Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ај сега јавно кажи... ако Мота е едниот цицач, легач и штеточина.... кој е тогаш другиот ? :coffee:
Донекаде Ештон (колку ли само голови прими Јуве каде што е директен виновник). Иако, морам да признаам дека Де Чељево има повеќе квалитет и потенцијал во себе и не е толку ограничен фудбалер колку Мота, сепак требаше уште поодамна да си ја побара среќата во друг клуб, ќе си беше стандарден во тимче како Џенова, па зошто да не и во Лацио и Фиорентина. Вака џабе си фрли годините, наместо да игра постојано, дреми резерва. Дете на Јуве итн, ама сепак мислам дека не е кадарен за во Јуве, исто како и Џовинко. Сите кредити ги потрошија во Јуве и нема што да бараат, можам да кажам дека тие добиле далеку повеќе шанси од некои што биле исто така надежни играчи кои ги шетаат по позајмици, а реално не добиле шанса да заиграат за првиот тим, макар и на некој небитни натпревари од купот, или решени натпревари да влезат после 70та минута. (Фаусто Роси,Имобиле,Ливиеро,Белтраме итн).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
изгледа го заборави генијалецот што е рамо до рамо со богот Ливаја..Бошко Јанкович :D
:)Мота и Ештон ќе немаат шанса да изиграат покрај една таква величина, бидејќи сега мислам дека игра во Верона или така нешто. (Портанова е тука да дели воспитни за одбранава:))
 
Ештон да го наречеш цицач треба да си... ај да не кажам :icon_mrgr:. Цицачи беа Јакинта и Амаури, гнасите што до последно го цицаа клубот, а двајцата беа со по 4 милиони плата... Ештон и неговиот 1 милион годишно е мачкина кашлица за овие двајца. Замислете тие двајца да заминеа кога клубот ќе посакаше... ќе имавме сега пари да купиме едно добро засилување. Ештон барем не се бунеше кога замина, несакаше да биде терет на тимот.... Колку е важен за Џенова покажа на неговиот прв натпревар во новиот клуб, кога мерачки ги плесна Интер.
Како и да е , тој се враќа на лето, така да уште долго ќе го гледаме во црно-белиот дрес :drk:

________________________________________________________________________________________

На денешен ден, пред 11 години почина еден од највлијателните луѓе во Италија. Човекот кој што цела Италија му симнуваше капа, човекот што сите го знаеа како "Адвокатот", човекот што Берлускони и Морати како претседатели на клубови (и како персони лично), не можат да му се фатат на малото прсте. Човекот кој живееше за Јувентус, и кој ја поседуваше ФИАТ компанијата. Неговата големина не познаваше граници... Ферари во 2003 година го создаде моделот Ferrari F2003 GA во чест на Џани...неморам да ви кажувам, веќе ги препознавате крајните иницијали на болидот. Човекот кој беше еден од најелегантните облечени луѓе во Италија, така што модниот креатор Нино Черути истакна дека беше еден од најдобро облечените луѓе во светот, и призна дека токму Ањели му бил инспирација за неговите дела... Секако, Џани не би бил Џани ако не го носеше својот рачен часовник, над кошулата, неговиот заштитен знак. Многумина во Италија веруваат дека ако тој беше жив денес , земјата многу полесно би ја препродила кризата. Човекот кој што на своите наследници им остави аманет, никогаш да не го продадат Јувентус, за било која цена.... многу нормално, клубот му беше неговиот живот, мелем на рана. Се верува дека во најтешките моменти од неговиот живот, Јувентус му била единствената светлина низ тунелот. Уживал додека го гледал, и водел клубот. Џани беше бунтовниот син на Едуардо Ањели, основачот на ФИАТ, и никој не веруваше дека токму синот ќе го надмине таткото во своите дела. Можеби Едуардо го основал ФИАТ, но Џани се погрижи компанијата да стане бренд во Европа и Светот.

Господин човек!!!:cuc:

Џани со неговиот заштитен знак... часовникот врз кошулата
gianni-agnelli-2.jpg



Сликата што ја имав постирано пред неколку страни... Ањели и Фичоата во позадина
gianni-agnelli-03.jpg



Јебо Факиќ :cool: (1979 година)
St-Moritz-1979-Gianni-Agnelli.jpg



Јебо Факиќ Part 2
gianni-agnelli-3.jpg
 
Ештон да го наречеш цицач треба да си... ај да не кажам :icon_mrgr:. Цицачи беа Јакинта и Амаури, гнасите што до последно го цицаа клубот, а двајцата беа со по 4 милиони плата... Ештон и неговиот 1 милион годишно е мачкина кашлица за овие двајца. Замислете тие двајца да заминеа кога клубот ќе посакаше... ќе имавме сега пари да купиме едно добро засилување. Ештон барем не се бунеше кога замина, несакаше да биде терет на тимот.... Колку е важен за Џенова покажа на неговиот прв натпревар во новиот клуб, кога мерачки ги плесна Интер.
Убаво си напишав, е сега да правам список на играчи во Јуве кој е во листата на цицачи, кој во листата на штеточини и во листата на легачи посебно ќе ми треба баѓи време:) Можеби и погрешно ги интерпретирав,ама јас ги мислев набројувањата одвоено.

Јуве официјално се спаси од уште еден цицач,легач и штеточина.

Далеку од тоа дека Де Чеље го сметам за цицач и легач, ама за штеточина и те како го сметам. Знам дека игра со срце за клубот, дека од мал е во Јуве, но реално, не е за во тим со амбиции како Јуве. Премногу киксови, премногу голови примени за кои бил директен и главен виновник. Имав надеж кога дојде Конте, дека ќе го изделка, ама кога Конте не успеа да направи играч од него, подобро нека игра стандардно во Џенова, отколку да грее клупа и да зафаќа место во Јуве. Таа е реалноста.

Галатасарај е најновиот клуб кој се поврзува со Мирко.
 
Се ми се чини дека Мирко нема да ја напушти Италија...
 
Се ми се чини дека Мирко нема да ја напушти Италија...

Бате самиот тој кажа дека ради семејството не сака да ја напушти италија. Семејството му е во Лече ... така да ..
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 14:57 ---
Се ми се чини дека Мирко нема да ја напушти Италија...

Бате самиот тој кажа дека ради семејството не сака да ја напушти италија. Семејството му е во Лече ... така да ..
 
ти го видов на ФБ ќе ти коментирав хххх на итар пејо поќе ми личи бе хахаха

Можда не личи толку на изглед, ама стилот и лежарењето е тој, ''мирко ориџинале'' :cool:
 
posle Pirlo, i Bufon se razvedva. Me fakja strav samo da ne se odrazi na nivnite igri, posto ene vo kupot Pirlo katastrofa, ic ne mu se igrase. dva pasoj tocni nemase a gjomiti klaen da bidi nositel na kombiniran tim. Ne vikam deka bas to e pricinata, ama koj da gi znaj :cenzura:
 
Јуве го договориле Армеро со Наполи. Во Јуве да дојде на позајмица Армеро, а во обратната насока да замини Пелусо. Трансферот наводно го блокирал Пелусо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom