да де да младинци како Доменико Морфео, Џовинко, Роки ( од Торино, кој беше новиот роналдо), Чиро Имобиле ( се кладам дека во Дортмунд ко изгубено пиле ќе е ), Рафаеле Паладино, Ночерино. Ајде ти се молам тие шо беа доволно добри ете ги уште се во Јуве ( Маркизио) во Милан ( Де Шиљо) итн. Младинците се преценети, паѓат под притисок едноставно е то, Џовинко во Парма алфа и омега беше. Кој има талент се пробива и тое то. Зато купват и имат преку 1000 младинци во сите категории и од нив годишно 2-3 фудбалери излегват а на 5 години 1 е класа. Дајте не се заебавајте будали се да фрлат пари на странски таленти кога имат домашни и шанса поќе в џеб да пикнат газдите.

Берарди ќе го видиме ова година лани 9 гола од пенали кладе.
 
Последно уредено:
А демек Џак, Ести и Де Чеље беа подобри играчи од Молинаро, па затоа изиграа подобро? :)
Не, туку Конте знаеше како да ги искористи и направи солидни играчи од нив.

Не е дека тимовите на Закерони и Дел Нери имаа којзнае колку послаб тим од тој на Конте, туку едноставно, Конте беше подобар тренер од нив. :)
Де Чеље и за време на Конте беше она што беше претходно, дрво со повремени блесоци. И кај Конте имаше вакви играчи, но беа дупло помалку од тие претходно. Јас не реков дека и Конте нема влијание, само пишав дека со лимитиран состав, и тројцата што ги набројав да бидат тренери со таков состав нема да имаат поголем успех од некое си 2-3 место.


Инаку, ме интересира што мислиш за трансферот на Мората. Пред некое време имавме една дискусија за Итурбе и Верона, и за тоа како Јуве не смее да дозволи никој да ги уценува, според тебе.

Не ти изгледа ова со Мората на такво нешто?
Мене ова ми е класично држење за муда. Плативме солидна сума за млад играч, и сега ако испадне flop, ние и понатаму ќе си го плаќаме, а он ќе си остане во Јуве, а ако експлодира, Реал фино лепо ќе си искешира 30 милиони(што е многу малку во денешни услови) за млад, талентиран и веќе развиен играч во голем клуб како Јуве.
Ако ова не е показател за концепцијата на Ањели дека сака пари да си прави од клубот, незнам што е
Јас пишав погоре. Трансферот на Мората и сите тие клаузули што ги вметнаа во неговиот договор, искрено ми е сумлива целата работа:cautious:. Договорена беше таа работа со Мората пред оставката на Конте, и мое мислење е дека за да не откажат веќе постигнат договор, затоа мислам дека го зедоа Мората. Инаку, немаше толку да платат. Зошто не загризаа повеќе за Итурбе?! Зошто немаше договор. А Јуве не е Интер со случајот со Гуарин така да, мораше да го реализира трансферот.

Како што рече Марота, ова е најкомплицираниот договор кој што го има видено во животот и дека ќе му треба цел реферат да го објасни. Исто така има клаузула од повеќето, каде вика дека ако друг клуб сака да го купи играчот ќе може да го стори тоа за 100 милиони, од кои 70 одат за Јуве, 30 за Реал. Реал сака да си се заштити од тоа да се доведе во ситуација, за свој играч да плаќа тридупла цена, така да понудија ваква опција, нашиве прифатија.

А, околу Мората. Играчот заедно со Алексис Санчез, се споменуваше за прва желба на Конте. А кога зборуваш за уцена, мислам дека тука нема никаква уцена.Реал си кажаа, преговараме за Марота, ама само со buyback клаузула. Тоа од самиот почеток го пишуваше по портали и весници, и тука нема ништо спорно. Од Реал рекле дека не сакаат да го изгубат Мората. Тоа не беше тајна. Уцена е ако Реал постават ултиматуми, прифатете веднаш или играчот го даваме на друго место.

Јуве не се стреми кон европски успех. Тоа се покажа со отпуштањето на Конте. Тие се разликите во амбициите кои што толку се споменуваат во медиумите.

Конте сакаше европски Јуве и сакаше играчи за тоа, што подразбира и средства. Ањели не беше спремен да му ги даде тие средства.

Евра е краткорочно решение за лев бек, која што беше дефицитарна позиција веќе три сезони, па за да не даваат пари за бек, го најдоа Евра.

Мората е очигледно за правење пари, прочитај го тоа што го пишав за него пред ова кога му реплицирав на кикомц.
На ова ќе ти го копирам дел од колумната на Зоран Мишевски, кој со најубави зборови го објаснува ова за кое пишуваш:

Зоран Мишевски: Јуве мора да продолжи да победува во Италија, да го подига нивото на приходи и потоа да го нападне европскиот врв. Бидејќи едногодишен блесок како Борусија Дортмунд или Атлетико Мадрид не е целта на Јуве. Тие сакаат постојано да се во големата четворка, петка на тимови. И да не треперат дека некој богат шеик ќе им ги купи најголемите звезди. И понекогаш и тие да потрошат една вреќа пари, зошто не секогаш можат да добијат бинго, како Погба од Манчестер за 0 евра. А денес вреди 60,70 милиони. Само Ањели во овој Јуве е незаменлив, и не само заради презимето. Сите останати, па и најдобриот - Антонио Конте можат да се заменат. Кој знае дали баш со Макс Алегри?...

Сега знам веднаш ќе напишиш ФИАТ, Елкан милијардери итн. Но, и Морати е тежок милионер, позади него веднаш Тронкети Провера, па тогаш зошто го продаде клубот?! Тохир ете исто, зошто не вложува пари а за него 30 милиони се како за нас 300 денари? Берлускони со 1/29038-мина од своето богатство може да направи тим од Милан за покорување на Италија. Побарај во биографијата на Џањи Ањели, и ќе видиш една изјава која ја има дадено од оние неговите легендарни за Јуве каде вика, „Само Јуве е вечен, сите сме смртници. Утре можеби Ањели ќе ги нема, ама Јуве мора да постои“
 
Последно уредено:
Да де да младинци како Доменико Морфео, Џовинко, Роки ( од Торино, кој беше новиот роналдо), Чиро Имобиле ( се кладам дека во Дортмунд ко изгубено пиле ќе е ), Рафаеле Паладино, Ночерино. Ајде ти се молам тие шо беа доволно добри ете ги уште се во Јуве ( Маркизио) во Милан ( Де Шиљо) итн. Младинците се преценети, паѓат под притисок едноставно е то, Џовинко во Парма алфа и омега беше. Кој има талент се пробива и тое то. Зато купват и имат преку 1000 младинци во сите категории и од нив годишно 2-3 фудбалери излегват а на 5 години 1 е класа. Дајте не се заебавајте будали се да фрлат пари на странски таленти кога имат домашни и шанса поќе в џеб да пикнат газдите.

Берарди ќе го видиме ова година лани 9 гола од пенали кладе.

Во право си дека ги преценуваат младинците во своите клубови. Ќе изиграат нешто со врсниците во примавера, потоа мала шанса со постари ќе покажат нешто и веднаш кревање во облаци. Веднаш менаџерите се ангажираат околу маркетингот, почнува да се зборува за играчот, навивачите во еуфораија, на крај повеќе е маркетинг отколку талент. И не само со децата од школата на клубот, еве на пример и оној Нианг. Не е неспособен (иако е идиот), има некој талент, но се крена преголема еуфорија околу него. Затоа и Алегри се трудеше да го спушти на земја, на крај мораше да изјави дека Нианг не е шампион. Фудбалер од 18 години, ќе претрча некого, ќе издрибла, ќе даде гол и крај, веднаш споредби еве го новиот Роналдо, новиот Роналдињо...

Ако се уште и од Бразил или Холандија, па таму и добиваат повеќе простор во нивните слаби први лиги, автоматски вредат преку 20 милиони (а најчесто многу повеќе).

Но, има и нешто друго, што навистина оди на штета на младите. Не мора сите да се вонсериски таленти, но има солидни таленти кои треба да се избрусат. Е тука се прави грешка. Вашиот нов тренер пред некоја недела имаше една колумна во која кажа паметна работа. Кога ќе се повреди некој фудбалер, тогаш шанса не добива некој млад играч кој тренира и чека шанса, туку веднаш во јануари се бара некое експресно решение (како кај нас Есиен... не само Милан, исто и со другите поголеми клубови, после повреда веднаш трчаат по Бориело, Лоди и што ти знам). Тука грешат раководствата на клубовите, што одат на некакво сигурно решение. Знаат дека таков тип на играчи нема да растураат, но знаат и што ќе добијат, за разлика од некој Х млад фудбалер кој за нив е енигма. А тренерот не смее да се побуни, затоа што ако инсистира на младинец, а работите тргнат во лош правец на крај тој ќе го јаде стапот.

Проблем е што и тие млади фудбалери треба да добијат простор, значи да отидат некаде на позајмица (кога ќе се случи тоа, во сите фан клубови се плука по раководството... но што друго да направат луѓето кои го водат клубот?), а тој клуб што ќе ги прими не сака да ги гости за џабе. Па тие намерно не ги пуштаат да играат, за следната сезона да успеат за мали пари да земат 50% (после некоја сезона можеби и 100%) и на крај да заработат од него. А тоа е на штета на фудбалерот.

И на крај доаѓат фановите и сопствениците на клубовите. И едните и другите сакаат младинци и успеси, но не се спремни да чекаат на резултати, сакаат веднаш титули или барем излез во Европа. А професионалниот фудбал, сепак не е игра за деца, туку за повозрасни фудбалери, со што повторно децата се тргнати на страна.

Доста комплицириани се овие работи. Посебно во Италија, каде нема пари, а сите сакаат успеси.
 
[DOUBLEPOST=1405889657][/DOUBLEPOST]
Да де да младинци како Доменико Морфео, Џовинко, Роки ( од Торино, кој беше новиот роналдо), Чиро Имобиле ( се кладам дека во Дортмунд ко изгубено пиле ќе е ), Рафаеле Паладино, Ночерино. Ајде ти се молам тие шо беа доволно добри ете ги уште се во Јуве ( Маркизио) во Милан ( Де Шиљо) итн. Младинците се преценети, паѓат под притисок едноставно е то, Џовинко во Парма алфа и омега беше. Кој има талент се пробива и тое то. Зато купват и имат преку 1000 младинци во сите категории и од нив годишно 2-3 фудбалери излегват а на 5 години 1 е класа. Дајте не се заебавајте будали се да фрлат пари на странски таленти кога имат домашни и шанса поќе в џеб да пикнат газдите.

Берарди ќе го видиме ова година лани 9 гола од пенали кладе.

Тоа шо велиш дека се преценети е релативна работа..во Италија системот на тренирање на децата на самите почетоци од фудбалските кариери го градат поинаку за разлика од другите држави..тука повеќе се базира на тимскиот фудбал односно и самиот знајш дека во Италија се игра многу тимски и фудбалот не се базира на индивидуалци..затоа Италјанците се одлични во дефанзивниот ред(офсајд стапици),вадат добри офанзивни/крилни бекој и добри голмани ..е сега ретко се годи да се најдат таленти како Верати,Џакерини,Џиовинко итн...кој ќе успее,кој нема да успее зависи и од самиот играч како се развивал...

Но не вервам дека се преценети..сепак нема смисла екипи како Милан и Јувентус да му даваат шанса на смешни играчи од странство кои ги платија по 8-10 милиони а да не му даваат шанса на помладите играчи...играчот треба да го изградиш односно со повеќе играње да стекни искуство и утре други ден да биди клучен дел од тимот..неможи туку така фрли го во оган па очекувај да игра нинџа....Баерн Минхен односно Ван Гал ги изгради како играчи Милер и Алаба и тие не станаа играчишта преку ден туку играа на секој небитен натпревар и му веруваше, исто така и Бадштубер на секој 2 натпревар го играше но ете за него не бидна поради повредите..

Е сега вие сакате да ми кажите дека Милер,Алаба,Бадштубер,Крос се многу поталентирани од Италјанските играчи како Џиовинко,Паладино,Џакерини,Лонго и не знам кој уште?..не бе туку знаат да работат со млади Германците и Шпанците и знаат да го искористат талентот на играчите за разлика во Италија каде фудбалот е многу паднат...во Англија на пример колку и да работат со младите џабе му е,тие ионака се неписмени и неталентирани
 
Денес веројатно ќе се одржат последните преговори за трансфер на Переира, после овие разговори ако се помине во најдобар ред, се очекува играчот да пристигне во Торино утре или најкасно задутре на медицински прегледи. Деновиве не бил повикан во тимот за пријателските наптревари , па така веројатно скоро и да е готова работата со него :coffee:.
Евра се очекува да пристигне негде на 31 месецов, заедно со Погба
 
Последно уредено:
Како не е доволно ? тие што ги набројав све беа од големи клубови како што викаш...Од Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Баерн, дортмунд....за мали клубови да не бројам пошо милијарда млади таленти извадиле...башка од кај знаеш дека не наишле на таков играч кога никогаш не му е дадено шанса...
Види го, вика не било доволно. :facepalm:
Како тоа домашните играчи и таленти во Италија не добиваат шанса ?
Дали вие знаете дека од топ 4 лиги Италија е втора со најмалце странци во лигата, помалку има само во Шпанија ?
 
Како тоа домашните играчи и таленти во Италија не добиваат шанса ?
Дали вие знаете дека од топ 4 лиги Италија е втора со најмалце странци во лигата, помалку има само во Шпанија ?
значи па се инатиш...не ти зборам шанса што им даваат болоња катаниа џенова и компанија...ај наброј ми 6 млади играчи што прошла сезона добија шанса во Милан, Интер и јуве?
 
значи па се инатиш...не ти зборам шанса што им даваат болоња катаниа џенова и компанија...ај наброј ми 6 млади играчи што прошла сезона добија шанса во Милан, Интер и јуве?
Што подразбираш ти под "шанса" ?
Јас мислам дека тренингот со прв тим ти е шанса:)
 
Де Чеље и за време на Конте беше она што беше претходно, дрво со повремени блесоци. И кај Конте имаше вакви играчи, но беа дупло помалку од тие претходно. Јас не реков дека и Конте нема влијание, само пишав дека со лимитиран состав, и тројцата што ги набројав да бидат тренери со таков состав нема да имаат поголем успех од некое си 2-3 место.


Јас пишав погоре. Трансферот на Мората и сите тие клаузули што ги вметнаа во неговиот договор, искрено ми е сумлива целата работа:cautious:. Договорена беше таа работа со Мората пред оставката на Конте, и мое мислење е дека за да не откажат веќе постигнат договор, затоа мислам дека го зедоа Мората. Инаку, немаше толку да платат. Зошто не загризаа повеќе за Итурбе?! Зошто немаше договор. А Јуве не е Интер со случајот со Гуарин така да, мораше да го реализира трансферот.

Како што рече Марота, ова е најкомплицираниот договор кој што го има видено во животот и дека ќе му треба цел реферат да го објасни. Исто така има клаузула од повеќето, каде вика дека ако друг клуб сака да го купи играчот ќе може да го стори тоа за 100 милиони, од кои 70 одат за Јуве, 30 за Реал. Реал сака да си се заштити од тоа да се доведе во ситуација, за свој играч да плаќа тридупла цена, така да понудија ваква опција, нашиве прифатија.

А, околу Мората. Играчот заедно со Алексис Санчез, се споменуваше за прва желба на Конте. А кога зборуваш за уцена, мислам дека тука нема никаква уцена.Реал си кажаа, преговараме за Марота, ама само со buyback клаузула. Тоа од самиот почеток го пишуваше по портали и весници, и тука нема ништо спорно. Од Реал рекле дека не сакаат да го изгубат Мората. Тоа не беше тајна. Уцена е ако Реал постават ултиматуми, прифатете веднаш или играчот го даваме на друго место.

На ова ќе ти го копирам дел од колумната на Зоран Мишевски, кој со најубави зборови го објаснува ова за кое пишуваш:



Сега знам веднаш ќе напишиш ФИАТ, Елкан милијардери итн. Но, и Морати е тежок милионер, позади него веднаш Тронкети Провера, па тогаш зошто го продаде клубот?! Тохир ете исто, зошто не вложува пари а за него 30 милиони се како за нас 300 денари? Берлускони со 1/29038-мина од своето богатство може да направи тим од Милан за покорување на Италија. Побарај во биографијата на Џањи Ањели, и ќе видиш една изјава која ја има дадено од оние неговите легендарни за Јуве каде вика, „Само Јуве е вечен, сите сме смртници. Утре можеби Ањели ќе ги нема, ама Јуве мора да постои“

Конте упропасти неколку играчи како Де Чеље се држеше стрикно на неколку негови миленици а некој беа константно резерви. На пример сметам дека Матри/Џовинко итн ги упропасти кога дојдоа Тевез и Лоренте али заборави дека првото скудето даваа голови на секое дерби и после не добиваа шанса дури ни на послаби утамици толку од кариерата и ред други играчи да не ги редам.Сега незнам дали ќе останеме со четворица напагачи иако можеше да се задржи Имобиле наместо да се носи некој шпанец Мората ако носат уште некој ќе се оди на поофанзивна формација.
За Итурбе колку треба да загризаат 25 милиона минимум за непроверен тален е голем ризик уште од старт не бев за тој трансфер во тој случај каде ќе оди Маркизио кој не заслужува да биде на клупа да игра некој Итурбе доселеник (Фелипе Мело втори дел)а така Видал ќе си идеше 100 посто.
 
Последно уредено:
Што подразбираш ти под "шанса" ?
Јас мислам дека тренингот со прв тим ти е шанса:)
на 10 натпревари сезонава да добие шанса да игра...а не да тренира само со тимот...значи не мора да игра цел натпревар али по 60-70 минути...како што прават во баерн, јунајтед, Арсенал, Дормунд....а и тренингот не е исто ко со натпревар сосема е разлино...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom