Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Не е будала од коњ на магаре да иде :D

Ај, може ќе се премисли па ќе се деси трампата.
 
Ештон да го наречеш цицач треба да си... ај да не кажам :icon_mrgr:. Цицачи беа Јакинта и Амаури, гнасите што до последно го цицаа клубот, а двајцата беа со по 4 милиони плата... Ештон и неговиот 1 милион годишно е мачкина кашлица за овие двајца. Замислете тие двајца да заминеа кога клубот ќе посакаше... ќе имавме сега пари да купиме едно добро засилување. Ештон барем не се бунеше кога замина, несакаше да биде терет на тимот.... Колку е важен за Џенова покажа на неговиот прв натпревар во новиот клуб, кога мерачки ги плесна Интер.
Како и да е , тој се враќа на лето, така да уште долго ќе го гледаме во црно-белиот дрес :drk:

________________________________________________________________________________________

На денешен ден, пред 11 години почина еден од највлијателните луѓе во Италија. Човекот кој што цела Италија му симнуваше капа, човекот што сите го знаеа како "Адвокатот", човекот што Берлускони и Морати како претседатели на клубови (и како персони лично), не можат да му се фатат на малото прсте. Човекот кој живееше за Јувентус, и кој ја поседуваше ФИАТ компанијата. Неговата големина не познаваше граници... Ферари во 2003 година го создаде моделот Ferrari F2003 GA во чест на Џани...неморам да ви кажувам, веќе ги препознавате крајните иницијали на болидот. Човекот кој беше еден од најелегантните облечени луѓе во Италија, така што модниот креатор Нино Черути истакна дека беше еден од најдобро облечените луѓе во светот, и призна дека токму Ањели му бил инспирација за неговите дела... Секако, Џани не би бил Џани ако не го носеше својот рачен часовник, над кошулата, неговиот заштитен знак. Многумина во Италија веруваат дека ако тој беше жив денес , земјата многу полесно би ја препродила кризата. Човекот кој што на своите наследници им остави аманет, никогаш да не го продадат Јувентус, за било која цена.... многу нормално, клубот му беше неговиот живот, мелем на рана. Се верува дека во најтешките моменти од неговиот живот, Јувентус му била единствената светлина низ тунелот. Уживал додека го гледал, и водел клубот. Џани беше бунтовниот син на Едуардо Ањели, основачот на ФИАТ, и никој не веруваше дека токму синот ќе го надмине таткото во своите дела. Можеби Едуардо го основал ФИАТ, но Џани се погрижи компанијата да стане бренд во Европа и Светот.

Господин човек!!!:cuc:

Џани со неговиот заштитен знак... часовникот врз кошулата
gianni-agnelli-2.jpg



Сликата што ја имав постирано пред неколку страни... Ањели и Фичоата во позадина
gianni-agnelli-03.jpg



Јебо Факиќ :cool: (1979 година)
St-Moritz-1979-Gianni-Agnelli.jpg



Јебо Факиќ Part 2
gianni-agnelli-3.jpg

Kлубот ви го мразам од дното на душата,ама на оваа легенда и модна икона едноставно и се восхитувам.Цела биографија ја имам читано,тоа со часовникот кога го прашале зошто така го носел преку кошула,им рекол дека немал време да го поткрене ракавот :vozbud:.Едноставно ЛЕГЕНДА!!!
 
Kлубот ви го мразам од дното на душата,ама на оваа легенда и модна икона едноставно и се восхитувам.Цела биографија ја имам читано,тоа со часовникот кога го прашале зошто така го носел преку кошула,им рекол дека немал време да го поткрене ракавот :vozbud:.Едноставно ЛЕГЕНДА!!!
И еден интересен податок кој го обелодени долгогодишниот Претседател на клубот и легенда Бониперти.

Џани Ањели, каде и да бил, на било кој дел од земјината топка, што и да правел, секое утро во 6 сатот му телефонирал на Бониперти за да го праша како одат работите во неговиот Јувентус и се интересирал детално за целодневниот ангажман на играчи,тренери итн. Бониперти изјави дека не ни морало да бара начини за разбудување, Ањели секогаш бил точен, 6:00 веќе звонел телефонот :).

Сите негови блиски пријатели и личности кои имале директен контакт со него изјавуваат дека најголемата пасија и нешто што најмногу му значело било Јувентус.

Нека почива во мир!

I feel emotional every time I see the letter J in a newspaper headline. I immediatley think of Juventus! - G.Agnelli
 
Читам нешто демек Тотенхем биле блиску до потпис со Берарди... Ќе фрлат 15 милиони за него.Нели треба и со нас да разговараат за овој трансвер? :unsure:
Истотака сме го сакале Ромуло од Верона, демек многу добри партии покажувал сезонава за тимот...:facepalm:
 
Читам нешто демек Тотенхем биле блиску до потпис со Берарди... Ќе фрлат 15 милиони за него.Нели треба и со нас да разговараат за овој трансвер? :unsure:
Истотака сме го сакале Ромуло од Верона, демек многу добри партии покажувал сезонава за тимот...:facepalm:


15 само за половината на Сасуоло ама не верувам дека Марота ќе им дозволи да го земат. Ќе му даде 2-3 младинци + кеш и готова работа, исто како за нашата половина што ја зедовме со Мароне.
 
E Juve facci un gol...sotto la curva nord...se segni per gli ultrà...il comunale esplodera <3 Огбона на суспендираниот Киелини, Маркисио е во предност пред Пирло за вечерашниот натпревар

Буфон
Барзагли Бонучи Огбона
Лихштаинер Видал Маркисио Погба Асамоа
Љоренте Тевез
ова е составот што се најавува за вечер​
 
E Juve facci un gol...sotto la curva nord...se segni per gli ultrà...il comunale esplodera <3 Огбона на суспендираниот Киелини, Маркисио е во предност пред Пирло за вечерашниот натпревар

Буфон
Барзагли Бонучи Огбона
Лихштаинер Видал Маркисио Погба Асамоа
Љоренте Тевез
ова е составот што се најавува за вечер​


Се ми се чини дека подобро би било Касерес да игра место Огбона, ама.... :)
 
Армеро го нема на клупа денес кај Наполи, можи да е поврзано со нас ова?
 
Армеро го нема на клупа денес кај Наполи, можи да е поврзано со нас ова?

Кога му истекува договорот на овој?

Иначе според Кориере Гуарин сакал да оди само во Јуве,а досега Јуве испрати најдобра понуда со трампата.. другите нудат околу 10 мил. евра,пред неколку недели Челзи нудеше 18 мил. сега ни 12 не нудат.

Не знам како се надеваат од Интер дека сега ќе го добијат Вучко после ова и тоа без никаква трампа,само позајмица кога Марота кажа дека позајмица не доаѓа во предвид.
 
Тевез и Видал мора да бидат внимателни со Лацијаливе. Ако добијат жолти картони го пропуштаат Интер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom