ОК, ај полека, па да видиме што се глупости, а што не се.

Прочитај ги мојот и твојот пост и ќе видиш дека нема некоја голема разлика.
Всушност има само две.
1) Видал и Погба - Јас мислам дека Јуве ќе ги продаде ова или следното лето... Еден сигурно. Тоа е претпоставка. Кој бил во прав може да се види дури во септември 2015 година. Нема туку ништо неверојатно или глупо.
2) Јас не велам дека Јуве троши многу пари, дека троши како европските клубови. Туку дека на пазарот на Италија троши повеќе од другите, кога се работи за играчи од италијанско првенство или за играчи од други лиги, доколку имате италијанска конкуренција. Затоа и пишав дека Наполи и Рома трошат, но ретко, скоро никогаш не одат тие и Јуве по ист фудбалер од странство!
Што е нејасно и катастрофално погрешно до тука?
На пример оној Огбона (што бидна со овој, изгледа не се разви во фудбалер каков што се очекуваше?) од Торино или кога збориме за странство Тевез. И двајцата ги добивте пред Милан затоа што бевте спремни да дадете (веднаш) пари. Тоа се мали пари во споредба со европските клубови, но Галијани и толку немаше на располагање. Има и други примери кога Јуве трошел во италијанско, а друг не можел да даде толку... Како за Асамоа и Исла.
Околу фудбалерите кои ги губите поради конкуренцијата од Европа, се сложуваме целосно, не знам кај виде проблем во мојот пост. Јас и напишав дека не е проблем што тие не сакаат да дојдат кај вас. Еве Мората е свеж пример. Тој уште денес ќе дојде во Јуве, доколку се договорат двата клуба. Но, до Реал стигаат поголеми понуди од други клубови (ако има вистина во тоа што се пишува по медиумите) и овие чекаат да видат што ќе биде најдобро за нив.
И кај виде дека ми е чудно што Јуве не купува мнгогу од странство? Само констатирав.
А тоа дали имаат, а не сакаат да дадат, не е мој проблем. Јас пишувам тоа што го гледам, не сум сметководител на Јуве, ниту ги знам нивните финасиски планови за во иднина.
И нема потреба да одговараш така курчевито. Смири се, нема да пропадне Јуве поради некое си мое мислење... па и да се работи и за ’тропање глупсти’...